Контакт

Hitech

Првиот електричен автомобил на светот бил направен пред 116 години од 'Porshe'

Објавено пред

Првиот електричен автомобил е конструиран уште во 1989 година, а неговиот творец е авторот на денес популарните спортски автомобили Фердинанд Порше, пишува во вторникот германскиот дневен весник Frankfurter Allgemeine Zeitung, според кој возилото и денес постои и функционира

dobivaj vesti na viber

Од порано беше познато дека Фердинанд Порше, конструкторот на во подоцнежните години популарниот истоимен автомобил и на уште попопуларниот „ Volkswagen“ , експериментирал со автомобилски мотор на електричен погон, а неодамна било откриено дека тој прв електричен автомобил сé уште работи. Волфганг Порше, внук на Фердинанд Порше и претседател на надзорниот одбор на акционерското друштво „Porshe“, минатата 2013 година добил понуда да го откупи првиот модел на електричниот автомобил кој го конструирал неговиот дедо. Возилото се повторно е во сопственост на семејството Порше и ќе биде изложено во музејот на производителот во Штутгарт. Продавачот сакал да остане анонимен, а кога електромоторот бил приклучен на батерија се покажало дека тој сé уште работи, пишува Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Но автомобилот во кој е вграден електричниот мотор не е од брендот „Porshe“, туку е „Egger-Lohner“, но несомнено станува збор за конструкција на Фердинанд Порше, од периодот кога како студент работел за споменатата австриска компанија, пред да се осамостои и да ја направи кариерата во соседна Германија. На воланот од автомобилот, кога бил откриена, висело парче хартија со рачно испишана белешка на Фердинанд Порше, а на самото возило на неколку места е гравиран знакот „Р1“, што претставува негова авторски потпис.

Марката „Egger-Lohner“ настанала во соработката на Бел Егер, сопственик на компанијата којашто е претходник на виенското електростопанство и познатиот виенски произведувач на кочии Јакоб Лохнер. Двајцата претприемачи размислувале за предностите и недостатоците на електричните автомобили и оние на фосилни горива и во нивните планови извесен период предност имал електричниот автомобил. Тогаш младиот Фердинанд Порше соработувал на првиот модел, кој никогаш не е изграден, потоа конструирал сопствен модел, кој под ознаката „Еgger-Lohner C.2“ во јуни 1989 година се појавил на улиците на австриската престолнина Виена, а неофицијално ја носел ознаката „Р1“ според својот конструктор.

Порше го конструирал и моторот од три коњски сили тежок 130 килограми, кој висел на задната оска. Оловните батерии, тешки по 500 килограми овозможувале автомобилот да измине растојание до 80 километри при просечна брзина од 25 километри на час. Имајќи ги предвид претходните податоци, разбирливо е што ова возило тежело 1,35 тони,а долго е 2,55 метри.

Весникот Frankfurter Allgemeine Zeitung потсетува дека компанијата „Porshe“ со својот електричен автомобил во 1899 година учествувал на трка во Берлин и победил, возејќи со просечна брзина од 25,8 километри на час.

Фердинанд Порше во 1900 година за истиот производител го конструирал и првиот автомобил на хибриден погон, со мотор придвижуван од енергија добиена со комбинација на електрична енергија и бензини, кој следните две години дури бил сериски произведуван, речиси еден век, поточно 95 години пред современите.

Во меѓувреме производителите се откажале од електричната енергија како погонско гориво за автомобилите, а Фердинанд Порше минал во „Daimler“ во Германија, за подоцна по налог на властите во времето на Адолф Хитлер да ко конструира првиот „Volkswagen“ и ја основал фабриката којшто денес ја води неговиот внук Фердинанд Пиех. Фердинанд Порше го конструирал во 1949 година првиот автомобил кој го носи неговото име./крај/фм/сн

Hitech

(Видео) Neuralink покажа како човек го движи курсорот на глувчето на екранот со своите мисли

Објавено пред

Стартапот на Елон Маск, Neuralink, покажа како 29-годишен неподвижен човек, кому неодамна му бил вграден првиот чип во мозокот, игра шах на интернет преку своите мисли.

dobivaj vesti na viber

Целосно парализираниот Нолад Арбог играше шах на својот лаптоп движејќи го курсорот на глувчето со умот. Имплантот на стартапот на Маск му беше вграден пред два месеца.

