Контакт

Забава

(Фото/видео) „Цел живот сонував за овој албум“: Колеги и пријатели дојдоа на промоцијата на новиот албум на Тамара Тодевска

Објавено пред

Десет песни, десет приказни и една нова ера. Тамара Тодевска го претстави „Кукла жива“, својот нов визуелен албум, пред бројни колеги, соработници, музичари, новинари, партнери и пријатели, на промоција која на едно место обедини различни генерации од македонската музичка и културна сцена.

На едно место се сретнаа пејачи и музичари од различни генерации, долгогодишни соработници на Тамара, автори, продуценти, претставници на медиумите, културната јавност и партнерите на проектот. Меѓу гостите имаше и луѓе кои со години немале можност да се сретнат на ист настан, претворајќи ја промоцијата на „Кукла жива“ во вечер посветена не само на новата музика, туку и на заедништвото на македонската музичка сцена.

„Кукла жива“ е проект за кој Тамара вели дека сонувала цел живот. Албумот носи десет песни и лична приказна во која таа отворено зборува за сопствените чувства, избори, падови, преиспитувања и за моментот во кој престанала да се приспособува на очекувањата на другите.

„Цел живот сонував за овој албум. И сега, кога конечно е реалност, нема да бидам скромна и ќе кажам – вредеше да се сонува цел живот за него. Овој албум ги дава одговорите на многу од прашањата што сте ми ги поставувале низ годините, а можеби и на некои што никогаш не сте се осмелиле да ги поставите. Создавањето на ‘Кукла жива’ ме научи дека чувствата во мене никогаш не биле погрешни. Ова е моментот кога конечно престанав да се преиспитувам и го зедов својот живот во свои раце“, изјави Тамара на промоцијата.

Еден од клучните луѓе во создавањето на „Кукла жива“ е Коста Петров, кој со Тамара соработуваше и во периодот на нејзиниот евровизиски настап во 2019 година. Години подоцна, нивната соработка продолжува низ еден значително поличен и пообемен музички проект.

„Со Тамара поминавме низ еден долг процес на создавање, разговори и барање на вистинските песни и приказни. Нашата соработка има своја историја уште од 2019 година и Евровизија, но ‘Кукла жива’ е едно сосема ново поглавје. Овие песни се создаваа од вистински емоции и искуства и мислам дека токму затоа секоја од нив носи дел од Тамара каков што публиката можеби досега не го познавала“, истакна Петров.

Посебен белег на албумот му дава и неговата продукција. Во создавањето на „Кукла жива“ учествуваа повеќе од 60 музичари, со идеја секоја песна да добие богат и автентичен музички израз.

„Од самиот почеток сакавме да создадеме албум зад кој ќе стои вистинска музика и огромна посветеност кон звукот. Повеќе од 60 музичари оставија свој печат во овој проект и тоа се чувствува во песните. Во време кога музиката може да се создава на многу поедноставен начин, ние свесно го избравме потешкиот пат: да вложиме во музичари, аранжмани, продукција и звук кој ќе остане“, изјави Емин Џијан.

Визуелниот идентитет е неразделен дел од приказната на „Кукла жива“. Видеоспотовите за песните од албумот се во режија на Мартин Трајановски, а се снимени во Takat Studios, создавајќи единствен визуелен свет кој ја надополнува музиката и емоцијата на секоја од десетте песни.

Со објавувањето на визуелниот албум започнува новото поглавје на „Кукла жива“, но и патот кон следниот голем момент во кариерата на Тамара.

На 7 декември 2026 година, Тамара Тодевска ќе одржи голем солистички концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, на кој новите песни ќе се сретнат со хитовите што ја одбележаа нејзината досегашна кариера.

По вечерта во која „Кукла жива“ обедини толку различни генерации и лица од македонската музичка сцена, 7 декември ќе биде вечерта кога Тамара повторно ќе се сретне со оние поради кои сите овие години стои на сцена – публиката.

Песните се веќе достапни на YouTube каналот на Тамара Тодевска (линк) и на сите музички платформи.

Најново

Македонија14 минути

Времето утре: претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните...

Забава27 минути

Како да се грижите за косата по 50-тата година? Овие трикови ѝ ги враќаат мекоста и сјајот

Косата се менува со возраста, исто како и кожата. Рутината за нега што некогаш била доволна, можеби повеќе нема да...

Македонија37 минути

Министерството за правда за бегството на Ива Михаилова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,...

Европа38 минути

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти...

Спорт41 минута

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...

Европа43 минути

Зеленски побара 60 дена; Кремљ понуди само еден

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска...

Свет47 минути

Ако некој е доволно луд да нè нападне, ќе го уништиме, порача Врховниот командант на НАТО во Европа

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, на Безбедносниот форум во Варшава предупреди дека...

Спорт48 минути

Барселона нема намера да го продава Олмо

Баерн Минхен е заинтересиран за Дани Олмо, но Барселона нема намера да се откаже од шпанскиот репрезентативец. Според каталонскиот весник...

Забава55 минути

(Фото/Видео) Скарлет Јохансон покажа како се носи црвен фустан

Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих и ги воодушеви сите присутни со својот моден избор. Таа носеше комбинација што...