Забава
(Фото) Огнената русокоса ги покажа своите адути: „Никој нема вакво тело“
Кејт Хадсон ужива во својата омилена дестинација за одмор во Грција, а нејзините најнови фотографии од бикини брзо ги преплавија социјалните мрежи.
Познатата Кејт Хадсон (47) ја покажа својата неверојатно затегната фигура во минијатурно црно бикини, а објави серија заводливи фотографии на Инстаграм.
Актерката отпатува на грчкиот остров Скијатос со својот вереник Дени Фуџикава (40) и нејзините две деца. Кога не воодушевува на црвениот тепих, како неодамна на филмска премиера, тогаш тоа го прави на плажа.
Кејт позираше во провокативен костим за капење, а горниот дел од бикинито со врзување околу вратот дополнително ги истакна нејзините извајани стомачни мускули.
Семејството уживаше и во возење со брод, посетувајќи една од повеќе од 60 плажи со кристално чиста вода. На една фотографија, Кејт и нејзиниот син се релаксираат на палубата.
На други фотографии, актерката може да се види како ужива во вечера со пријатели.
„Моето среќно место“, напиша таа во описот.
Позитивните коментари за нејзиниот изглед не изостанаа, тоа е речиси редовна појава секогаш кога Кејт Хадсон се појавува некаде.
„Божица“, „Изгледаш неверојатно“, „Какви стомачни мускули“, „Бикинито ти стои совршено“, „Никој нема вакво тело“, се некои од реакциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
