Контакт

Естрада

FBI ја истражува кражбата на разголени фотографии на холивудските ѕвезди

Објавено пред

Американското Федерално биро за истраги (FBI) отвори истрага за случај на хакирање и објавување десетици интимни разголени фотографи, вклучително и експлицитни, на дваесетина славни личности од светот на шоубизнисот, холивудски ѕвезди и спортисти.

dobivaj vesti na viber

Поголемиот дел од нарушувањата на приватноста во САД се под надлежност на локалните полиции. Меѓутоа, кога станува збор за кибернетики криминал, во САД тој потпаѓа под „федерално злосторство“, како и дела од организираниот криминал, трговија со дроги, тероризмот, корупцијата во органи на власта и др., и нив го истражуваат федералните органи, во прв ред FBI.

Како што пишува Associated Press, непознат хакер украл и објавил на интернет интимни фотографии на славни личности, на анонимниот форум 4chan.org, и според сознанијата на агенцијата станува збор за повеќе од 100 личности.

„FBI е запознаено со извештаите за компјутерски напади и нелегалното објавување на материјални кои им припаѓаат на познати личности“, се вели во соопштението на Бирото што го цитира агенцијата. Во извештајот не се прецизира какви чекори конкретно се преземаат за да се утврди на кој начин се украдени интимните фотографии.

Портпаролката на Apple, Нет Керис, изјави дека компанијата приватноста на своите корисници ја сфаќа многу сериозно и дека активно истражува што се случило. Случајот го истражува и компанијата Apple, од чиј сервис за чување податоци iCloud, како што се претпоставува, се украдени повеќето фотографии коишто потоа се објавени фотографиите. Истражителите сé уште не открија кој провалил во системот, ги украл и ги објавил интимните фотографии на славните личности. Од Apple соопштија дека се обидуваат да откријат на кој начин се украдени материјалите.

Претходно FBI веќе се занимаваше со истрагата околу кражбата на експлицитни фотографии на ѕвезди, како што се актерката Скарлет Јохансон, пејачката Кристина Агилера и спортскиот телевизиски коментатор Енди Еднрјус.

Џенифер Лоренс, добитничката на Оскари за „Во добри и во зло“ и ѕвезда на филмот „Игри на гладта“, е во контакт со властите. „Тоа претставува флагрантно кршење на приватноста. Властите ќе ги го гонат сите коишто ќе ги објават украдените фотографии на Џенифер Лоренс“, изјави за Reuters портпаролката на актерката, Лиз Махони.

Манекенката Кејт Аптон, исто така, е една од жртвите, и најави дека ќе ги искористи сите правни можности за гонење на оние кои ги копираат и продолжуваат да ги објавуваат нејзините интимни фотографии.

Актерката Мери Елизабет Винстед на Twitter потврди дека станува збор за автентични но одамна избришани фотографии. „Ги снимив со сопругот одамна, во приватноста на својот дом. Некој морал добро да ’копа’ за да дојде до нив и можам само да замислам колку лигавост било потребно за тоа. Се надевам дека добро се чувствувате во својата кожа“, порача актерката.

Скандалот со жртвите на хакирањето го тресе светот на славните веќе два дена, а засега е познато дека се погодени стотина лица, меѓу кои и пејачките Селена Гомес, Аврил Лавињ и Риана, актерката и пејачка Ариана Гранде, актерката Кирстен Данст, . Некои од оштетените тврдат дека станува збор за лажни фотографии./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Потресна исповед на најдобрата ракометарка на сите времиња: Толку ме тепаше, што го молев да ме убие

Објавено пред

Кога на љубителите на ракометот ќе им го спомнете името на најдобрата ракометарка во светот, Светлана Китиќ Магиќ, сите помислуваат на 2015 година кога Цеца ја освои таа награда, но факт е дека нејзиниот живот, како и кај сите нас, е медал со две страни.

dobivaj vesti na viber

– Ова признание ми значи многу. Тоа не е важно само за мене, туку и за цела држава, Белград и нашиот женски ракомет. Оваа награда ја посветувам на моите родители и деца, бидејќи тие ми дадоа најголема поддршка – изјави Китиќ Магиќ на доделувањето на наградата за најдобра ракометарка на светот досега, а никој тогаш не се ни сомневаше дека се соочува со сериозни семејни проблеми.

Најпочитуваната светска ракометарка на сите времиња ја откри својата тешка животна приказна откривајќи ги мрачните моменти од нејзиниот насилнички брак. Зад нејзините спортски успеси се крие болно минато, каде што често наместо на теренот беше во Брза помош, соочена со насилство од поранешниот сопруг, кој потоа исчезна од нејзиниот живот, но остави длабока трага.

