Контакт

Hitech

Audi со нов дизајн

Објавено пред

Audi влегува во ера на нов дизајн: На автомобилскиот саем во Лос Анџелес, Марк Лихте, главниот дизајнер на Audi, го претстави новиот Audi концепт автомобил.

dobivaj vesti na viber

 

Лихте на брендот Audi му даде нова стилска насока за големо купе.

 

“Кога дојде во Audi, Марк Лихте веднаш ја започна дизајнерската офанзива”, изјави д-р Улрих Хакенберг, член на управниот одбор за развој, кој го покани Лихте во Инголштад во 2014 година.

“Неговата јасна филозофија и точно разбирање на гените на Audi му овозможи да развие врвна дизајн стратегија, која за нас отвора сосема нови перспективи. Тој е прогресивен и високо емотивен и ја изразува технолошката компетентност и квалитет кои совршено го опишуваат брендот. Audi концептот е првиот автомобил со негов потпис”.

 

Марк Лихте го опиша карактерот на автомобилот на свој начин: “Audi се залага за спортски, лесен дизајн и постојан погон на сите тркала. Во Audi концептот, ние го вложивме целото знаење во една нова форма – го трансформиравме најспортскиот автомобил во луксузен

сегмент. Нашиот тим внесе нов пристап како во надворешниот, така и во внатрешниот дизајн”.

 

Дизајнот на Audi сега ја пренесува прогресивната технологија уште помоќно. Спортското купе со две врати има едноставен и елегантен облик во спортски и затегнат дизајн. Сите негови форми и линии се непогрешливи и претставуваат многу нови идеи. Во јасниот ентериер, преку комбинирање повеќе елементи со кои се пренесуваат информациите до возачот, брендот создаде сосема нова инструмент табла. Целиот преден дел на инструмент таблата е голем екран чувствителен на допир, а во еден дел корисничкиот интерфејс работи со нов тип на OLED екран направен од органски LED диоди.

 

Технологијата на автомобилот ги комбинира моќта, удобноста и ефикасноста. 4.0 TFSI бензинскиот мотор има моќ од 445 kW (605КС) и 750 Nm вртежен момент со што Audi забрзува од 0 до 100 km/h за 3,7 секунди. Динамичното управување на сите тркала му

овозможуваат врвна стабилност.

 

Новиот концепт на Audi е малку пократок и порамен во споредба со моделот од сериско производство Audi А8. Концептот е 5,10 метри долг, меѓуоскиното растојание изнесува 2,94 метри, широк е 1,95 метри и висок 1,39 метри. Доминантна карактеристика во долниот преден дел е едноделната решетка на која се поставени четирите прстени, кои се целосно интегрирани во автомобилот. Големата маска на ладилникот е значително проширена, а нејзината позиција е пониска во споредба со актуелните производни модели. Со силниот

хоризонтален ефект се добива впечаток на моќна динамика.

 

Светлата имаат широк и рамен облик а нивните завршетоци доаѓаат веднаш до едноделната решетка. Тие ја претставуваат Matrix ласерската технологија, иновација преку која Audi отвора нова ера во дизајнот на предните светла со цела низа нови функционалности.

 

Новата ласерска технологија им овозможува на дизајнерите да создадат светла кои се екстремно лесни, компактни, елегантни и имаат форма на око.

 

 

Просторната внатрешност на Audi концепт автомобилот изгледа како луксузен апартман. Се заснова на Gran Turismo дизајнот, а тоа овозможува и поспортско возење и опуштено крстосување.

 

Целата инструмент табла целосно визуелно се прилагодува на специфичниот стил на возење. Внатрешноста го означува почетокот на една нова ера во дизајн на Audi. Екраните се интегрирани во инструмент таблата и во средишната конзола, а мултимедијалниот

систем овозможува одлична комуникација на возачот и патниците.

 

При влегување во купето со четири седишта, автомобилот им посакува на своите патници топло добредојде. “Батлер” – иновативната интелигентна софтверска програма – ги идентификува патниците преку нивните паметни телефони и ги прилагодува седиштата и клима уредот според нивните преференци. Системот, исто така, дава препораки за изборот на музика и помага при изборот на дестинацијата според желбите на патниците. Easy Slot системот, развиен од Audi се наоѓа под средишната конзола. Посебен механизам ги вмрежува паметните телефони на патниците во возилото со мултимедијалниот систем. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Во Кина побарувачката за мобилни телефони на „Епл“ значително се намали, продажбата на „Хуавеј“ скокна за 70 отсто

Објавено пред

Испораките на мобилни телефони на „Епл“ во Кина паднаа 19 отсто во првиот квартал, што ја одразува заканата за доминантната позиција на американскиот гигант во повисокиот сегмент по враќањето на „Хуавеј“ на пазарот, покажуваат податоците на пазарот. Уделот на „Епл“ на најголемиот пазар на паметни телефони во светот падна на 15,7 отсто во првиот квартал, од 19,7 отсто на почетокот на 2023 година. Ова го доведе американскиот гигант речиси на исто ниво со „Хуавеј“, чија продажба скокна 70 отсто, според истражувачката компанија Counterpoint.

dobivaj vesti na viber

„Виво“ ја презеде круната на „Епл“ како најголем продавач на паметни телефони во Кина. Американската компанија падна на третото место, зад „Хонор“, бренд на подостапни уреди. На четврто место е „Хуавеј“, чиј пазарен удел скокна од минатогодишните девет на 15,5 отсто.

