Контакт

Hitech

Голем интерес во Австралија за новиот паметен часовник на Apple

Објавено пред

Потрошувачите во Австралија се собираат во петок пред продавницата на Apple во Сиднеј за први да го видат паметниот часовник што се очекува да биде голем хит.

dobivaj vesti na viber

 Apple Watch е прв голем производ на директорот на Apple Тим Кук, а може да се нарача преку интернет и да се проба во продавница, но не и да се однесе дома.

Kупувачите на 24-ти април ќе можат да го купат преку интернет или преку резервација во продавниците, меѓу кои и во скапите модни бутици низ Париз, Лондон и Токио.

Тоа ја одразува стратегијата на Apple за позиционирање на овој преносен компјутер меѓу модните додатоци без кој не се може.

Во петок наутро главната продавница на Apple во Сиднеј беше преполна од луѓе кои сакат да го видат новиот производ, но во редот пред продавницата чекаа само дваесеттина луѓе, што е доста скромно кога е во прашање лансирање на нов производ на Apple.

Александер Бок, турист од Германија со ранец на грбот, стоеше пред стаклената фасада на продавницата на Apple, пишува Reuters, и рече дека се надева оти ќе заштеди доволно да ја купи спортската верзија на часовникот.

Почетната цена на спортскиот Apple Watch во САД е 349 американски долари, односно 20.112 денари, а стандардниот чини 549 долари, односно 31.638 денари.

Скапите верзии со 18 каратно злато чинат од 10 до 17 илјади долари, односно од 576.300 денари до 979.710 денари. /крај/мф/ст

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Во Кина побарувачката за мобилни телефони на „Епл“ значително се намали, продажбата на „Хуавеј“ скокна за 70 отсто

Објавено пред

Испораките на мобилни телефони на „Епл“ во Кина паднаа 19 отсто во првиот квартал, што ја одразува заканата за доминантната позиција на американскиот гигант во повисокиот сегмент по враќањето на „Хуавеј“ на пазарот, покажуваат податоците на пазарот. Уделот на „Епл“ на најголемиот пазар на паметни телефони во светот падна на 15,7 отсто во првиот квартал, од 19,7 отсто на почетокот на 2023 година. Ова го доведе американскиот гигант речиси на исто ниво со „Хуавеј“, чија продажба скокна 70 отсто, според истражувачката компанија Counterpoint.

dobivaj vesti na viber

„Виво“ ја презеде круната на „Епл“ како најголем продавач на паметни телефони во Кина. Американската компанија падна на третото место, зад „Хонор“, бренд на подостапни уреди. На четврто место е „Хуавеј“, чиј пазарен удел скокна од минатогодишните девет на 15,5 отсто.

„Враќањето на „Хуавеј“ на пазарот директно влијаеше на „Епл“ во премиум-сегментот. Треба да се додаде дека побарувачката за нови мобилни телефони на „Епл“ за замена на постарите модели беше малку придушена во споредба со претходните години“, рече аналитичарот на Counterpoint, Иван Лам, во соопштението за печатот.

Во меѓувреме, „Епл“ почна промотивни кампањи обидувајќи се да ги привлече потрошувачите со попусти, вклучувајќи субвенционирање одредени модели на „Ајфон“ до 1.300 јуани (168,29 евра).

Минатата недела „Хуавеј“ ѝ ја претстави на јавноста новата серија смартфони Pura 70. Во август минатата година, по долга пауза, ја лансираа серијата Mate 60, која некои аналитичари ја протолкуваа како триумф над американските санкции, врз основа на софистицирано домашно производство на чип.

Канадската истражувачка компанија TechInsights очекува Кинезите да купат повеќе од 50 милиони мобилни телефони оваа година, вклучително и 10 милиони од Huawei Pura 70. Тоа ќе го стави „Хуавеј“ на прво место, со пазарен удел од 19 отсто, што е повеќе од 12 отсто минатата година.

