Контакт

Забава

(Фото) Европски остров каде што времето застанало: тиркизно море, лозја и 200 жители

Објавено пред

Тиркизните води, густите борови шуми и лозјата облеани во сонце го прават Поркерол (Porquerolles) еден од најавтентичните острови во Европа. Овој остров, во форма на кроасан, се наоѓа на Француската ривиера, на само дваесет минути возење со брод од копното. Со должина од седум километри и ширина од само три километри, островот е идеален за истражување со велосипед или пеш – особено затоа што на него нема автомобили ниту јавен превоз.

Французите често го нарекуваат „лебдечка шума“, а со само 200 постојани жители, тој останал надвор од главните туристички рути. Во октомври, островот нуди пријатни температури од околу 22 Целзиусови степени и мирна атмосфера, далеку од гужвите, пренесува „Метро“ (Metro).

За еднодневни излети, топло се препорачува посета на некоја од познатите плажи. Плажата „Нотр-Дам“ (Plage Notre-Dame), сместена во рамките на Националниот парк „Пор-Крос“ (Port-Cros), редовно се рангира меѓу најубавите плажи во Европа. Весникот „Економик тајмс“ (The Economic Times) неодамна ја вклучи во својата листа на седум најдобри француски плажи за 2026 година.

Вреди да се посети и плажата д’Аржан (Plage d’Argent), плажа со бел песок и плитка, кристално чиста вода, лоцирана во близина на пристаништето.

Тука е и плажата де ла Куртад (Plage de La Courtade), пространа плажа опкружена со еукалиптуси, која нуди величествен поглед на зајдисонцето.

Дом на одлични вина и ресторани наведени во водичот „Мишелин“

На островот работат три винарии кои произведуваат вина со ознаката за потекло „Кот де Прованс“ (Côtes de Provence) – позната по своето лесно и освежително розе вино. Покрај најпознатата, „Домен де ла Куртад“ (Domaine de la Courtade), тука се и „Домен Перински“ (Domaine Perinsky) и „Домен де л’Ил“ (Domaine de L’Ile). „Domaine Perinsky“, отворен во 1993 година во центарот на главното село, се издвојува по тоа што не прима резервации, што го прави идеален за спонтани посети.

Тврдината „Сент Агата“ (Fort Sainte Agathe), изградена во 16-тиот век по наредба на кралот Франсоа Први, нуди панорамски поглед од 360 степени на целиот остров, вклучувајќи ги и неговите маслинови насади и лозја. По разгледувањето, посетителите можат да се упатат кон музејот „Fondation Carmignac“, познат по своите изложби на фотографии.

@naturevoyagesdecouvertes L’île de Porquerolles ✨C’est tellement agréable de s’y balader hors saison 🩵 ✨L’eau est incroyable, digne des plus belles plages des Caraïbes, il n’y à quasiment personne et les journées sont déjà bien belles 🤩 ✨L’avantage d’être dans le sud c’est qu’il fait bon presque toute l’année ☀️ #iledeporquerolles #plagenotredame #porquerolles #hyerestourisme ♬ Outro – M83

И покрај тоа што има население од само 200 жители, Поркерол (Porquerolles) се гордее со неколку висококвалитетни ресторани. „La Pinède“ е вклучен во водичот „Мишелин“; станува збор за ресторан со опуштена атмосфера, сместен во затскриен хотел до кој се стигнува со шатл-автобус. Отворен е само за ручек и служи медитерански и провансалски специјалитети, како што се monkfish на скара и супа со pistou.

За вечера се препорачува „La Fringale“; ресторанот ја доби наградата „Travellers’ Choice“ од TripAdvisor за 2026 година. Таму се служат класични француски јадења по цени меѓу 9 и 29 евра.


Оние што сакаат да вечераат во средиштето на случувањата можат да го изберат „Villa Sainte Anne“ на главниот плоштад, каде што терасата е идеална за набљудување на секојдневниот живот во селото.

Најново

Македонија4 минути

Филков: ЕК го потврди сработеното, за две години поставивме темели за реформа на правосудството

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда...

Македонија11 минути

(Видео) Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена, објави Ѓорѓиевски

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Ветив дека...

Спорт11 минути

Официјално: Олимпија од Милано има нов тренер

Една победа во десет кола и девет порази по ред беа премногу, па Армани (Олимпија) о го отпушти Пепе Поета...

Свет15 минути

(Видео) Русија ги засилува нападите, 250.000 Украинци останаа без струја

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени синоќа, оставија стотици илјади потрошувачи без електрична енергија во регионите Днепропетровск...

Спорт22 минути

Мурињо урна рекорд во Ла Лига

Реал Мадрид синоќа убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ во 12-то коло од Ла Лига. Со оваа победа,...

Спорт28 минути

Меси влезе во историјата на МЛС

Лионел Меси стана првиот играч кој ја освои Златната копачка во МЛС две сезони по ред. Меси постигна 26 гола...

Македонија42 минути

За еден ден приведени 17 возачи, МВР со апел да се почитуваат правилата

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно...

Македонија46 минути

(Видео) Димитријевиќ: Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на...

Македонија52 минути

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...