Контакт

Забава

(Фото) Дуа Липа избра една од најубавите вили на Сицилија за нејзината свадбена прослава

Објавено пред

Откако го кажаа судбоносното „Да“ во Лондон минатата недела, Дуа Липа и Калум Тарнер отпатуваа во Италија. За главната, тридневна свадбена прослава, тие ја избраа Сицилија и една од најпознатите вили на островот.

Граѓанската венчавка на еден од најследените парови денес се одржа на 31 мај во лондонската Олд Мерилебон Градска сала, опкружена со семејство и најблиски пријатели. За таа пригода, британската пејачка носеше високомодна креација од модната куќа Скијапарели, инспирирана од стилот на Бјанка Џегер.

Но, големата прослава допрва доаѓа. Двојката ја избра Вила Валгуарнера за нивната раскошна прослава, која ќе се одржи од 5 до 7 јуни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

 

Вила Валгуарнера, која се наоѓа во Багерија, недалеку од Палермо, е еден од најимпресивните примери на сицилијански барок. Изградена е во 1712 година од принцезата Ана Гравина и дизајнирана од доминиканскиот свештеник и архитект Томасо Марија Наполи, кој бил обучен во традицијата на Бернини.

Оваа пространа вила од 18 век се смета за еден од најважните приватни имоти во Сицилија. Сместена на врвот на ридот, има поглед на Палермскиот Залив и располага со овална балска сала, завршена од Џован Батиста Кашоне и Винченцо Фиорели, и таван украсен со неокласична фреска. Подеднакво значајни се и нејзините градини, кои биле реновирани во неокласичен стил во средината на 18 век.

Вилата има и богата историја. Угостила познати посетители како што се писателот Гете и лорд Хамилтон. За време на Втората светска војна, таа служела како команден центар, прво за нацистите, а потоа и за сојузниците. Нејзината сегашна сопственичка, принцезата Виторија Алиата ди Валгуарнера, водеше долга правна битка за зачувување на имотот и негово отворање за посетители и разни настани.

Луксузниот хотел Вила Игеа во Палермо е избран за сместување на многуте меѓународни ѕвезди за кои се очекува да присуствуваат на свадбата. Според „Тајмс“, Чарли Екс-Си-Екс, Марк Ронсон и Елтон Џон се меѓу гостите. Се очекува прославата да продолжи во манастирот на Галеријата за модерна уметност и во палатата Палацо Ганги, позната по тоа што е локацијата на иконската сцена со балот од филмот на Лукино Висконти „Гепардот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alidad M (@athomewithalidad)

Сицилија привлекува познати парови

Дуа Липа и Калум Тарнер не се првите што ја избрале Вила Валгуарнера за голема прослава на животот. Во септември 2020 година, фронтменот на „Рејдиохед“, Том Јорк, се ожени таму со сицилијанската актерка Дијана Рончоне. Вилата служела и како локација за снимање на филмови.

Милијардерот Џеф Безос и неговата сопруга Лорен Санчез, исто така, ја избраа Сицилија за нивниот меден месец.

Иако се познати малку детали за самата свадба, јасно е дека прославата ќе биде исклучително раскошна. Според информациите објавени од Дејли Меил, тридневната прослава ќе чини околу еден милион фунти, или приближно 1,15 милиони евра.

 

фото/Depositphotos

Најново

Македонија10 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ”економските експерти” од СДС...

Црна хроника16 минути

Две скопјанки завршиле на Ургентен со изгореници здобиени за време на семејна прослава

Две жени од Скопје, на возраст од 35 и 24 години, се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за...

Свет56 минути

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион1 час

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека...

Македонија1 час

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет1 час

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет2 часа

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...

Македонија2 часа

(Видео) Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција рече дека фирма на сватот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, според...

Македонија2 часа

(Видео) Одлуката од 2023 не значи зделка со Алта банка – конфискуваните акции ѝ беа продадени во јануари 2026, кажа Серафимовска-Борозан

СДСМ тврди дека одлуката од јуни 2023 година за продажба на конфискувани акции во Стопанска банка Битола не била поврзана...