Забава
(Фото) Се соблече Ана Ивановиќ и покажа „убиствено“ тело: подготвена е за новата летна сезона
Атрактивните креации на Ана ги видовме неколку пати претходно, но сега таа го покажа својот најжежок изглед досега – во бикини!
Новата 2026 година започна добро за српската прославена тенисерка Ана Ивановиќ. Откако се разведе од поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, таа се посвети на себе, на своите деца и на социјалните мрежи.
Таа често објавува фотографии од атрактивни комбинации и смели модни изданија, а нејзиниот најнов изглед предизвика доста возбуда кај корисниците на Инстаграм.
Српската тенисерка со нетрпение го очекува летото, а таа објави две фотографии на Инстаграм за да го одбележи овој настан. Една специфична го привлече вниманието на јавноста, имено онаа на која е убавата Ана во атрактивно бикини.
Таа додаде мини здолниште на облеката, која ги откриваше нејзините витки нозе, како и придружните додатоци – преголеми бели очила, обетки и нараквица.
Таа гордо позираше пред објективот на камерата, а покрај нејзиното згодно тело, ги почасти и своите обожаватели со блескава насмевка. Секако, тие не се двоумеа да одговорат на нејзината порака, и брзо напишаа бројни комплименти за нејзиниот физички изглед.
„Прекрасна“, „Те сакам, Ана“, „Каква убава жена“, се само неколку…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Едноставен трик што може да го разлади станот во летните горештини
И покрај спуштените ролетни и вклучениот вентилатор, многу станови остануваат жешки во летните денови. Еден едноставен трик што често се занемарува е отворањето на ормарите при утринското проветрување.
Според советите, големите ормари во текот на денот акумулираат топлина, особено ако се наоѓаат во близина на прозорци или се изложени на сончева светлина. Топлиот воздух останува заробен зад затворените врати и може дополнително да ја загрева просторијата.
Затоа се препорачува рано наутро, кога надворешните температури се најниски, да се отворат прозорците, но и вратите на ормарите и другите затворени простори. Така свежиот воздух ќе циркулира и ќе помогне да се исфрли насобраната топлина.
Откако температурата надвор ќе почне да расте, прозорците треба повторно да се затворат, а ролетните и завесите да се спуштат за да се задржи посвежиот воздух во домот што е можно подолго.
Забава
Холивудската ѕвезда го следеше натпреварот Канада – БиХ, но многумина не го препознаа
Холивудскиот актер Мајк Мајерс ги изненади навивачите со своето појавување на натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина на Светското првенство.
63-годишниот актер, познат по улогите во „Остин Пауерс“ и како гласот на Шрек, го следеше натпреварот во Торонто во друштво на Рајан Рејнолдс.
Мајерс бил прикажан на телевизиските камери за време на натпреварот, но коментаторите на „Би-би-си“ првично не го препознале. Дури подоцна било посочено дека во ложата се наоѓа актерот кој му го позајми гласот на Шрек.
Неговото појавување предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде многумина коментираа дека толку се вклопил меѓу навивачите што останал незабележан.
Натпреварот меѓу Канада и БиХ заврши 1:1.
Забава
Меморија, Дани Димитровска и Суперхикс на „Охрид вајн фестивал“
Петтото издание на Ohrid Wine Festival ги носи Меморија, Дани Димитровска, Суперхикс, Солзи и Смеа, Битолски камерен оркестар, Куку Леле и уште многу музички имиња, кои ќе настапат од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија.
Фестивали.мк и годинава подготви програма за три вечери исполнети со музика во живо и вина од домашни и регионални винарии и гастрономска понуда, претворајќи го охридскиот кеј во едно од најживите места на почетокот на летната сезона.
Фестивалското дружење овие три дена почнува од 19 часот, додека изведувачите почнуваат еден час подоцна.
Првата фестивалска вечер на 25 јуни, четврток, започнува со настапот на групата Сарај во 20:00 часот, Дани Димитровска во 22:00 часот и Меморија во 23:30 часот.
На 26 јуни, петок настапуваат Брос Марама во 20:00 часот, Ѓоко Ѓорчев и Кате Танева во 21:30 часот, Куку Леле во 23:00 часот и Пауза за ракија во 00:30 часот.
Во сабота, на 27 јуни, на финалната вечер присутните ќе се забавуваат со стенд ап настапот на Солзи и Смеа од 20:00 часот, по што од 21:00 часот почнува DJ DJ Fic, во 22:30 часот е резервиран за Битолски камерен оркестар и Суперхикс во 00:15 часот.
Покрај музичката програма, посетителите ќе можат да уживаат во богата селекција на вина и гастрономска понуда по која и фестивалот стана препознатлив дел од охридското лето.
„Пет години по ред Ohrid Wine Festival е место каде што се среќаваат музиката, виното и убавата енергија на Охрид. Годинава подготвивме програма која обединува различни генерации и музички вкусови, а нашата цел останува иста – да создадеме настан кој ќе биде уште една причина повеќе посетителите да го изберат Охрид како своја летна дестинација“, велат од Фестивали.мк.
Винскиот фестивал се одржува со поддршката на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков ги покани охриѓани и туристите да не го пропуштаат овогодинешното издание.
Ohrid Wine Festival Vol. 5 ќе се одржи од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија, пред хотел Палас во Охрид.
