Забава
(Фото/Видео) Хајди Клум шокираше со изданието: Сите мислат дека е бремена
Хајди Клум се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и ги изненади сите присутни со својот аутфит. Многумина сè уште се прашуваат – што не е во ред со фустанот?
Канскиот филмски фестивал продолжува, што значи дека ќе имаме можност да уживаме во познатата парада на ѕвездите на црвениот тепих уште малку. Покрај бројните јавни личности кои ги покажаа своите нереални креации, Хајди Клум сепак привлече внимание. За оваа пригода, таа одлучи да носи макси фустан во златна боја украсен со цветни детали.
View this post on Instagram
Креацијата ја следи линијата на телото и ја нагласува женската фигура, но еден посебен детаљ во оваа вечерна тоалета не им се допадна на многумина. Имено, станува збор за дел од корсет кој создава оптичка илузија на стомакот, а изгледа како волшебната Германка да е во блажена состојба или да се здебелила неколку килограми.
View this post on Instagram
Таа додаде дијамантски ѓердан, наметка во боја на шампањ, а косата ја стилизираше на наједноставен начин. Се одлучи за бранови кои слободно паѓаа по грбот.
Иако модните критичари го пофалија овој моден потег, јавноста на социјалните мрежи, сепак, не можеше да ја пофали за нејзиниот изглед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Едноставен трик што може да го разлади станот во летните горештини
И покрај спуштените ролетни и вклучениот вентилатор, многу станови остануваат жешки во летните денови. Еден едноставен трик што често се занемарува е отворањето на ормарите при утринското проветрување.
Според советите, големите ормари во текот на денот акумулираат топлина, особено ако се наоѓаат во близина на прозорци или се изложени на сончева светлина. Топлиот воздух останува заробен зад затворените врати и може дополнително да ја загрева просторијата.
Затоа се препорачува рано наутро, кога надворешните температури се најниски, да се отворат прозорците, но и вратите на ормарите и другите затворени простори. Така свежиот воздух ќе циркулира и ќе помогне да се исфрли насобраната топлина.
Откако температурата надвор ќе почне да расте, прозорците треба повторно да се затворат, а ролетните и завесите да се спуштат за да се задржи посвежиот воздух во домот што е можно подолго.
Забава
Холивудската ѕвезда го следеше натпреварот Канада – БиХ, но многумина не го препознаа
Холивудскиот актер Мајк Мајерс ги изненади навивачите со своето појавување на натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина на Светското првенство.
63-годишниот актер, познат по улогите во „Остин Пауерс“ и како гласот на Шрек, го следеше натпреварот во Торонто во друштво на Рајан Рејнолдс.
Мајерс бил прикажан на телевизиските камери за време на натпреварот, но коментаторите на „Би-би-си“ првично не го препознале. Дури подоцна било посочено дека во ложата се наоѓа актерот кој му го позајми гласот на Шрек.
Неговото појавување предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде многумина коментираа дека толку се вклопил меѓу навивачите што останал незабележан.
Натпреварот меѓу Канада и БиХ заврши 1:1.
Забава
Меморија, Дани Димитровска и Суперхикс на „Охрид вајн фестивал“
Петтото издание на Ohrid Wine Festival ги носи Меморија, Дани Димитровска, Суперхикс, Солзи и Смеа, Битолски камерен оркестар, Куку Леле и уште многу музички имиња, кои ќе настапат од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија.
Фестивали.мк и годинава подготви програма за три вечери исполнети со музика во живо и вина од домашни и регионални винарии и гастрономска понуда, претворајќи го охридскиот кеј во едно од најживите места на почетокот на летната сезона.
Фестивалското дружење овие три дена почнува од 19 часот, додека изведувачите почнуваат еден час подоцна.
Првата фестивалска вечер на 25 јуни, четврток, започнува со настапот на групата Сарај во 20:00 часот, Дани Димитровска во 22:00 часот и Меморија во 23:30 часот.
На 26 јуни, петок настапуваат Брос Марама во 20:00 часот, Ѓоко Ѓорчев и Кате Танева во 21:30 часот, Куку Леле во 23:00 часот и Пауза за ракија во 00:30 часот.
Во сабота, на 27 јуни, на финалната вечер присутните ќе се забавуваат со стенд ап настапот на Солзи и Смеа од 20:00 часот, по што од 21:00 часот почнува DJ DJ Fic, во 22:30 часот е резервиран за Битолски камерен оркестар и Суперхикс во 00:15 часот.
Покрај музичката програма, посетителите ќе можат да уживаат во богата селекција на вина и гастрономска понуда по која и фестивалот стана препознатлив дел од охридското лето.
„Пет години по ред Ohrid Wine Festival е место каде што се среќаваат музиката, виното и убавата енергија на Охрид. Годинава подготвивме програма која обединува различни генерации и музички вкусови, а нашата цел останува иста – да создадеме настан кој ќе биде уште една причина повеќе посетителите да го изберат Охрид како своја летна дестинација“, велат од Фестивали.мк.
Винскиот фестивал се одржува со поддршката на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков ги покани охриѓани и туристите да не го пропуштаат овогодинешното издание.
Ohrid Wine Festival Vol. 5 ќе се одржи од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија, пред хотел Палас во Охрид.
