Забава
(Фото/Видео) Се прашуваат зошто доаѓа на Канскиот фестивал, а нејзиното прво појавување е божествено
Поранешната ријалити ѕвезда, актерка и модел, Маура Хигинс, за прв пат се појави на Канскиот филмски фестивал и остави силен впечаток! Се чини дека ниту една од гласините дека „црвениот тепих не е за неа“ и дека ќе „направи целосен неуспех“ не беше точен.

Марта се појави во сосема ново издание и буквално ја воодушеви.
За нејзиниот гламурозен стил е заслужна стилистката Крис Феј која ѝ помогна да изгледа гламурозно во црн фустан без прерамки, нагласен со бела рамка по должината на деколтето.
Фустанот е дизајниран од њујоршкиот дизајнер Ендру Квон и е дел од есенската колекција 2023.
И додека Британците се прашуваат што прави Маура Хигинс на Канскиот филмски фестивал, таа им го даде одговорот со совршена облека – како отсекогаш да припаѓала таму.
Дури и нејзиниот нов имиџ со кратка коса совршено ѝ стои, па многумина се согласуваат дека изгледа како вистинска дива.
„Изгледа фантастично, но да, што прави тука?“, „Навистина сум збунета како се нашла тука…“, „Не знам која е, но изгледа како филмска ѕвезда, убава е“, „Елегантна и прекрасна“, „Целиот изглед ме потсетува на иконските супермодели од 90-тите, го обожавам!“… се некои од интересните коментари на интернет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ѕвездата од „Игра на тронови“ до 11 години не знаела како навистина се вика
Британскиот актер Кит Харингтон откри дека до својата 11-та година не знаел дека Кит не е неговото вистинско име.
Ѕвездата од „Игра на тронови“ е родена како Кристофер Кејтсби Харингтон, но сите од детството го викале Кит. Вистината ја дознал за време на училишен тест, кога наставниците му објасниле дека официјално е запишан како Кристофер Харингтон.
„Тоа беше прилично бизарна егзистенцијална криза за едно 11-годишно дете“, изјавил актерот.
И покрај откритието, никогаш не почнал да го користи името Кристофер, истакнувајќи дека Кит е дел од неговиот идентитет.
Харингтон светска слава стекна со улогата на Џон Сноу во „Игра на тронови“, а неодамна потврди и дека планираната спин-оф серија за ликот е откажана бидејќи не била пронајдена соодветна приказна.
Забава
Астролозите најавуваат еден од најсреќните денови во годината: Седум знаци ќе имаат најмногу среќа
На 9 јуни ќе се случи конјункција на Венера, планетата на љубовта, и Јупитер, планетата на среќата и изобилството, а астролозите сметаат дека тоа е еден од најповолните денови во годината.
Според астролошките толкувања, овој транзит носи можност за убави вести, позитивни пресврти и пријатни изненадувања, а најголема корист од него ќе имаат седум хороскопски знаци.
Најмногу среќа се предвидува за Раковите, бидејќи конјункцијата се случува токму во нивниот знак. Поволни влијанија се најавуваат и за Биковите, Стрелците и Рибите, додека Јарците, Вагите и Овните би можеле да добијат позитивни можности преку одредени предизвици или преку луѓе од нивната околина.
Астролозите сепак предупредуваат дека ваквата енергија може да поттикне и претерано трошење или преголема самодоверба, па советуваат умереност и внимателни одлуки.
Забава
Бајден откри детали од непријатното возење со Меланија Трамп во своите мемоари
Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, во своите нови мемоари „View from the East Wing“ откри детали од заедничкото возење со Меланија Трамп на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари 2025 година.
Бајден пишува дека атмосферата била толку напната што меѓу нив седел Џон Беслер, сопруг на сенаторката Ејми Клобучар, кој се обидувал да го одржи разговорот и да ја намали непријатната тишина.
Според неа, Меланија Трамп на прашањата одговарала кратко и најчесто разговорот го насочувала кон временските услови во Вашингтон. Една од темите бил и нејзиниот син Барон, за кого Меланија кусо одговорила дека студира на Универзитетот во Њујорк.
Џил Бајден во книгата споменува и телефонски разговор со Меланија по обидот за атентат врз Доналд Трамп во 2024 година, наведувајќи дека таа била љубезна и воздржана како и секогаш.
