Забава
Голема дупка голташе возила во австралиски камп

Стотина метри широка дупка неочекувано се отвори во популарен камп на австралискиот брег, голтајќи неколку автомобили и камп-куќичка, пренесуваат локалните медиуми во неделата.
Јамата на плажата Рејнбоу во сојузната држава Квинсленд почнала да се отвора околу полноќ. Песокот пропаѓал неколку метри во длабочина и исчезнувал во морето.
Појавата ја забележала една жена којашто почнала да вика за да ги предупреди луѓето во преполниот камп повикувaјќи да излезат од шаторите и камп-куќичките, пренесува телевизијата ABC.
Автомобил, караван и кампер за само неколку секунди пропаднеле во амбисот длабок три и широк стотина метри. Полицијата вели дека повеќе од 140 луѓе побегнале од кампот пред големата дупка.
Плажата е сместена на 240 километри северно од Бризбејн, популарно туристичка дестинација, а слична дупка се појавила и во 2011 година, додаваат медиумите./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Убиен е рок-гитаристот Горд Луис, син му е обвинет за убиството

Горд Луис (65), основачот и гитарист на панк рок-групата „Тинејџ Хед“, беше пронајден мртов во неделата во неговиот стан во Хамилтон, Онтарио (Канада) во, како што вели полицијата, очигледно убиство.
Неговиот 41-годишниот син – Џонатан Луис, бил уапсен веднаш откако полицијата пристигнала во станбената зграда. Според полицијата, тој е обвинет за убиство од втор степен.
Повеќе писатели и медиуми објавија дека им биле испратени низа пораки од две сметки за е-пошта со името Џонатан Луис. Пораките почнале околу 20 часот во саботата и продолжиле до доцните утрински часови во неделата.
Покрај барањата за помош, пораките вклучувале и упатувања дека неговиот татко е мртов.
Една е-пошта испратена во сабота навечер вклучувала: „Сега сакам само да добијам помош за мојата болест и да му дадам на татко ми правилно погребување. Тој не го заслужи ова“.
Забава
(Видео) „Чекај да дојадам“: видео со мачка и хрчко ги освои социјалните мрежи

На „Редит“ неодамна беше објавено смешно видео од две домашни миленичиња – мачка и хрчко – кое им ги освои срцата на гледачите.
Хрчкото со шепите држи крекер и го грицка, а мачката на почетокот на видеото стои над него. Во еден миг нежно го фаќа со забите за вратот, но веднаш не го носи, туку првин чека малиот глодч да заврши со грицкањето.
Видеото беше прегледано десетици илјади пати и многумина напишаа дека сцената е многу симпатична.
Сепак, некои луѓе коментираа дека идејата можеби не е добра.
„Проблемот е што кога мачката си игра со хрчко, тој може да се повреди за неколку секунди. Тоа може да се случи толку бргу што сопственикот можеби ќе нема време да реагира. Поради начинот на кој мачката си игра, тој може да изгуби око или да скрши нога или, пак, уште полошо“, напиша еден корисник.
„Да, ова е опасно за хрчкото. Особено ако направи некој погрешен потег што ќе ја натера мачката да помисли дека е плен. Тогаш ќе реагира инстинктивно“, додаде друг.
Забава
Фановите тврдат дека алкохолот е виновник за разделбата на Бен Афлек и Џеј Ло

Медениот месец само што заврши, а Бен Афлек и Џенифер Лопез наводно решиле да се разделат на одредено време.
Фановите се загрижени за уморниот изглед на Бен и имаат теорија за вистинската причина зад нивната одлука.
Папараците го забележаа видливиот умор на Афлек среде меден месец, а актерот повторно беше цел на мемиња и сензација на социјалните мрежи.
Дали причината е минатото на Афлек?
Корисниците на „Твитер“ имаат теорија за мистериозната причина за разделбата, а која нема никаква врска со идејата дека тоа го прават за да ја одржат магијата меѓу нив.
Според нив, најверојатно, Лопез побарала од Афлек да побара стручна помош за неговата зависност од алкохол, пишува шпанскиот весник „Марка“.
Афлек ја обвини поранешната сопруга за својата зависност.
Во една од своите најконтроверзни изјави досега Афлек ја обвини својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер дека е причина за неговата зависност од алкохол. Во интервјуто со Хауард Стерн актерот изјави: „Дел од причината поради која почнав да пијам беше затоа што се чувствував како да сум заробен. Често си мислев: „Не можам да побегнам од моите деца, но не сум среќен, што можев да направам? Пиев шише виски и заспивав на каучот, што не беше добро решение“.
Но, зависноста на Афлек датира многу порано пред бракот со Гарнер, па дури и пред неговата прва врска со Лопез.
Тој се пријави на лекување во 2001 година, потоа двапати додека беше во брак со Гарнер и повторно во 2017 и 2018 година.