Контакт

Естрада

Forbes ја прогласи Бијонсе за најмоќна позната личност во светот

Објавено пред

Поп дивата Бијонсе Ноулс се најде на првото место на јубилејната 15. листа на 100 најмоќни познати личности во светот што секоја година ја составува магазинот Forbes. Со ова, Бијонсе ја симна водителката Опра Винфри од тронот која беше прогласена за најмоќна позната личност во светот за 2013 година.

Бијонсе во последните 12 месеци заработила околу 115 милиони долари, што значи дека на турнејата ’On the Run’ на секој настап заработила по 2,4 милиони долари.

 

На второто место е кошаркарот Леброн Џејмс, со заработка од 72 милиони долари, а третото место му припадна на музичарот Др. Дре со заработка од рекордни 620 милиони долари во изминатите 12 месеци. Опра Винфри, која лани беше на врвот, во 2014 година се наоѓа на четвртото место со заработка од 82 милиони долари, а водителката Елен Деџенерис се наоѓа на петтото место со заработка од 70 милиони долари.

 

Сопругот на Бијонсе, Џеј Зи е на шестото место со заработка од 60 милиони долари, Флојд Мејведр е на седмото место со 105 милиони долари, Ријана на осмото место со заработени 48 милиони долари, Кејти Пери на деветтото место со 40 милиони долари и Роберт Дауни Џуниор на десеттото место со заработени 75 милиони долари.

 

Листата се составува врз основа на парите и славата, што ја вклучува заработката во последните 12 месеци, односно од 1. јуни 2013 до 1. јуни 2014 година, потоа колку пати познатите личности се спомнати во печатените и електронските медиуми, а предвид се земаат и резултатите од страната StarCount, која ја мери моќта на познатите на социјалните медиуми на преку 11 платформи вклучувајќи ги Twitter, Facebook и YouTube.

 

Оваа година повторно музичарите се рангирани највисоко на листата. Тие заработуваат многу пари на турнеите и ги користат успешно социјалните медиуми за промоција и зацврстување на нивниот бренд, што е многу важен дел од нивната професија, се наведува на веб страната на Forbes.

 

Дури 13 имиња од првите 25 на листата се музичари, вклучувајќи ги Бијонсе (1), Др. Дре (3), Џеј Зи (6), Ријана (8), Кејти Пери (9), Бон Џови (13), Бруно Марс (13), Мајли Сајрус (17), Тејлор Свифт (18), Лејди Гага (19), Кание Вест (20), Калвин Харис (21) и Брус Спрингтстин ( 25).крај/мф/сд

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Таблоид тврди дека принцот Хари доживеал нервен слом

Објавено пред

Повеќе странски медиуми ја пренесоа веста дека принцот Хари доживеал нервен слом и бил однесен во психијатриска клиника.

Како што пишува магазинот „Глоуб“, состојбата на Хари се влошувала во текот на изминатите години, особено откако тој минал 10 години служејќи во армијата.

Според пишувањата на таблоидот, „капката што ја прелила чашата“ била разделбата од кралското семејство односно тешкиот чекор на кој се одлучил за да ја заштити својата сопруга Меган Маркл од британската јавност и медиумите кои не се особено наклонети кон неа.

Тој во еден момент призна дека не сака неговата сопруга да мине низ она што и се случило на неговата мајка.

„Принцот и Меган се расправаа за тоа како би изгледал нивниот живот во САД кога ќе заврши карантинот, што го доведе до точка на пукање. Тој заврши во локалната клиника за ментални болести. Слушнав дека има синдром на пострауматски стрес, предизвикан од смртта на неговата мајка, а сегашната состојба и траумата поради разделбата од кралското семејство само ја влошила ситуацијата“, изјавил неименуван извор за таблоидот „Глоуб“.

 

Прикажи повеќе...

Естрада

Заштитните маски на Ким Кардашјан распродадени за рекордно време

Објавено пред

Реалната ѕвезда Ким Кардашјан почна линија на заштитни маски за лице, кои, како што пренесуваат медиумите, се распродале во рекордно време.

Маските се дизајнирани да може да се носат во текот на целиот ден и се наменети за повеќекратна употреба.

Станува збор за заштитни маски кои се проѕирни и растегливи, пренесе Си-ен-ен.

Кардашјан на својот профил на „Твитер“ објави дека колекцијата била распродадена за неколку часа по лансирањето на новиот производ.

„Работиме со партнер во Лос Анџелес за да произведеме нови што е можно побргу“, соопшти Кардашјан додека во САД во сила се заштитни мерки поради пандемијата на кронавирусот.

Прикажи повеќе...

Естрада

(Видео) „Суперхикс“ во домашни услови сними спот за песна посветена на карантинот

Објавено пред

Карантинот не ги обесхрабри челеновите на „Суперхикс“, туку напротив, ги мотивираше во домашни услови да настане нивната нова песна „СКАрантин“.

Се работи за бунтовна, игрива и ексцентрична, песна во која ќе се пронајде секој екстроверт, но и интроверт.

„СКАрантин, сите сме во СКАрантин“, велат Суперхикс во стиховите проследени со веселата ска-музика, препознатлива за нив.

Во видеоспотот се појавуваат и фанови на бендот кои се забавуваат во нивните домови, со заштитни маски, играат, пеат, свират и покажуваат како го поминуваат своето време во карантин.

„Спотот е изработен во домашно-карантински услови со помош на нашите фанови коишто ни испратија видеа како танцуваат и се забавуваат на нашиот нов сингл. Многу сме горди и среќни што песната беше прифатена позитивно од нивна страна и ни покажаа уште еднаш дека вреди да твориме и во тешки и во убави времиња“, велат членовите на „Суперхикс“.

Карантинската аудио обработка е дело на Ненад Трифуновски – Трипе, а карантинската видеообработка ја направи Гоце Лалковски.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион20 минути

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија3 часа

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија3 часа

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија4 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија4 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија4 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија6 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет6 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ6 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ7 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион8 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија8 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет9 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија10 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија10 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија11 час

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија21 час

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија22 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија24 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија1 ден

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Досие