Контакт

Забава

(Фото) Се омажи српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ: венчавка како од бајките на езерото Комо

Објавено пред

Најпознатата модна инфлуенсерка од Србија, Тамара Калиниќ, му го кажа судбоносното „да“ на својот долгогодишен партнер Филипо Теста, на една од најромантичните локации во Италија, на брегот на езерото Комо, објавија српските медиуми. Главната свадбена церемонија се одржа во познатата Вила Пицо, луксузен имот познат по своите долги градини покрај езерото, историската архитектура и прекрасните погледи.

Токму оваа позадина беше совршена за свадбата на која присуствуваа повеќе од 100 гости од целиот свет.

Меѓу гостите беа успешни луѓе од модната индустрија, блиски пријатели на младенците, но и познати имиња од светот на менаџментот, бизнисот и инфлуенсери. Сè беше организирано во строга приватност, подалеку од очите на јавноста, но со многу стил, емоции и незаборавни детали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)

Тамара пристигна на местото на церемонијата во придружба на нејзиниот татко, што беше еден од најемотивните моменти од денот. Додека се приближуваше кон својот иден сопруг, хор од 18 члена изведуваше оперски арии, а сцената, според присутните, наликуваше на сцена од европска кралска бајка.

Филипо избра елегантен бел костум за најважниот ден, совршено вклопувајќи се во атмосферата на летна свадба на езерото. Тамара се пресоблече во две венчаници за време на свадбената прослава, а секоја од нив носеше различна енергија: од класична церемонијална елеганција, преку гламур за вечерниот дел, до софистицирано издание за прославата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Italia (@vogueitalia)

Декорацијата привлече посебно внимание, која беше во хармонија со амбиентот на самата вила. Бајковити цветни аранжмани, свеќи, елегантни маси, дискретни златни детали и луксузно осветлување создадоа атмосфера на вистински италијански сон. Просторот покрај езерото беше декориран така што секој кадар изгледа како сцена од моден едиторијал: романтичен, луксузен и ненаметливо гламурозен.

Најново

Свет4 часа

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет5 часа

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион5 часа

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија5 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника6 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава6 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника6 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава6 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт6 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...