Забава
(Фото/Видео) Марија Шарапова се врати на Ролан Гарос – и беше тешко да се тргне погледот од неа
Марија Шарапова се појави на трибините на Ролан Гарос и ги шармираше сите присутни со својот аутфит. И, навистина, таа сè уште може да ја носи титулата најубава тенисерка на светот.
Maria Sharapova
Roland Garros
JUNE 2, 2026 pic.twitter.com/ykoXnB9A6Z— HQ pics (@WomensSportsPic) June 2, 2026
Иако одамна го постигна статусот на пензионерка, познатата Марија Шарапова не пропушта можност да ужива во светските настани, дури и во натпреварите на своите млади колешки. Таа предизвика вистинска возбуда на трибините на Ролан Гарос, во комбинација што совршено ѝ одговара.
Таа носеше впечатлив темно син комплет – сако со длабок крој и долго, широко здолниште со набори. Сакото и здолништето имаа црвени и бели украси, а аутфитот го заокружи со беж чевли со високи потпетици и мала жолта чанта.
Елегантната, но смела комбинација брзо го привлече вниманието на фотографите, па затоа не е ни чудо што Марија беше главна тема на модните критичари на мрежите.
Беше во друштво на Кристина Романова, руска манекенка и директорка на „Аман Есенцијалс“, што дополнително го разбуди интересот на фотографите.
Во секој случај, Марија го надополни својот изглед со едноставна фризура и со минимална шминка во земјени тонови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Едноставен трик што може да го разлади станот во летните горештини
И покрај спуштените ролетни и вклучениот вентилатор, многу станови остануваат жешки во летните денови. Еден едноставен трик што често се занемарува е отворањето на ормарите при утринското проветрување.
Според советите, големите ормари во текот на денот акумулираат топлина, особено ако се наоѓаат во близина на прозорци или се изложени на сончева светлина. Топлиот воздух останува заробен зад затворените врати и може дополнително да ја загрева просторијата.
Затоа се препорачува рано наутро, кога надворешните температури се најниски, да се отворат прозорците, но и вратите на ормарите и другите затворени простори. Така свежиот воздух ќе циркулира и ќе помогне да се исфрли насобраната топлина.
Откако температурата надвор ќе почне да расте, прозорците треба повторно да се затворат, а ролетните и завесите да се спуштат за да се задржи посвежиот воздух во домот што е можно подолго.
Забава
Холивудската ѕвезда го следеше натпреварот Канада – БиХ, но многумина не го препознаа
Холивудскиот актер Мајк Мајерс ги изненади навивачите со своето појавување на натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина на Светското првенство.
63-годишниот актер, познат по улогите во „Остин Пауерс“ и како гласот на Шрек, го следеше натпреварот во Торонто во друштво на Рајан Рејнолдс.
Мајерс бил прикажан на телевизиските камери за време на натпреварот, но коментаторите на „Би-би-си“ првично не го препознале. Дури подоцна било посочено дека во ложата се наоѓа актерот кој му го позајми гласот на Шрек.
Неговото појавување предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде многумина коментираа дека толку се вклопил меѓу навивачите што останал незабележан.
Натпреварот меѓу Канада и БиХ заврши 1:1.
Забава
Меморија, Дани Димитровска и Суперхикс на „Охрид вајн фестивал“
Петтото издание на Ohrid Wine Festival ги носи Меморија, Дани Димитровска, Суперхикс, Солзи и Смеа, Битолски камерен оркестар, Куку Леле и уште многу музички имиња, кои ќе настапат од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија.
Фестивали.мк и годинава подготви програма за три вечери исполнети со музика во живо и вина од домашни и регионални винарии и гастрономска понуда, претворајќи го охридскиот кеј во едно од најживите места на почетокот на летната сезона.
Фестивалското дружење овие три дена почнува од 19 часот, додека изведувачите почнуваат еден час подоцна.
Првата фестивалска вечер на 25 јуни, четврток, започнува со настапот на групата Сарај во 20:00 часот, Дани Димитровска во 22:00 часот и Меморија во 23:30 часот.
На 26 јуни, петок настапуваат Брос Марама во 20:00 часот, Ѓоко Ѓорчев и Кате Танева во 21:30 часот, Куку Леле во 23:00 часот и Пауза за ракија во 00:30 часот.
Во сабота, на 27 јуни, на финалната вечер присутните ќе се забавуваат со стенд ап настапот на Солзи и Смеа од 20:00 часот, по што од 21:00 часот почнува DJ DJ Fic, во 22:30 часот е резервиран за Битолски камерен оркестар и Суперхикс во 00:15 часот.
Покрај музичката програма, посетителите ќе можат да уживаат во богата селекција на вина и гастрономска понуда по која и фестивалот стана препознатлив дел од охридското лето.
„Пет години по ред Ohrid Wine Festival е место каде што се среќаваат музиката, виното и убавата енергија на Охрид. Годинава подготвивме програма која обединува различни генерации и музички вкусови, а нашата цел останува иста – да создадеме настан кој ќе биде уште една причина повеќе посетителите да го изберат Охрид како своја летна дестинација“, велат од Фестивали.мк.
Винскиот фестивал се одржува со поддршката на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков ги покани охриѓани и туристите да не го пропуштаат овогодинешното издание.
Ohrid Wine Festival Vol. 5 ќе се одржи од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија, пред хотел Палас во Охрид.
