Забава
(Фото/Видео) Секси кралица на скандалите: поради фустанот на риалити убавицата на сите им е непријатно
Реалити убавицата Кајли Џенер верно ги следи своите сестри во сите нивни провокативни модни изданија, па исто како и Кендал, таа подготви посебно изненадување за овогодинешната Мет Гала.
Ако мислевте дека Кајли дојде гола, не беше така, но со помош на оптички илузии и висока мода од Скијапарели, го постигна посакуваниот ефект.
Kylie Jenner on the 2026 #MetGala carpet (Video: Getty)
Full gallery here: https://t.co/s3S6Lmbkes pic.twitter.com/ZOp7DOHmvH
— Deadline (@DEADLINE) May 5, 2026
Нејзиниот фустан се состоеше од екстремно тесен корсет во боја на кожа, кој верно ја следеше нејзината фигура, вклучувајќи релјефни детали кај градите и папокот. Овој горен дел беспрекорно продолжуваше во богато кремасто здолниште украсено со илјадници бисери и вез.
Драматична фризура, силна вечерна шминка и осветлени веѓи го надополнија ова модно издание на контроверзната убавица, што не предизвика баш прекумерен ентузијазам кај публиката.
Ништо ново кога станува збор за сестрите Кардашијан-Џенер…
Иако Кајли целосно одговори на задачата на Мет Гала и ги комбинираше модата и ликовната уметност, се чини дека ова не беше доволно за острите критичари на социјалните мрежи, кои го опишаа нејзиниот изглед како скандалозен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Светот ме натера да почекам“: Сандра Булок зборува за мајчинството и посвојувањето
Актерката, Сандра Булок, го одбележа Мајчиниот ден со ретка објава на Инстаграм, споделувајќи семејни фотографии со своите посвоени деца, синот Луис (16) и ќерката Лајла (11), кои ги посвоила во своите 40-ти години.
Во објавата, 61-годишната актерка им упати порака на сите мајки, без разлика на начинот на кој станале мајки, истакнувајќи дека мајчинството е „животна чест“.
Таа сподели и фотографија од своето детство со својата мајка Хелга Мајер и сестрата, како и емотивна посвета на покојната мајка, на која ѝ се заблагодари и напиша дека ѝ недостига.
View this post on Instagram
Булок објави и дека поминува време со своите кучиња, честитајќи им Мајчин ден и на мајките на домашни миленици.
Актерката претходно изјавила дека посвојувањето деца во подоцнежни години било „вистинскиот момент“ за неа, и дека животот ја натерал да чека наместо да брза со одлуката.
Таа исто така открила дека порано ја плашела помислата да има ќерка, но со тек на време научила да ги прифати емоциите и животните искуства без страв или срам.
Булок додаде и со доза хумор дека, ако нејзината ќерка ѝ враќа со ист карактер, ќе знае дека тоа е влијание од нејзината покојна мајка.
Нејзиниот нов филм Practical Magic 2 се очекува во кината на 11 септември.
Забава
Корисници откриваат необични казни во Германија: „Од 25 евра за паркинг, сумата стана 40“
Луѓе на социјалните мрежи откриле необични казни што ги добиле во Германија, меѓу кои и зголемување на казна за паркирање.
Во објава на Фејсбук страницата „Балканци во Германија“, било поставено прашањето: „Која е најглупавата казна што сте ја добиле во Германија или за што не сте ни знаеле дека може да се добие казна?“. Коментаторите споделиле различни искуства, некои и со хумор, пренесе „Вечерњи лист“.
Еден корисник напишал дека возел во една насока, бил во зона 30 и бил малку побрз, по што бил фотографиран. Кога се вратил по 10 минути во истата улица, но во спротивна насока, повторно бил фотографиран и добил две казни по 25 евра.
Друг корисник раскажал: „Казната за паркирање од 25 евра за еден час ја зголемија на 40 евра. Мислев да го оставам автомобилот бидејќи веќе имав казна, но тие се вратија и ја зголемија бидејќи не го тргнав возилото во рок од еден час.“
Друг коментар гласи: „Мојот сопруг доби 20 евра казна за бавно возње затоа што возел 50 каде што е дозволено 70.“
Неколку корисници се потсетиле дека добиле казни за фрлање отпушок од цигара. Еден напишал: „Фрлен опушок на станица – 270 евра“, додека други споменале казни од околу 25 до 100 евра за слични прекршоци, како фрлање цигара во одвод.
Помеѓу коментарите се појавиле и други случаи: неплатена банкарска сметка затворена по време на корона-пандемијата, која по 6 години била наплатена со над 700 евра, берење висибаба по што следела пријава, како и 15 евра казна за оставен отклучен работен комби-автомобил на паркинг.
Еден коментар предизвикал смеа кај другите корисници: „Му дадов бакшиш на цариникот за јагне во багажникот.“
Други случаи вклучуваат 45 евра казна затоа што не можеле да го отворат багажникот на автомобилот во време на короната во 2021 година, како и ситуација кога дете од 3 години фрлило малку вафла за гулабите, по што била повикана полиција и следела казна.
На крај, еден корисник напишал дека во 35 години живеење во Германија не добил „глупава“ казна, освен две до три за непрописно паркирање.
Забава
(Фото/Видео) Најуспешното непо бебе го освои Холивуд: Сите зборуваат за тоа колку е убава
Ава Филипе, ќерка на Рис Витерспун и Рајан Филипе, неодамна стана заштитно лице на новиот парфем Wonderbloom Bliss од Vince Camuto. Ова е уште една голема соработка за младата ѕвезда која претходно работела на кампањи за познати модни и козметички куќи како што се Rodarte, Ivy Park и Dior Beauty, пишува Daily Mail.
Ава, која дипломирала на Беркли, се појави на промоцијата на новиот мирис во Лос Анџелес во елегантен розов мини-фустан инспириран од стилот на неглиже и привлече големо внимание од присутните. Темата за тоа колку Ава наликува на нејзината мајка исто така повторно беше покрената.
Сепак, таа наскоро може да има сериозна конкуренција. Ќерката на актерката Гвинет Палтроу, Епл Мартин, е пред дипломирање и веќе ангажирала познат агент за таленти, што многумина го гледаат како почеток на нејзината сериозна кариера во индустријата за забава.
Додека Ава бележи сè поголем успех, некои други деца на познати родители не успеаја да постигнат слични резултати. Така, Бруклин Бекам често беше мета на критики за неговите кулинарски обиди и едноставни рецепти што ги презентираше на јавноста.
Сличен пат имаа Камерон Даглас, синот на Мајкл Даглас, и Брук Хоган, ќерката на легендарниот борач Халк Хоган, кои со години се обидуваа да градат кариери независно од своите познати презимиња.
