Контакт

Естрада

Канје Вест излезе од болница по доживеаниот нервен слом

Објавено пред

Американскиот рапер Канје Вест, кој пред една седмица беше хоспитализиран во Лос Анџелес по сериозниот нервен слом, во средата бил отпуштен од болницата.

Според извори на порталот TMZ еден од најдобро информираните таблоиди за случувањето во живите на славните личности, Канје Вест од болницата при Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес излегол во придружба на неговата сопруга, американската ѕвезда на реалните шоу програми Ким Кардашјан, како и неговиот личен лекар. Во моментов музичарот се наоѓа во еден од своите домови заедно со семејството.

Еден од изворите на TMZ тврди дека на раперот сé уште му е неопходен третман, вклучително и помош од психолог. Причината за неговото хоспитализирање, според написот, бил сериозен нервен слом. Претходно овој онлајн ресурс објави дека во здравствената установа Вест бил довезен со возило на брзата помош. Претходно тој страдал од сериозен недостиг од сон, вознемиреност и се соочувал со силен стрес работејќи на неколку проекти.

Според сознанијата на TMZ, раперот првични упорно го одбивал третманот. Блиските па дури и претставници на властите долго го убедувале од неопходноста да се подложи на терапија. Според пишувањето на весникот The Los Angeles Times, непосредно пред да биде однесен во болница Вест бил инволвирана во тешка кавга, но поединости за инцидентот не се наведуваат.

Непосредно пред хоспитализирањето, музичарот во својот провокативен манира јавно ја критикуваше колешката Бијонсе, пејачот Џеј-Зи, а изрази поддршка и за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Потоа претставниците на Вест за медиумите изјавија дека серијата закажани концерти е откажана./крај/мф/сн

Естрада

(Видео) Мис ја загуби титулата поради тверкање на „Тик-ток“

Објавено пред

На мисот на Папуа Нова Гвинеја, Луси Мајно, ѝ беше одземена круната откако на „Тик-ток“ сподели видео на кое се гледа како тверка.

Критичарите велат дека инцидентот со тверкањето (еден вид танц) ја покажува длабоко вкоренетата култура на омраза кон жените во земјата.

Луси Мајно (25), која била и капитен на женскиот фудбалски тим на Папуа Нова Гвинеја, се соочила со лавина реакции откако на „Тик-ток“ споделила видео на кое се гледа како тверка, објави британскиот дневен весник „Гардијан“.

Иако ваквите содржини се чести на оваа апликација, оние што ја поддржуваат санкцијата по објавеното видео, кое сега е избришано, велат дека тоа не е соодветен пример за другите.

„По објавувањето на снимката, Луси Мајно беше ослободена од должноста мис на Папуа Нова Гвинеја“, наведе Комитетот за избор на мис на пацифичките острови Папуа Нова Гвинеја (MPIP PNG).

„Нашата главна цел е зајакнување на улогата на жените, ние сме уникатна платформа што ги промовира културното наследство, традиционалните вредности и споделувањето преку туризмот“, се вели во соопштението на Комитетот.

Прикажи повеќе...

Естрада

Aнкета по интервјуто кај Опра: Хари и Меган никогаш претходно не биле толку непопуларни меѓу Британците

Објавено пред

Популарноста на принцот Хари и неговата сопруга Меган опаѓа и никогаш не била пониска меѓу Британците по нивното интервју со водителката на американската телевизија Си-би-ес, Опра Винфри, покажаа резултатите од истражувањето објавено денес од „Југов“ (YouGov), пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека интервјуто дадено од Хари и Меган ја донело монархијата стара 1.000 години во најголемата криза во овој век, а според анкетата спроведена од „Југов“, тоа влијаело не само на нивната туку и на популарноста на некои други членови на кралското семејство.

Според истражувањето, откриено е дека 48 отсто од 1.664 испитаници имаат негативен став кон Хари во споредба со 45 проценти од оние со позитивен став, што е првпат неговата вкупна оценка да биде негативна и претставува пад од 15 поени во споредба со една недела претходно, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека сега само три од 10 лица имаат позитивен став кон Меган, а 58 проценти имаат негативно мислење за неа.

Единствениот друг член на кралското семејство кај кого, според истражувањето, е забележан пад на популарноста е таткото на Хари, престолонаследникот Чарлс, кого сега негативно го оценуваат 42 процента од Британците наспроти 49 отсто од оние со позитивно мислење.

