Контакт

Естрада

‘Smells Like Teen Spirit' најдобра песна на сите времиња

Објавено пред

Британскиот музички магазин The New Musical Express (NME) ја прогласи песната „Smells Like Teen Spirit“ на групата Nirvana за најдобра песна на сите времиња.

Песната „Smells Like Teen Spirit“ меѓу последните песни направени за дебитантскиот албум „Nevermind“ кој беше издаден на 23-ти септември 1991 година. Кога беше објавена, оваа нумера којашто од музичкиот критичар на списанието NME беше оценета како извонредна и „удар врз системот“, веднаш се искачи на седмото место од британските музички листи.

Но на пејачот и гитарист на овој составот, Курт Кобејн, песната набрзо му здодеа. „Сфаќам дека тоа е добра песна од комерцијален аспект, но за мојот вкус е премногу измазнета“, изјави Кобејн во 1993 година.

На листата од 500 најдобри песни на сите времиња, објавени во изданието на NМЕ од оваа седмица, по „Smells Like Teen Spirit“ следува „Love Will Tear Us Apart“ на Joy Division, „I Feel Love“ на Дона Самер, „How Soon Is Now?“ на The Smiths и „Last Nite“ на The Strokes.

Листата ја правеле поранешни и сегашни новинари на магазинот NME, а секој требало да го даде својот список од 50 песни. Листите потоа се комбинирани со листите Топ 50 на NME низ годините за да се формира конечниот список од 500 песни.

Истиот британски музички неделник во октомври 2013 година ја објави листата на најдобрите албуми на сите времиња на којашто првото место го зазема албумот „The Queen Is Dead“ на The Smiths./крај/мф/сн

Естрада

Над половина милион прегледи за македонските претставници на Детскиот евросонг

Објавено пред

Со развиорени македонски знамиња Green Forces од „Дајте музика“ на социјалните мрежи им се заблагодари на сите фанови за поддршката што ја добиваат.

Веќе со над 600.000 прегледи од објавувањето на видеото, како и со високи позиции на трендинг-листите, македонската делегација периодов интензивно се подготвува за настапот на Детскиот евросонг во Париз.

Минатиот викенд Green Forces се сретна со албанската претставничка на Детскиот евросонг, популарната Ана Ѓебреа. Таа во студиото на Македонската телевизија пееше на македонски за спас на планетата Земја, а „Дајте музика“ одговори на албански: „Ќе бидеме покрај тебе!“

Песната на албанската претставничка Ана Ѓебреа ја третира темата за врсничко насилство, со наслов Stand by You (н.з. „Ќе бидам покрај тебе“). Во најновото видео објавено на социјалните мрежи децата од „Дајте музика“ му се заблагодарија на организаторот на Детскиот евросонг 2021 за можноста за здружување на гласовите против четирите најгорливи теми што ја засегаат токму оваа генерација: врсничкото насилство, загадувањето, климатските промени и глобалното затоплување воопшто.

Неодамна Green Forces од „Дајте музика“ постави прашање до својата публика: „Што направивте за нашата планета денеска?“ Се надеваме на одговори набргу!

Музиката за Green Forces ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеоспотот е на „Вертиго вижуалс“, а во продукција на „Рифенштал“. Детскиот евросонг ќе се одржи на 19 декември 2021 во Париз, Франција.

Овој линк ќе ве одведе до песната со која нашите претставници ќе настапат на  Детскиот евросонг.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) „Сега или никогаш” нов сингл на бендот Fiction

Објавено пред

„Сега или никогаш” е најновиот сингл на бендот Fiction. Песната, која бендот ја издаде со видеозапис, е инспирирана од New Wave и synth-pop звукот на 80тите години на 20 век, од артисти како Depeche Mode, Duran Duran, Tears for Fears и The Police. Истата е продолжение на приказната која бендот ја започна со својот претходен сингл „Дали знае”.

Автор на музиката и текстот е гитаристот на бендот, Виктор Захариев, кој стои и зад аудиопродукцијата, додека зад аранжманот се потпишува целиот бенд. Видеото е дело на режисерот Јован Саркањац, сработено во соработка со Сара Панковска и Мило Горгиевска. Миксот и мастерот се дело на Виктор Георгиевски, додека за графичкиот дизајн се погрижи Катерина Даниловска.

Fiction е рок бенд од Скопје составен од: Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара и вокал, Филип Андонов – бас гитара и Теодор Теодосиев.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) Мис ја загуби титулата поради тверкање на „Тик-ток“

Објавено пред

На мисот на Папуа Нова Гвинеја, Луси Мајно, ѝ беше одземена круната откако на „Тик-ток“ сподели видео на кое се гледа како тверка.

Критичарите велат дека инцидентот со тверкањето (еден вид танц) ја покажува длабоко вкоренетата култура на омраза кон жените во земјата.

Луси Мајно (25), која била и капитен на женскиот фудбалски тим на Папуа Нова Гвинеја, се соочила со лавина реакции откако на „Тик-ток“ споделила видео на кое се гледа како тверка, објави британскиот дневен весник „Гардијан“.

Иако ваквите содржини се чести на оваа апликација, оние што ја поддржуваат санкцијата по објавеното видео, кое сега е избришано, велат дека тоа не е соодветен пример за другите.

„По објавувањето на снимката, Луси Мајно беше ослободена од должноста мис на Папуа Нова Гвинеја“, наведе Комитетот за избор на мис на пацифичките острови Папуа Нова Гвинеја (MPIP PNG).

„Нашата главна цел е зајакнување на улогата на жените, ние сме уникатна платформа што ги промовира културното наследство, традиционалните вредности и споделувањето преку туризмот“, се вели во соопштението на Комитетот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Лажен оџа и негови соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија28 минути

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е времено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија52 минути

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа1 час

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија2 часа

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет2 часа

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет3 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за бројни...

Свет4 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет4 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ16 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион17 часа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет17 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион18 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија18 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет22 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија22 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија1 ден

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија1 ден

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион1 ден

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија1 ден

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Досие