Траумите од бракот не беа единствениот извор на стрес во нејзиниот живот, бидејќи Цеца Китиќ беше клучна фигура во Ракометниот клуб „Раднички“ и ја извршуваше функцијата директор. Последиците од стресот не ја заобиколија нејзината физичка здравствена состојба, а таа доби проблеми со тироидната жлезда и ѝ беше дијагностициран Хашимото синдром.

Оваа храбра жена не молчеше. Своето искуство отворено и без самосожалување го сподели, велејќи дека сè им должи на децата – ќерките Александра, Марина и синот Никола, кои биле клучен фактор за заздравување на траумите и надминување на предизвиците што и ги поставил животот.

-Молчев бидејќи се срамев да го пријавам таткото на моето дете. Ова траеше додека не дојде до тој степен што повеќе бев почесто во Брза помош отколку на спортски терен. Потоа отидов во полиција и раскажав се – изјави еднаш Цеца Китиќ во својата исповед за Глорија.

Со оглед на тоа дека се мажела четири пати, многу отворено објаснила кој сопруг бил нејзиниот насилник и како ѝ го уништил животот.

– Зборувам за Горан Богуновиќ, третиот сопруг. Тој е татко на Марина. Неколку месеци откако се разведовме, тој исчезна без трага. Жалам што не ставив крај на таа траума порано. Ме претепа од ведро небо, поради алкохол. Пиеше многу, и беше страшно љубоморен.

Како што истакна таа, единствената добра работа, ако воопшто може да се каже, е што децата не присуствувале на овие сцени.

– Никола тогаш не живееше со мене, беше со татко му, мојот втор сопруг, а Мара имаше околу три години. За среќа, малку се сеќава на тоа, го напика длабоко во себе. И ние не зборуваме за тоа. Мојата животна филозофија е дека ги простувам сите грди работи што ми се случиле, но не ги заборавам.

Без размислување заклучила:

– Секако дека траумите останаа. На пример, кога слушам некој како се расправа или гласно зборува, секогаш барам од таа личност да го намали гласот. Односно, ако само почувствувам дека ќе има гужва, целосно се вознемирувам. Нашите постари велат: „Еднаш ќе ти стави раце, пак ќе направи“, а мајка ми тоа ми го кажуваше, но јас не ја послушав. Мислев дека ќе помине, ќе се смени, па да пробаме пак за доброто на детето, срамота е. А што се однесува до стравот да не се повтори, по некое време му признав на следниот партнер каков проблем имам со бившиот сопруг и го предупредив да не случајно го крева гласот, а камоли да крене рака на мене, бидејќи Не знам што би можел да направам. Како и да е, никогаш повеќе не ми се случи такво нешто.

Поради стресот и сето она низ кое поминала, добила проблем со тироидната жлезда.

– Со години знам дека имам проблеми со тироидната жлезда, но не знам кога точно почнаа. На еден натпревар, кога бев тренер на Раднички, се онесвестив. Беше исклучително тежок натпревар, бев многу нервозен. А и пред тоа забележав дека за време на дискусии или кога сум возбуден го губам гласот, почнувам да зборувам рапаво. Тој ден, кога се онесвестив, ќерка ми ми рече веднаш да одам на лекар. Ја послушав и испадна дека имам Хашимото синдром.

Таа детално опиша што користела во борбата против овој здравствен проблем.

-Почнав со 25 милиграми од лекот, потоа отидов на 50, па на 75, па на 100 милиграми, а дозата постојано се зголемуваше, додека не отидов кај прекрасен лекар кој ми објасни дека е бескорисно да земам лекови ако не престанав да се изложувам на стресни ситуации. Ми беше јасно дека еден од изворите на стрес беше тренерската работа, па веднаш ја напуштив. Вториот поттик беше колапсот на мојот брак со четвртиот сопруг, но и тоа заврши со развод во 2014 година. И навистина, шест месеци подоцна успеав да се вратам во нормала. Сега не се чувствувам слаб како порано, иако кога навистина ќе се налутам, губам неколку килограми и се враќа засипнатоста. После се што поминав, ги советувам сите жени, особено оние над 35 години, редовно да одат на прегледи. Затоа што, некое време мислев дека сум добро – изјави Цеца.

Згора на се, таа е убедена дека емотивноста влијаела и на болеста.

– Знам дека има и други емотивни луѓе, не сум единствениот на светот, но многу интензивно ги доживувам и победите и поразите, и убавите и грдите настани, како да ме погоди земјотрес или бурен ураган.. Хормоните ми полудеа, за десет дена губам три-четири килограми, имаше и тремор. Бидејќи вообичаено имам низок крвен притисок, кога сето ова ќе се собере, навистина се разболувам.