Во првиот квартал кинескиот пазар на паметни телефони порасна 1,5 отсто продолжувајќи го позитивниот тренд од крајот на 2023 година, според Counterpoint.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Воцап“ воведе суптилна промена, корисниците во светот бесни

Објавено пред

Со оглед на тоа дека има две милијарди активни корисници, слободно може да се каже дека „Воцап“ е една од најпопуларните апликации во светот. Но, многумина останаа бесни по новата суптилна промена воведена во платформата за пораки.

dobivaj vesti na viber

Наместо „онлајн“ и „пишува“, зборовите што вообичаено се појавуваат под имињата на луѓето во вашите разговори, сега има големи почетни букви на тие зборови. Иако ова звучи како мала промена, корисниците во светот воопшто не се задоволни поради тоа и се жалат на социјалните мрежи.

„Дали на некој друг му пречи што наместо ‘онлајн’ и ‘пишува’, ‘Воцап’ сега исфрла големи букви?“, „Ова страшно ме нервира, ме болат очите кога го гледам“, „Воопшто не е некоја промена, но мене ми е неверојатно иритирачки“, пишуваат тие на „Икс“.

@isabellemariewa Wieso schreibt ihr das auf ein mal groß Whatsapp? Ich habe Fragen #fyp #whatsapp #relatable #foryou ♬ Originalton – Isabelle Marie

За жал, се чини дека промената ќе остане, без достапна опција во поставките за враќање на претходната верзија. Меѓутоа, ако новите големи букви навистина ве излудуваат, ќе бидете среќни кога ќе слушнете дека постои лесен начин за решавање. Сè уште има мали букви на WhatsApp Web.

@oicaramba Did whatsapp always capitalize the first letter of “typing” and “online”? #fyp ♬ original sound – oicaramba

@sophiepetrucciohall #whatappstatus #whatsapp anyone else noticed? #fyp #mybrain ♬ оригинальный звук – •🎧🎤•

Прикажи повеќе...

Hitech

Xiaomi почна да произведува електрични автомобили

Објавено пред

Кинескиот Xiaomi ги предупредува потенцијалните купувачи на електричниот седан SU7 дека можеби ќе треба да чекаат четири до седум месеци за нивниот автомобил поради големата побарувачка.

dobivaj vesti na viber

Производителот на паметни телефони и друга електроника за широка потрошувачка почна да прима нарачки за својот модел на електричен автомобил, кој влезе на пазарот во четвртокот и објави дека преднарачките го достигнале бројот 88.898 во првите 24 часа.

Според статусот на апликацијата за нарачки автомобили на Xiaomi, испораките за стандардниот модел SU7, по цена од 215.900 јуани или 29.870 долари, би можеле да траат помеѓу 18 и 21 недела.

Чекањето за испорака на моделот SU7 Pro би можело да трае од 18 до 21 недела, а за најскапиот модел, чија цена е 299.900 јуани или 41,5 илјад долари, може да се протега меѓу 27 и 30 недели.

SU7, чиј дизајн потсетува на моделите на спортски автомобили на Porsche Taycan и Panamera, беше лансиран во услови на жестока ценовна војна на светскиот пазар на автомобили, каде што повеќе од 40 марки се натпреваруваат за вниманието на потрошувачите.

Xiaomi не е без силни средства, забележуваат аналитичарите, кои истакнуваат дека има подлабоки џебови од многу стартапи за електрични возила и дека неговата експертиза во бизнисот со паметни телефони му дава предност во развојот на системи за електронски надзор, карактеристика што ја ценат кинеските потрошувачи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија31 минута

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Свет50 минути

Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште

Пратениците во американската сојузна држава Тенеси усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат...

Регион57 минути

Во БиХ уапсени 14 криумчари, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет2 часа

Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Свет2 часа

Стотици мртви во масовни гробници во Газа, меѓу нив жени и стари лица, некои со врзани раце

Палестинските тимови за цивилна заштита започнаа со ексхумација на тела од масовна гробница пред болничкиот комплекс Насер во Кан Јунис...

Македонија2 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион3 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет3 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ3 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија3 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија18 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија19 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија21 час

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија23 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија1 ден

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 ден

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет1 ден

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија1 ден

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет1 ден

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...