Контакт

Hitech

(Видео) „Мајкрософт“ тестира подводен дата центар

Објавено пред

„Мајкрософт“ тестира користење на подводен центар за податоци во рамките на проектот „Natick“. Експерименталниот објект, внесен во контејнер, се наоѓа на морското дно во крајбрежјето на Шкотска, соопшти „Форчн“. Бидејќи центрите за обработка на податоци лачат поголемо количество топлина, компаниите се стремат да ги постават во држави со ладна клима, намалувајќи ги на тој начин трошоците за ладење на опремата. Ова, заедно со водата за ладење, ја предодредува одлуката на „Мајкрософт“.

Подводниот дата центар на компанијата се состои од 864 сервери. Во текот на една година експертите на компанијата ќе набљудуваат колку ефикасно е ладењето на серверите и ако резултатите се добри, „Мајкрософт“ ќе изгради уште неколку слични центри за податоци.

Над половина од населението на Земјата живее на крајбрежната линија, долга 200 км. Ако центрите за податоци се распоредат близи приморските градови, тогаш податоците од нив ќе се пренесуваат на големо растојание, како резултат на што ќе се зголеми брзината при прелистување на веб-страници, гледање видео и онлајн игри, покажуваат пресметките на „Мајкрософт“. Подводните центри за податоци ќе ја забрзаат обработката на податоците со вештачка интелигенција. Според шефовите на проектот, таквите центри за податоци можат да работат најмалку пет години без сервис.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Уред кој е следниот голем чекор во развојот на виртуелната реалност

Објавено пред

Од

Досегашното искуство со виртуелната реалност главно се темели на игри и забава. Било која посериозна работа беше тешко да се постигне, првенствено поради неможноста ефикасно да се користи виртуелна тастатура.

Сега, компанијата „Тап системс“ направи уред кој истовремено претставува тастатура и глувче, но и џојстик за игри, што на корисниците им овозможува едноставна употреба.

Уредот се навлекува на дланката, односно на врвот на прстите и го детектира нивното тапкање. Тој е ергономски дизајниран и не пречи при употреба.

Преку bluetooth конекција може да се поврзе со различни уреди и може да се користи за пишување текст, позиционирање, кликање и лизгање на речиси секоја површина.

Исто така постои и можност за прилагодување на виртуелните тастери, така што може да се адаптира на различни игри.

Покрај неговата употреба во комбинација со VR опрема, може да се користи и независно од неа. Уредот ги поддржува оперативните системи Windows, Android и iOS.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Фејсбук“ воведува своја апликација слична на Тиндер

Објавено пред

Од

Почнувајќи од денес, луѓето во Колумбија ќе можат да создадат свој профил за онлајн запознавање на „Фејсбук“, а веројатно ваквата опција наскоро ќе биде достапна и за корисниците од други земји.

Иако можеби одлуката ваква апликација најпрво да се воведе во Колумбија изгледа чудна, од „Фејсбук“ велат дека тоа е одличен избор бидејќи луѓето таму целосно го прифаќаат запознавањето преку интернет, а социјалната мрежа има 30 милиони активни корисници.

Притоа, со ваквиот избор се ограничува љубопитноста на новинарите кои неуморно ги ловат грешките на оваа социјална мрежа, а се минимизира и просторот за маркетинг грешки кои сериозно би ги погодиле финансиите на „Фејсбук“ доколку се случат во друга земја, каде што на реклами се вртат стотици милиони долари.

Сепак, познавачите предупредуваат дека со ваквата мрежа за состаноци, „Фејсбук“ ќе добие изобилство податоци за личните навики и вкусови на корисниците кои ќе ги користи под изговор за пронаоѓање совршен партнер.

Прикажи повеќе...

Hitech

Вештачката интелигенција ќе овозможи комуникација меѓу луѓето и животните

Објавено пред

Од

Фантазијата за комуникација со животни постои одамна, особено од пред 50 години, кога доктор Дулитл првпат се појави во Холивуд. Експертите сега веруваат дека тоа конечно може да стане реалност.

Ова би можело да се постигне со помош на вештачка интелигенција која ќе создаде системи за толкување и преведување. Овие системи ќе ни помогнат да разбереме што  мислат животните за нас.

Меѓу првите животни кои ќе бидат подложени на овој модел на тестирање се китовите, мајмуните и слоновите. Системот треба да собере повеќе од 50 000 часа на аудиоснимки на комуникација што се одвива меѓу китовите, како и звучни снимки од најпопуларните собиралишта на слонови во Конго.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија9 часа

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија9 часа

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија10 часа

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Македонија10 часа

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија12 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет13 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија13 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ14 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести14 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа14 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет14 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија1 ден

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура1 ден

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија1 ден

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија1 ден

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија1 ден

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија1 ден

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија2 дена

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ2 дена

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Досие