Контакт

Hitech

Нова мобилна апликација „без која нема живот во Македонија”

Објавено пред

Пред неколку дена беше лансирана мобилната апликација GRID и за краток период беше „симната” од преку 15 000 корисници.

Преку модерен и интуитивен дизајн, апликацијата овозможува да се следат најнови и актуелни вести од преку 200 македонски извори со посебна можност секој корисник да одбере свои омилени медиуми и категории. Она што оваа апликација ја прави уникатна е опцијата секој корисник да креира сопствени категории според своите интереси, како на пример: Калиопи, Xiaomi, РК Вардар и др.

Добивајќи селектирани вести од релевантни медиуми, апликацијата ве штити од лажните вести, а исто така го штеди и времето изгубено за „шетање” по сајтови.

Посебна категорија е „Мои вести” каде што корисникот може да ги сочува омилените вести и да ги прочита подоцна.

Она што дава дополнителна вредност е копчето во долниот десен агол што нуди информации до кои тешко (или никако не) се доаѓа: кои филмови играат на ТВ, со детални описи и трејлери, комплетен преглед на спортските настани, сите театарски претстави, концерти поделени по жанрови, дневен хороскоп…

На апликацијата работеше тим од 12 експерти, а за изработка беа потребни девет месеци. Вам ви останува да ја симнете на Google Playstore или регистрирајте се да бидете првите кои ќе ја добијат новата iOS верзија.

Hitech

(Видео) НАСА објави прво видео со висока резолуција од вселената

Објавено пред

НАСА почна на „Јутуб“ да објавува видеа од вселената во висока резолуција – 8К.

Првото вакво видео е снимено на Меѓународната вселенска станица, која дава сосема нов поглед на бурата, Месечината, па дури и на научните експерименти.

„На новото видео деталите се видливи повеќе од кога било. Технологијата на камерата продолжува да напредува, а можноста да ја видиме планетата на толку детален начин е добра работа“, вели Дилан Матис од НАСА.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Сони“ претстави дискови со капацитет од 128 гигабајти

Објавено пред

Компанијата „Сони“ ги произведе првите индустриски четирислојни блуреј-дискови. Новите BDXL-дискови може да складираат дури 128 гигабајти податоци.

Сепак, на блуреј-дисковите не може одново да се празапишат податоци, што значи дека на нив содржина може да се сними само еднаш, а за внесување на податоците потребни се специфични блуреј-драјвови.

Пред овој модел, блуреј беше ограничен на три слоја и капацитет до 100 гигабајти. „Сони“ истакнува дека новите дискови се четири пати побрзи во снимање на податоците од стандардните блуреј-модели.

Новите BDXL-модели на блуреј би можеле да помогнат во олеснувањето на складирањето содржини популарни кај корисниците, како што се видеоигрите.

Денешните игри стануваат сè поголеми и поголеми (Red Dead Redemption 2, на пример, се продава на два двослојни блуреј-диска).

Новите черирислојни дискови од „Сони“ чинат 13 евра.

Прикажи повеќе...

Hitech

Роботи ќе разнесуваат пошта низ Норвешка

Објавено пред

Норвешката национална пошта „Постен Норге“ набргу ќе почне да користи поштарски роботи, односно роботизирана служба за испорака, со цел да им обезбеди на корисниците подобра достава на пратките.

Норвешката пошта потпиша договор со стартап-компанијата „Бади мобилити“, која има седишта во Осло и Сан Франциско. Нивниот план е во првата фаза на улиците да пуштат роботизирани возила само во областа на градот Конгсберг, а подоцна и во другуте норвешки градови, пренесува „Танјуг“.

Роботот поштар ќе функционира така што ќе доаѓа до домовите на корисниците и ќе ги известува за пристигнувањето на пратката. Пораката ќе биде примена од граѓаните на Конгсберг преку апликација за паметен телефон. Пораката исто така ќе го прикажува кодот за отклучување на поштенското возило во кое ќе биде сместен пакетот.

Роботизираното возило ќе патува со брзина од 6 километри на час, а со тоа темпо ќе може да испорача пратки до сто адреси на ден. По доставувањето на сите пакети, возилото ќе се враќа во седиштето на поштата, ќе ги наполни своите батерии и ќе чека за нови пратки.

Портпаролот на норвешката пошта, Џон Екоф, рече дека поштата сега има околу 20.000 вработени помалку отколку што имала во средината на деведесеттите години на минатиот век.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

(Видео) Шешељ: Груевски преку Србија премина во Унгарија

Никола Груевски преку Србија премина во Унгарија, а четнички баојнети го обезбедуваа до Хоргош, изјави Војислав Шешељ во емисијата „После...

Македонија1 час

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Македонија2 часа

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија3 часа

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија3 часа

Кабинетот на Иванов: Јанакиески се сретна со претседателот, но не бараше амнестија

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, завчера имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов, но не зборуваа за амнестија,...

Македонија3 часа

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Македонија5 часа

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија5 часа

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола...

Македонија5 часа

Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола...

Македонија5 часа

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност...

Македонија5 часа

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток6 часа

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток6 часа

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија7 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа8 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија9 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија9 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија20 часа

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија24 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија1 ден

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Досие