„Враќањето на „Хуавеј“ на пазарот директно влијаеше на „Епл“ во премиум-сегментот. Треба да се додаде дека побарувачката за нови мобилни телефони на „Епл“ за замена на постарите модели беше малку придушена во споредба со претходните години“, рече аналитичарот на Counterpoint, Иван Лам, во соопштението за печатот.

Во меѓувреме, „Епл“ почна промотивни кампањи обидувајќи се да ги привлече потрошувачите со попусти, вклучувајќи субвенционирање одредени модели на „Ајфон“ до 1.300 јуани (168,29 евра).

Минатата недела „Хуавеј“ ѝ ја претстави на јавноста новата серија смартфони Pura 70. Во август минатата година, по долга пауза, ја лансираа серијата Mate 60, која некои аналитичари ја протолкуваа како триумф над американските санкции, врз основа на софистицирано домашно производство на чип.

Канадската истражувачка компанија TechInsights очекува Кинезите да купат повеќе од 50 милиони мобилни телефони оваа година, вклучително и 10 милиони од Huawei Pura 70. Тоа ќе го стави „Хуавеј“ на прво место, со пазарен удел од 19 отсто, што е повеќе од 12 отсто минатата година.

Во првиот квартал кинескиот пазар на паметни телефони порасна 1,5 отсто продолжувајќи го позитивниот тренд од крајот на 2023 година, според Counterpoint.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Воцап“ воведе суптилна промена, корисниците во светот бесни

Објавено пред

Со оглед на тоа дека има две милијарди активни корисници, слободно може да се каже дека „Воцап“ е една од најпопуларните апликации во светот. Но, многумина останаа бесни по новата суптилна промена воведена во платформата за пораки.

dobivaj vesti na viber

Наместо „онлајн“ и „пишува“, зборовите што вообичаено се појавуваат под имињата на луѓето во вашите разговори, сега има големи почетни букви на тие зборови. Иако ова звучи како мала промена, корисниците во светот воопшто не се задоволни поради тоа и се жалат на социјалните мрежи.

„Дали на некој друг му пречи што наместо ‘онлајн’ и ‘пишува’, ‘Воцап’ сега исфрла големи букви?“, „Ова страшно ме нервира, ме болат очите кога го гледам“, „Воопшто не е некоја промена, но мене ми е неверојатно иритирачки“, пишуваат тие на „Икс“.

@isabellemariewa Wieso schreibt ihr das auf ein mal groß Whatsapp? Ich habe Fragen #fyp #whatsapp #relatable #foryou ♬ Originalton – Isabelle Marie

За жал, се чини дека промената ќе остане, без достапна опција во поставките за враќање на претходната верзија. Меѓутоа, ако новите големи букви навистина ве излудуваат, ќе бидете среќни кога ќе слушнете дека постои лесен начин за решавање. Сè уште има мали букви на WhatsApp Web.

@oicaramba Did whatsapp always capitalize the first letter of “typing” and “online”? #fyp ♬ original sound – oicaramba

@sophiepetrucciohall #whatappstatus #whatsapp anyone else noticed? #fyp #mybrain ♬ оригинальный звук – •🎧🎤•

Прикажи повеќе...

Hitech

Xiaomi почна да произведува електрични автомобили

Објавено пред

Кинескиот Xiaomi ги предупредува потенцијалните купувачи на електричниот седан SU7 дека можеби ќе треба да чекаат четири до седум месеци за нивниот автомобил поради големата побарувачка.

dobivaj vesti na viber

Производителот на паметни телефони и друга електроника за широка потрошувачка почна да прима нарачки за својот модел на електричен автомобил, кој влезе на пазарот во четвртокот и објави дека преднарачките го достигнале бројот 88.898 во првите 24 часа.

Според статусот на апликацијата за нарачки автомобили на Xiaomi, испораките за стандардниот модел SU7, по цена од 215.900 јуани или 29.870 долари, би можеле да траат помеѓу 18 и 21 недела.

Чекањето за испорака на моделот SU7 Pro би можело да трае од 18 до 21 недела, а за најскапиот модел, чија цена е 299.900 јуани или 41,5 илјад долари, може да се протега меѓу 27 и 30 недели.

SU7, чиј дизајн потсетува на моделите на спортски автомобили на Porsche Taycan и Panamera, беше лансиран во услови на жестока ценовна војна на светскиот пазар на автомобили, каде што повеќе од 40 марки се натпреваруваат за вниманието на потрошувачите.

Xiaomi не е без силни средства, забележуваат аналитичарите, кои истакнуваат дека има подлабоки џебови од многу стартапи за електрични возила и дека неговата експертиза во бизнисот со паметни телефони му дава предност во развојот на системи за електронски надзор, карактеристика што ја ценат кинеските потрошувачи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион30 минути

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет40 минути

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ47 минути

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија53 минути

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија16 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија17 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија19 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија21 час

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија22 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија24 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет24 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија1 ден

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет1 ден

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија1 ден

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет1 ден

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија2 дена

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија2 дена

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија2 дена

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија2 дена

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...