Според анкетата на „Југов“, и натаму најпопуларна е 94-годишната кралица Елизабета за која дури 80 проценти од испитаниците мислат позитивно, а за постариот брат на Хари, Вилијам, и за неговата сопруга Кејт, позитивно мислење имаат три четвртини од испитаниците.

Посебна анкета, која била спроведена делумно пред емитувањето на интервјуто во Британија, покажала дека поддршката за монархијата како целина е во голема мера непроменета – со 63 проценти од Британците што го поддржуваат ваквото уредување, а 25 отсто сакаат избран шеф на државата, соопшти агенцијата.

Прикажи повеќе...

Естрада

Експерт за говор на телото тврди: Меган и Хари ја кажаа вистината, но за многу работи се воздржуваа

Објавено пред

Пети Вуд, која е експерт за говор на телото, вели дека Меган Маркл за време на интервјуто што таа и принцот Хари го дадоа за Опра Винфри, и покрај тешките признанија, сепак се воздржувала од намерата да каже повеќе.

Таа за магазинот „Мери Клер“ изјавила дека во очите на Маркл била видлива мешавина од емоции, дека била замислена и честопати гледала настрана.

„Има дел од неа што се смее додека се сеќава на тие настани, но има и солзи. Постојат работи што и се драги, како, на пример, свадбата. Но, некои настани ја вознемируваат. Значи, тоа е комплексен сет на емоции. Таа се обидува да ги зaдржи“, рекла Вуд.

Според нејзините зборови, на почетокот на интервјуто Маркл се обидела да се заштити од предрасудите на публиката со тоа што ги прекрстила нозете на заштитнички начин држејќи ги рацете во скутот, што, како што проценува, е обид за заштита на нејзиниот идентитет и женственост.

Вуд исто така проценила дека говорот на телото на Маркл, кога зборувала со љубов за кралицата, открил и нешто покомплексно.

„На самиот почеток на интервјуто Опра ја споменува кралицата, а Меган покажа сложени, негативни вокални и гестикурални знаци за неа. Таа мрмореше. Кога рече дека кралицата е една од првите личности што ги запознала, погледна надолу и направи гримаса. Направи и движење со јазикот. Ова е идеален пример за тоа како невербалните знаци откриваат како таа навистина се чувствува“, објаснила Вуд.

Исто така, продолжила таа, во описот на Меган за нејзината борба со менталното здравје говорот на телото го рефлектирал она за што зборувала – таа навистина се обидувала да го потисне сеќавањето на тој ужасен период.

„Кога плачеше, тоа беа вистински солзи“, рекла Вуд.

Говорејќи за делот од интервјуто во кое Меган зборуваше за загриженоста на палатата за бојата на кожата на нејзиниот син Арчи, Вуд вели дека нејзиното тело многу се сменило и додава дека е очигледно оти за неа тој дел од интервјуто бил најстрашен.

„Го приспособи столчето, што е потсвесна желба да избега од ситуацијата. Израз на чист страв се појави на нејзиното лице. Тоа беше моментот кога Опра се обиде да ја убеди да каже кој ја коментирал бојата на кожата на Арчи. Беше толку исплашена“, вели Вуд.

Во однос на принцот Хари, познавачката на невербалната комуникација проценува дека тој изгледал тажен затоа што не можел да го заштити своето семејство, на што укажува и држењето на телото, кое се чинело повлечено.

Вуд исто така вели дека и покрај тешките теми, говорот на телото на двојката ја покажува нивната љубов и посветеност еден на друг во тешки моменти.

„Анализирав стотици нивни фотографии. Таа го гледа нејзиниот сопруг кога и да зборува. Ако постои можност да се допрат, тие ќе го сторат тоа. Луѓето веројатно се прашуваат каква е состојбата на нивната врска сега. Тие се тука еден за друг и се поддржуваат. Навикнати се да наоѓаат меѓусебна утеха“, заклучува Вуд.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија10 часа

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија11 час

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија12 часа

Во Македонија 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица, а оздравеа 768 пациенти,...

Македонија12 часа

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија13 часа

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија13 часа

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија15 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија18 часа

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет18 часа

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион18 часа

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија18 часа

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион18 часа

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет19 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија1 ден

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија2 дена

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија2 дена

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа2 дена

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија2 дена

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија2 дена

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Досие