„Моето име е Ноланд Арбо, имам 29 години, имав нуркачка несреќа пред осум години и оттогаш сум квадриплегичар. Сакам да играм шах и тоа е една од активностите што ми ги овозможивте, нешто што не можев да го направам во изминатите неколку години, особено не вака. Порано користев глушец, но сега правам сè со мојот мозок“, изјави, меѓу другото, Ноланд.

Чипот на Neuralink е дизајниран да ја чита мозочната активност, да дешифрира какво движење има намера да направи личноста, а потоа да активира команда за извршување на таа акција. Арбо рече дека првично вежбал да се обидува да ја движи раката додека не станало интуитивно да се замисли како го движи курсорот.

Прикажи повеќе...

Hitech

Остар пад на продажбата на „ајфон“ во Кина

Објавено пред

Продажбата на „ајфон“ на „Епл“ во Кина падна 24 отсто во првите шест недели од оваа година во споредба со почетокот на 2023 година, според истражувачката компанија „Контерпоинт“, како одраз на се посилната конкуренција.

dobivaj vesti na viber

Американскиот технолошки гигант се соочува со жестока конкуренција од кинеските ривали. Така, продажбата на „хуавеј“ скокнала 64 отсто во истиот период, се наведува во извештајот.

Ниту „Ајфон“ ниту „Хуавеј“ веднаш не одговорија на барањето на Би-би-си за коментар на податоците.

Покрај обновениот раст на продажбата на „хуавеј“ во сегментот на поскапи телефони, „Епл“ е под притисок и од агресивната ценовна политика на кинеските „Опо“, „Виво“ и „Ксијаоми“, напиша Менгменг Џанг од „Контерпоинт рисрч“.

Според извештајот, падот на кинескиот пазар во целина е седум проценти. Кина е еден од најголемите пазари на „Епл“.

„Хуавеј“ со години е измачуван од американските санкции, но неговата продажба порасна кога во август минатата година ја лансира серијата 5Г-мобилни телефони „мате 60“, што ги изненади аналитичарите бидејќи му беше забранет пристапот до клучните чипови и технологијата потребни за 5Г-мобилен интернет.

Заедно со „Хуавеј“, само „Хонор“ забележа раст на продажбата меѓу првите пет брендови, според извештајот на „Контерпоинт“. Според „Контерпоинт“, „Виво“, „Ксијаоми“ и „Опо“ продале помалку мобилни телефони отколку во првите шест недели од 2023 година.

Извештајот исто така покажа дека уделот на „Епл“ на кинескиот пазар на паметни телефони паднал на 15,7 отсто од 19 отсто минатата година, што значи дека паднал од второто на четвртото место.

„Хуавеј“ се искачи на второто место, со пазарен удел од 16,5 отсто, речиси двојно повеќе од пред една година.

„Виво“ ја задржа позицијата на производител со најмногу продадени мобилни телефони и покрај падот на продажбата од 15 проценти.

Прикажи повеќе...

Hitech

Илон Маск ги исмеа Инстаграм и Фејсбук: „Ако ја читате оваа објава…“

Објавено пред

Сопственикот на апликацијата „Икс“ Илон Маск, се потсмеваше на својот профил поради неуспехот на Фејсбук и Инстаграм.

dobivaj vesti na viber

По цел ден корисници на Фејсбук, Месинџер и Инстаграм се жалеа дека не можат да пристапат до нивните сметки, медиумите објавија дека има дефект и дека не се знае кога ќе биде отстранет.

Поради оваа вест и прашањето на многумина, што всушност се случува, се огласи Илон Маск, сопственикот на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер), на кого корисниците на оваа мрежа масовно му поставуваа прашања за падот на апликациите на Мета.

„Ако ја читате оваа објава, тоа е затоа што нашите сервери работат“, напиша Маск на својот „Икс“ профил.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија2 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија4 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија6 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија6 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија8 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ9 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија9 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија9 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија12 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет12 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет13 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија13 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион13 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет13 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет13 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...