Контакт

Hitech

Се спојуваат Ватсап, Инстаграм и Фејсбук-месинџер

Објавено пред

„Фејсбук“ ќе ги спојува услугите за испраќање и примање пораки на „Ватсап“, „Инстаграм“ и „Фејсбук-месинџер“ во една услуга. Ова би требало да се случи на почетокот на наредната година.

Секоја апликација и натаму ќе постои самостојно и ќе има свои индивидуални карактеристики, но платформата за размена на пораки ќе им биде заедничка. Идејата за овој чекор е подобрување на комуникациите меѓу милијарди корисници на разни апликации во сопственост на „Фејсбук“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

„Твитер“ падна – илјадници корисници не можат да се логираат на платформата

Објавено пред

Илјадници корисници ширум светот не можат да се вклучат на „Твитер“. Од компанијата првично наведоа дека ги испитуваат можните причините поради кои корисниците не можат да пристапат до платформата, а подоцна соопштија дека проблемот настанал поради промена на внатрешната конфигурација.

„Прекинот се должи на промена на внатрешната конфигурација, која сега ја решаваме. Некои луѓе повторно ќе можат да пристапат до ‘Твитер’. Работиме на тоа ‘Твитер’ да биде достапен за сите што е можно побрзо“, соопштија од компанијата.

Според податоците на Downdetector.com засега близу 70.000 корисници пријавиле дека не можат да се логираат.

Откако корисниците почнале да објавуваат дека имаат проблеми со пристапот до платформата, акциите на „Твитер“ паднале.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) Кошаркарскиот робот на „Тојота“ стана Гинисов рекордер

Објавено пред

Компанијата „Тојота“ влезе во Гинисовата книга на рекордите, беше објавено на нивниот официјален блог, но ваквото достигнување нема никаква врска со производството на автомобили. Во 2017 година инженери од јапонската компанија решиле дека би било забавно да го искористат своето слободно време за изработка на кошаркарски робот кој би можел да погоди кош од секој обид.

До април 2019 година ја претставија својата трета модификација на роботот кој го нарекоа CUE3, а веќе следниот месец роботот се обиде и успеа да постави Гинисов рекорд за најуспешна серија на слободни фрлања на хуманоиден робот (со човечка помош).

Првата цел на тимот за поставување светски рекорд била 1.000 коша, која CUE3 лесно ја постигнал, така што му била поставена нова цел – 2.020, симболична цифра во знак на престојните Олимписки игри во Токио. По тоа, тие се одлучиле да запрат иако роботот сè уште не промашил ниту еден кош.

Сепак, колку и да е импресивно ова достигнување, CUE3 не е ограничен само на слободни фрлања. Вештачката интелигенција што го управува роботот успешно ја одредува оддалеченоста до целта, што практично значи дека тој може да погоди кош и од линијата за три поени, па дури и од центарот на теренот. Погодоците ги реализира еднакво успешно и со левата и со десната рака.

Прикажи повеќе...

Hitech

Голем број опасни апликации демнат во „Гугл плеј стор“

Објавено пред

Корисниците по се изгледа не може туку-така да веруваат дека сите апликации во „Гугл плеј стор“ се безбедни.

Токму ова го докажува истражување што било спроведувано дури две години. Универзитетот во Сиднеј пронашол околу 2.040 штетни и злонамерни апликации на популарната платформа за андроид уреди.

Во истражувањето биле анализирани еден милион апликации во продавницата „Гугл плеј“. Притоа детектирани се голем број лажни апликации, апликации за кои е потребен пристап до многу приватни податоци за корисниците, а интересно е дека меѓу ваквите апликации спаѓаат и некои популарни игри, вклучувајќи ги Hill Climb Racing или Temple Run. За успешно да се анализираат толку многу апликации, истражувачите користеле методи на машинско учење, пренесува „PC Press“.

Алгоритмите откриле дури 49.608 потенцијални закани. Потоа, со користење на VirusTotal софтверот, 7.246 апликации биле карактеризирани како злонамерни, додека 2.040 од нив биле оценети како лажни или високо ризични.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија1 час

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија2 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион4 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија6 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија7 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија9 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија9 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија10 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија10 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија11 час

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија12 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија14 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава14 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет14 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет16 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион16 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт1 ден

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа1 ден

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт1 ден

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Досие