Ракометарка пред две години на хуманитарна модна ревија организирана од Здружението на жртви на насилство зборуваше за проблемот со насилството кој е во пораст.

– Ми се чини дека секоја година има се повеќе жртви. И самиот бев жртва на насилство и знам колку сила ми требаше да го кажам и признаам тоа. Жртвите често се чувствуваат виновни што тие се виновни. Има многу осуди, недоразбирања и селски приказни – рече Цеца.

Како што истакна тогаш, и требаше долго време да собере храброст јавно да излезе и да зборува за насилството што го доживеала.

– Ми требаше долго време јавно да го кажам тоа. Траумата останува со вас до крајот на животот и никогаш не ја заборавате. Кога почнав да зборувам за тоа, почувствував големо олеснување. За тоа треба да се зборува и нема срам во тоа. На почетокот ми беше многу срам. Непишано правило е дека штом ќе се удри првиот удар, тој ќе продолжи. Ја имав лудата среќа што имав своја работа и свои пари, па не бев зависна од насилникот со кој бев – рекла Цеца.

Таа била изложена на малтретирање цели шест години, а според неа, се отишло дотаму што во еден момент го молела сопругот насилник да ја убие, за да заврши тортурата еднаш засекогаш.

– Насилниците се добро скриени, од толку голема љубов стигнуваш до тој степен да те тепаат толку многу што мислиш дека ќе те убијат. На крајот дојде до таму што му реков „убиј ме, нема да останам со тебе“. Немав решение, тоа се моментите кога целосно се повлекуваш во себе, стануваш вистинска жртва. Тоа траеше 5,6 години. Тоа е срамот да се разведам, поради детето, тоа ми беше трет брак и со сите сили се трудев да го спасам. Децата знаат, Мара еднаш ми го спаси животот. Насилството е нешто од што повеќе не се срамам и отворено разговарам со децата, тие треба да знаат дека не се сами – ја заврши својата шокантна исповед Светлана Китиќ, најдобрата ракометарка на светот на сите времиња.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) Две недели по исчезнувањето на режисерот Мекдонел: На плажа е пронајдено осакатено тело без глава и раце

Објавено пред

Полицијата пронашла тело без глава и раце на плажата Бризи Поинт во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

„Дејли мејл“ сугерира дека телото било откриено две недели откако познатиот ирски режисер Рос Мекдонел (44) исчезнал од својот дом во Њујорк, а неговиот велосипед подоцна бил пронајден на само пет километри од плажата Бризи Поинт.

Њујоршката полиција не откри дали осакатеното тело било исфрлено на брегот од водата или било оставено на плажата. Главниот медицински иследник во градот сега се обидува да ја утврди точната причина за смртта.

Идентитетот на жртвата нема да биде соопштен додека семејството не биде известено.

Мекдонел последен пат бил виден во сабота, 4 ноември околу 20:30 часот. Добитникот на Еми потоа беше виден на плажата Форт Тилден во близина на Роксбери, каде што неговиот велосипед беше пронајден заклучен три дена подоцна.

На почетокот на овој месец, пријател на исчезнатиот режисер, Џин Галерано, за ирските медиуми изјави дека Мекдонел бил на плажа, но дека „влегол во океанот“ пред да се изгуби.

Мекдонел, кој по потекло е од Даблин, доби Еми награда во 2021 година за неговата работа на серијата „Трговија“. Работел низ целиот свет, вклучително и Авганистан, Украина и Мексико, а беше номиниран за уште една награда Еми во 2018 година како режисер на документарниот филм за Си-Ен-Ен Филмс Елијан.

Прикажи повеќе...

Естрада

Милош Биковиќ набргу ќе стане татко: убавата Ивана сподели фотографија непосредно пред породувањето, блеска во бременоста

Објавено пред

Српскиот популарен актер Милош Биковиќ и неговата избраничка Ивана Малиќ набргу ќе станат родители.

dobivaj vesti na viber

Веста дека поубавата половина на Биковиќ чека бебе ја изненади јавноста, а Ивана е веќе осми месец од бременоста.

Како што стана познато, Биковиќ и Малиќ чекаат момче, а сè уште не се знае како ќе се вика наследникот.

Блажените денови Ивана ги поминува во Белград, а сега за следбениците на „Инстаграм“ сподели фотографија во тесен фустан.

Трудничкиот стомак доаѓа до израз, но и нејзината посебна убавина.

„Растеме“, напиша Ивана додавајќи емотикон со балон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија3 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ4 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија5 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија7 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија7 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија7 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија7 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија8 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија18 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија19 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија20 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија20 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија21 час

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија22 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија22 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија22 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија23 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...