Забава
Fashion Group x „Македонски телеком“: Зачувај ги засекогаш твоите најдобри модни моменти!
Оваа есен модните приказни на Fashion Group изгледаат уште подобро, благодарение на новиот Samsung Galaxy S24.
Најновиот едиторијал со инфлуенсерката Илариа Кирилов е совршен показател за тоа. Сите кадри се направени токму со Samsung Galaxy S24, а резултатот се моќни и живописни фотографии и видеа кои на совршен начин го истакнуваат дизајнот на брендовите.
„Секој од нас сега може своите најдобри модни моменти да ги сочува било каде и било кога. Живееме во такво време кога сите посакуваме да имаме убави фотографии и да ги овековечиме моментите кога изгледаме и се чувствуваме добро, а сега тоа е уште поедноставно да се направи. Фотографирањето при шопинг во нашите продавници отсекогаш било честа појава, но со перформансите што ги нуди овој телефон, од следната посета на нашите брендови можете да направите и да се пофалите со супер модни, професионални фотографии и да ги зачувате омилените комбинации“, посочуваат од групацијата.
Исто така, Fashion Group од неодамна е партнер и во Magenta Moments.
„Магента е бојата која секогаш привлекува внимание и радост, па среќни сме што со оваа соработка сите корисници на Телеком меѓу нашите купувачи ќе имаат шанса за нови интересни и поволни зделки, за уште порадосни моменти“.
Модната креативност нема граници, но сега е многу полесно да ја изразиме и сочуваме!
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бен Афлек забележан со поранешната сопруга: „Во последно време често се заедно“
Бен Афлек и Џенифер Гарнер и по разводот останаа во пријателски односи, но медиумите пишуваат дека тие се заедно во последно време.
Папараците ги снимиле за време на заедничко возење во Лос Анџелес, а според магазинот „Пипл“, Џенифер пред тоа му доставила појадок на Бен и останала со него некое време.
„Тие секогаш ќе бидат блиски затоа што имаат деца и одржуваат пријателски сородителски односи“, рекол извор близок на актерите откако заедно го прославиле Денот на благодарноста.
Бен и Џенифер учествуваа во хуманитарна акција со своите деца и доброволно се пријавија во Полноќната мисија во Лос Анџелес, служејќи им топли оброци на повеќе од две илјади бездомници.
Фотографиите кои тогаш се појавија ги изненадија сите фанови на актерот бидејќи по долго време беше фотографиран насмеан и расположен. Откако го поминале тој празник заедно, извори тврдат дека децата ги замолиле да го поминат и Божиќ заедно. Наводно познатите родители решиле да им ја исполнат таа желба.
„Џен навистина сака нејзините деца да бидат среќни. Таа ќе продолжи да се грижи да поминуваат време заедно како семејство, а тоа го вклучува и Бен. И тие имаат божиќни планови со децата. Децата уживаат да поминуваат време заедно”, открил изворот.
Гарнер и Афлек беа во брак од 2005 до 2018 година, а и потоа останаа во одлични односи поради нивните деца – Виолета (18), Серафин (15) и Семјуел (12).
Бен беше во врска со актерката Ана де Армас, а во 2022 година се ожени со Џенифер Лопез, но нивниот брак заврши оваа година. Џенифер Гарнер денес е во врска со претприемачот Џон Милер.
Забава
Четири хороскопски знаци ќе пливаат во пари во 2025 година, добри вести и за оние кои планираат да стапат во брак
До Нова година останува уште помалку од еден месец. Астролозите веќе прават прогнози за она што ќе се случува во следните 12 месеци.
Според нив, времето е идеално за нормализирање на односите, но и за нови врски и познанства.
За браковите склучени во 2025 година се верува дека ќе бидат најтрајни. Од друга страна, познатиот руски астролог Тамара Глоба во својата прогноза се фокусира на нешто друго: 2025 година ќе биде богата со финансиски можности.
За четири хороскопски знаци ќе се отвори особено силен паричен тек. Покрај тоа, таков успех се случува еднаш во педесет години!
Овен: Време е за големи шанси
Довербата и енергијата на Овните ќе игра голема улога во привлекувањето на нови приходи. Можеби среќата е во ваша корист во форма на неочекувано наследство или добивка. Но, главната работа е да не седите со скрстени раце. Преземете акција за да не ја пропуштите можноста.
Лав: Издигнете се до просперитет
Лавовите мора да се подготват и за силни успеси во финансискиот сектор. Креативните идеи и лидерските квалитети ќе ве доведат до импресивни резултати во бизнисот. Очекувајте големи инвестиции и профитабилен бизнис. Вашите средства брзо ќе се зголемат.
Стрелец: Поволни промени
Оптимизмот и нагонот на Стрелецот нема да дозволат да им побегнат неверојатните финансиски изгледи. Можеби ќе најдете нов пазар или ќе добиете високо платена позиција во странство. Главен сојузник во финансиските прашања во 2025 година за претставниците на знакот ќе биде интуицијата.
Водолија: Изобилство и среќа
Во новата година, Водолиите ќе мора да се фокусираат на нивната оригиналност. Тоа е она што ќе ги доведе до финансиски успех. Иновативните идеи можат да привлечат големи и дарежливи инвеститори. Може да очекувате скок во развојот на производи или услуги што генерира значителен приход.
Забава
Пет имиња го парализираат ChatGPT: „Не можам да одговорам“
„Чет џи-пи-ти“ (ChatGPT) го завршува разговорот веднаш штом ќе спомнете некое од овие имиња.
Има имиња кои кога пишувате ChatGPT, само добивате повратна информација дека овој четбот во моментов не може да ви даде одговор за нив.
ChatGPT го завршува разговорот веднаш штом спомнете некое од овие имиња, а сето тоа е резултат на специјалниот филтер што оневозможува одговор до корисникот.
OpenAI никогаш јавно не ги коментирал овие случаи, но најверојатно тоа се имиња на луѓе кои ја тужеле компанијата или побарале трајно да се избришат од базата на податоци.
Ова се имињата по кои ChatGPT го завршува разговорот (како што се напишани на англиски):
Brian Hood
Jonathan Turley
Jonathan Zittrain
David Faber
Guido Scorza
Главно, се работи за луѓе кои го тужеле ChatGPT поради лажни информации.