Контакт

Hitech

„Гугл“ ќе постави подводен кабел од Франција до Вирџинија

Објавено пред

Американскиот интернет-гигант „Гугл“ најави поставување трансатлантски подводен кабел од Франција до Вирџинија.

Од компанијата соопштија дека крајната точка на подводниот кабел ќе биде во континенталниот дел на САД, во Вирџинија Бич и дека неговото пуштање во употреба се очекува во 2020 година.

Како што велат од „Гугл“, со проширената мрежа проектот ќе обезбеди подобро опслужување на корисниците, имајќи предвид дека интернет-сообраќајот преку Атлантикот е меѓу најпрометните.

Кабелот, исто така, ќе го поддржи растот на „Гугл клауд“.

Проектот е именуван според иноваторот Анри Динан, првиот добитник на Нобеловата награда за мир и основач на Црвениот крст.

Hitech

Вештачката интелигенција ќе овозможи комуникација меѓу луѓето и животните

Објавено пред

Од

Фантазијата за комуникација со животни постои одамна, особено од пред 50 години, кога доктор Дулитл првпат се појави во Холивуд. Експертите сега веруваат дека тоа конечно може да стане реалност.

Ова би можело да се постигне со помош на вештачка интелигенција која ќе создаде системи за толкување и преведување. Овие системи ќе ни помогнат да разбереме што  мислат животните за нас.

Меѓу првите животни кои ќе бидат подложени на овој модел на тестирање се китовите, мајмуните и слоновите. Системот треба да собере повеќе од 50 000 часа на аудиоснимки на комуникација што се одвива меѓу китовите, како и звучни снимки од најпопуларните собиралишта на слонови во Конго.

Прикажи повеќе...

Hitech

Над 300 учесници на седмото издание на AllWeb – конференција за дигитални комуникации

Објавено пред

Од

Дигитална трансформација претставува процес на зголемена употреба на дигитални алатки и технологии од страна на една организација (компанија) со цел да се изврши коренита промена на внатрешните и надворешните процеси и функции на истата. Ако сака да успее на пазарот, секоја корпорација, бренд, мало или средно претпријатие, фриленсер, занаетчија мора да се стреми кон тоа. Она што е важно и треба да се потенцира е дека дигиталната трансформација е предводена од стратегијата, а не од технологијата.

Токму ова ќе биде во фокусот на седмото издание на AllWeb, конференцијата за дигитални комуникации, која на 16 ноември ќе се одржи во Скопје. Како и до сега, на сцена ќе се појават врвни говорници од Европа и светот за да ги споделат своите искуства и научени лекции на темата. Покрај тоа, ќе се зборува и за иднината на (социјалните) медиуми и за други актуелни теми од светот на маркетингот и онлајн комуникацијата.

,,Седми пат по ред AllWeb ќе покаже зошто беше прва и сè уште е единствената конференција за дигитални комуникации во Македонија. Листата на говорници ја составувавме многу внимателно за секој учесник да може да слушне нешто од неговото поле на интерес. За некои од посетителите, ова ќе биде ново и сосема поинакво искуство, за други ќе значи почеток на промена во работењето, за трети можеби и нови бизнис-можности, но едно е сигурно – никој нема да остане рамнодушен“, вели Дарко Булдиоски, директор на програма на AllWeb.

На конференцијата се очекува учество на околу 300 претставници на високите одлучувачки структури во различни компании, маркетинг и професионалци за односи со јавноста, претприемачи. Дел од говорниците на сцената се Мет Десмајер – директор на компанијата за стратешки комуникации Wise Old Uncle, Драган Варагиќ – консултант за дигитална трансформација и автор на книгата „Дигитален пре-маркетинг“, Владимир Тошиќ- менаџер за дигитални комуникации во „Кока-кола“ за југоисточна Европа и др. Билетите се достапни преку официјалната веб-страница на конференцијата: allweb.mk.

Прикажи повеќе...

Hitech

До 2025 роботите ќе извршуваат повеќе работи отколку луѓето, тврди Светскот економски форум

Објавено пред

Од

Роботите најдоцна до 2025 година ќе извршуваат 52 отсто од постоечките работи, што е речиси двојно повеќе од денес, се наведува во истражувањето објавено од страна на Светскиот економски форум (WEF).

Студијата се базира на анкета во која беа вклучени директори на кадровски служби и други високи челници на голем број компании од целиот свет, кои во глобалниот БДП имаат удел од околу 70 отсто.

Според нивните проценки, машините до 2025 година ќе извршуваат повеќе од половина од задачите на работното место, додека денес завршуваат 29 проценти од работата, се наведува во извештајот на Светскиот економски форум со наслов „Иднината на работните места 2018“.

Паралелно со тоа луѓето може да добијат нови улоги, што од нив ќе бара преквалификација за да задржат чекор со „тектонските поместувања“ во однос на машините и компјутерските програми, проценува Светскиот економски форум.

„Брзите промени на машините и алгоритмите би можеле да создадат 133 милиони нови позици кои ќе ги заменат 75-те милиони во згасување, во периодот од сега до 2022 година“, предвидува Светскиот економски форум.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Топ1 час

(Вознемирувачко видео) Крвава тепачка во Аеродром, едно лице во бесвест

Крвава тепачка се случи вечерва во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. Според очевидци едно лице од силината на ударите...

Вести5 часа

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион6 часа

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија10 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија11 час

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија11 час

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија13 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија13 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија13 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија14 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија14 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет15 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија1 ден

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија1 ден

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија1 ден

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија1 ден

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток1 ден

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ1 ден

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Досие