Контакт

Забава

(Фото/Видео) Неговата врска со најсексапилната манекенка му создава проблеми: „Дали знае дека токму тоа постојано го очекува?“

Објавено пред

Папараците го следат секој чекор на Кендал Џенер и Џејкоб Елорди, а се чини дека тие двајца тивко стануваат еден од најинтригантните парови – токму затоа што не зборуваат јавно за својата врска.

Кендал Џенер, еден од најпознатите светски модели, веќе некое време е во врска со Џејкоб Елорди. Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и видеа од парот, но интересно е што и актерот и моделот молчат на таа тема.

Откако започна Модната недела во Париз – на која Кендал прошета по пистата уште првиот ден – Елорди беше покрај неа цело време. Потоа, парот прошета низ Париз додека папараците ги следеа во чекор, ситуација што на крајот го изнервира познатиот актер.

Елорди се соочи со папараците кои ги фотографираа за време на прошетката во Париз, а снимката од инцидентот брзо стана вирална на социјалните мрежи.

Ѕвездата на серијата „Еуфорија“ ги замоли фотографите: „Чекајте, чекајте, чекајте“, пред да праша: „Може ли само да прошетаме до хотелот? Без блиц – само оставете нè да одиме. Само оставете нè на раат“, побара актерот.

Во меѓувреме, Кендал со рацете ги штитеше очите од блесоците на фотоапаратите, додека нејзиниот партнер ја прегрна околу половината за да ѝ помогне да ја премине улицата. Оваа реакција веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, при што многумина се прашуваа како Елорди може да очекува приватност додека е во врска со Кендал Џенер…

„Дали е свесен дека тоа е она што го очекува постојано со неа?“, напиша еден корисник, додека друг додаде дека тие двајца моментално се „најжешкиот пар во Холивуд“.

Уште од почетокот на својата кариера, Џејкоб Елорди се труди деталите од приватниот живот да ги држи подалеку од очите на јавноста; тој дури и не користи социјални мрежи.

Најново

Спорт7 минути

Црна Гора во 91-та минута влезе во Б-дивизијата

Фудбалерите на Црна Гора ја победија Латвија со 2:1 во петтото коло од Ц дивизијата на Лигата на нации. Црногорците...

Спорт27 минути

Англија ја победи Хрватска, Шпанија лесно се справи со Чешка

Англија и Шпанија забележаа победи во Групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации. Овие две селекции веќе изборија...

Спорт43 минути

(Видео) Италија ја победи Франција, ја презеде лидерската позиција во групата

Италија ја победи Франција во Милано со 3:1 во натпреварот од 5-то коло од А дивизијата на Лигата на нации....

Свет2 часа

Кејт Мидлтон откри што ѝ помогнало во борбата против ракот: „Имаше добри и лоши денови“

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, изјави дека природата ѝ помогнала за време на закрепнувањето од болеста, нагласувајќи дека процесот...

Свет2 часа

Маж од Индија лажно пријавил киднапирање на авион бидејќи не сакал да се одвои од сопругата

Маж од Индија е уапсен поради лажно пријавување на киднапирање на авион на „Ер Индија“, откако во тоалетот на авионот...

Свет2 часа

Шефицата на дипломатијата: Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност

Шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајцингер, денес изјави дека Австрија повеќе нема да биде „слепа точка“ во европската безбедност, откако...

Свет3 часа

Песков: Европејците се борат како „пајаци во тегла“ штом некој ќе ја контактира Москва

Постапките на Европејците мора да престанат да бидат контрадикторни за Русија да верува во нивната желба за постигнување мир, изјави...

Свет3 часа

Путин се согласи да ја вклучи Европа во разговорите

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил со учеството на европски претставници во следната рунда...

Спорт3 часа

(Видео) Де Брујне и Де Кетеларе го поништија голчиштето на Гулер

Репрезентативците на Белгија ја победија Турција во Измир, по пресврт, со 2:1 во натпреварот од петтото коло од А дивизијата...