Контакт

Естрада

Леонардо ДиКаприо собра 25 млн долари за спас на планетата

Објавено пред

Американскиот актер Леонардо ДиКаприо во среда организираше добротворна вечер во Сен Тропе на која собра повеќе од 25 милиони долари за неговата фондација посветена на заштитата на животната средина.

Според соопштението на фондацијата објавено во четврток, ДиКаприо ја отоворил добротворната вечер со предупредување дека „од времето на диносаурусите, растителните и животинските видови никогаш не исчезнувале со толкава брзина и во толкав број како сега“.

 

Актерот ја отворил вечерата со понуда на неговиот Harley Davidson со потписи на режисерот Мартин Скорсезе и актерот Роберт Де Ниро.

 

Пејачот Боно од U2 на продажба ја понуди неговата гитара за милион долари.

 

Скулптура на Демиен Хирст била продадена за над шест милиони долари, а слика на Пикасо за милион евра.

 

На вечерата присуствувале 500 гости меѓу кои актери, пејачи и други луѓе од шоу бизносот, а за влез во вечерата морале да издвојат суми од 7.500 до 130.000 долари.крај/мф/сд

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Таблоид тврди дека принцот Хари доживеал нервен слом

Објавено пред

Повеќе странски медиуми ја пренесоа веста дека принцот Хари доживеал нервен слом и бил однесен во психијатриска клиника.

Како што пишува магазинот „Глоуб“, состојбата на Хари се влошувала во текот на изминатите години, особено откако тој минал 10 години служејќи во армијата.

Според пишувањата на таблоидот, „капката што ја прелила чашата“ била разделбата од кралското семејство односно тешкиот чекор на кој се одлучил за да ја заштити својата сопруга Меган Маркл од британската јавност и медиумите кои не се особено наклонети кон неа.

Тој во еден момент призна дека не сака неговата сопруга да мине низ она што и се случило на неговата мајка.

„Принцот и Меган се расправаа за тоа како би изгледал нивниот живот во САД кога ќе заврши карантинот, што го доведе до точка на пукање. Тој заврши во локалната клиника за ментални болести. Слушнав дека има синдром на пострауматски стрес, предизвикан од смртта на неговата мајка, а сегашната состојба и траумата поради разделбата од кралското семејство само ја влошила ситуацијата“, изјавил неименуван извор за таблоидот „Глоуб“.

 

Прикажи повеќе...

Естрада

Заштитните маски на Ким Кардашјан распродадени за рекордно време

Објавено пред

Реалната ѕвезда Ким Кардашјан почна линија на заштитни маски за лице, кои, како што пренесуваат медиумите, се распродале во рекордно време.

Маските се дизајнирани да може да се носат во текот на целиот ден и се наменети за повеќекратна употреба.

Станува збор за заштитни маски кои се проѕирни и растегливи, пренесе Си-ен-ен.

Кардашјан на својот профил на „Твитер“ објави дека колекцијата била распродадена за неколку часа по лансирањето на новиот производ.

„Работиме со партнер во Лос Анџелес за да произведеме нови што е можно побргу“, соопшти Кардашјан додека во САД во сила се заштитни мерки поради пандемијата на кронавирусот.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) „Суперхикс“ во домашни услови сними спот за песна посветена на карантинот

Објавено пред

Карантинот не ги обесхрабри челеновите на „Суперхикс“, туку напротив, ги мотивираше во домашни услови да настане нивната нова песна „СКАрантин“.

Се работи за бунтовна, игрива и ексцентрична, песна во која ќе се пронајде секој екстроверт, но и интроверт.

„СКАрантин, сите сме во СКАрантин“, велат Суперхикс во стиховите проследени со веселата ска-музика, препознатлива за нив.

Во видеоспотот се појавуваат и фанови на бендот кои се забавуваат во нивните домови, со заштитни маски, играат, пеат, свират и покажуваат како го поминуваат своето време во карантин.

„Спотот е изработен во домашно-карантински услови со помош на нашите фанови коишто ни испратија видеа како танцуваат и се забавуваат на нашиот нов сингл. Многу сме горди и среќни што песната беше прифатена позитивно од нивна страна и ни покажаа уште еднаш дека вреди да твориме и во тешки и во убави времиња“, велат членовите на „Суперхикс“.

Карантинската аудио обработка е дело на Ненад Трифуновски – Трипе, а карантинската видеообработка ја направи Гоце Лалковски.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија3 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ4 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион5 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија5 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион5 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија10 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија10 часа

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија10 часа

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија10 часа

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија11 час

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија11 час

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион22 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет24 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион1 ден

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија1 ден

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија1 ден

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија1 ден

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија1 ден

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија1 ден

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Досие