Забава
Германец направи дрвен мотоцикл поради забраната од жена му
Германски столар работел дванаесет години за да изработи веродостојна дрвена копија на својот мотоцикл за салонот во домот, откако сопругата му забранила таму да го паркира оригиналот.
Андре Шлозер, 46-годишен дрводелец од Ниенборстел в сојузната земја Шлезвиг-Холштајн во северна Германија, потрошил 4.00 часови на изработката на дрвениот мотоцикл. „Понекогаш до глуждовите бев во пилевина“, вели за агенцијата DPA.
Неговата дрвана „Yamaha FZR 600R Aral Cup“ изминатата седмица е завршена, а секој нејзин дел е изработен рачно. Оваа идеја на ум по паднала поп кавга со сопругата.
„Сакав да го поставам мојот мотоцикл во собата за дневен престој кога престанав да го возам“, појаснува, но сопругата не сакала ниту да чуе за тоа. На крајот, дрвената копија била прифатена како компромисно решение, иако сопругата веројатно ниту сонувала дека нејзиниот маж навистина ќе ја оствари својата намера.
Следувале часови, денови и години минати во гаражата, а многуте делови кои не биле изработени како што треба завршувале во каминот. „Многу делови ги изработував по два или дури трипати“, вели Андре.
Најтежок за изработка се покажал ланецот, кој се состои од 430 делови. „Големината ја одредував одоколу, а пота работев од око“, признава.
Додека оригиналот тежи над 160 килограми, копијата изработена во најголем дел од смрека и од бука е тешка околу 100 килограми. Шлозер во текот на изработката на мотоциклот потрошил 10 дупчалки, а колку повеќе работел, толку повеќе внимание им посветувал на деталите. На пример, во моделот се вградени дрвени свеќички, иако тие не можат да се забележат од надвор“.
На крајот, сепак, најверојатно дрвената копија нема да заврши во салонот како што било предвидено. „Сакам луѓето да го видат“, вели Шлозер, кој сега размислува своето дело да го изложи во музеј./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.