Контакт

Hitech

Кучешки рандевуа се закажуваат по мобилен

Објавено пред

Необична мобилна апликација е развиена пред извесно време во Њујорк, а функционира по принципот dating site, и тоа не само за луѓе, туку и за кучиња.
 

Необична мобилна апликација е развиена пред извесно време во Њујорк, а функционира по принципот dating site, и тоа не само за луѓе, туку и за кучиња.

 

 

Апликацијата Doggy Buddies and Boarders (BnB) им помага на сопствениците на кучиња коишто живеат во ист кварт да пронајдат друштво за себе, но и за своите миленици во текот на шетањата. Сопствениците на кучињата траба да се регистрираат, да објават фотографија од својот пес и да ги пополнат податоците за расата, возраста, полот, тежината и сл, и да почекаат некој да им се јави.

Сo помош на оваа апликација њујорчаните, исто така, можат да пронајдат некој кој ќе се грижи за нивните миленици, кога тие тоа не можат да го сторат поради презафатеност. Преку апликацијата BnB треба да ги замолат слободните љубители на кучиња да се погрижат за нивниот миленик и да почекаат на одговор од некој расположен сосед.

Апликацијата е бесплатна и засега достапна за сопствениците на iPhone и iPad. Меѓутоа, за неколку седмици, како што се најавува, ќе можат да ја користат и сопствениците на уреди кои работат на системот Android./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

„Гугл“ отстрани 36 апликации – избришете ги ако ги имате

Објавено пред

„Гугл“ неодамна отстрани апликации од „Плеј стор“, по извештаите за злоупотреба на приватноста.

Станува збор за 36 апликации кои ја нарушуваат политиката за приватност, ги „напаѓаат“ корисниците со неважни реклами и спречуваат деинсталирање со криење на нивната икона на екранот.

Важно е да се напомене дека сите тие доаѓаат од ист извор, а ја заобиколиле безбедносната проверка со отстранување на огласувањето од изворниот код на апликацијата.

Повеќето од апликациите овој пат се поврзани со камерата, филтрите за фотографии или програмите за разубавување и добар дел од нив веќе постоеле во „Гугл плеј стор“, но биле отстранети од таму и сега се повторно инсталирани во малку изменета верзија.

Ова е листата на отстранети апликации:

Yoroko Camera

Solu Camera

Lite Beauty Camera

Beauty Collage Lite

Beauty & Filters Camera

Photo Collage & Beauty Camera

Beauty Camera Selfie Filter

Gaty Beauty Camera

Pand Selife Beauty Camera

Catoon Photo Editor & Selfie Beauty Camera

Benbu Selife Beauty Camera

Pinut Selife Beauty Camera & Photo Editor

Mood Photo Editor & Selife Beauty Camera

Rose Photo Editor & Selfie Beauty Camera

Selife Beauty Camera & Photo Editor

Fog Selife Beauty Camera

First Selife Beauty Camera & Photo Editor

Vanu Selife Beauty Camera

Sun Pro Beauty Camera

Funny Sweet Beauty Camera

Little Bee Beauty Camera

Beauty Camera & Photo Editor Pro

Grass Beauty Camera

Ele Beauty Camera

Flower Beauty Camera

Best Selfie Beauty Camera

Orange Camera

Sunny Beauty Camera

Landy Selfie Beauty Camera

Nut Selfie Camera

Rose Photo Editor & Selfie Beauty Camera

Art Beauty Camera-2019

Elegant Beauty Cam-2019

Selfie Beauty Camera & Funny Filters

Selfie Beauty Camera Pro

Pro Selfie Beauty Camera

Прикажи повеќе...

Hitech

Спас од лажни вести преку новата апликација на „Грид“

Објавено пред

Во времето на лажни вести и социјални медиуми, вие (читателите) сте преплавени со информации од кои повеќето може да бидат невистинити. Освен лажните вести, пречка претставуваат и големиот број информации што може да не се од ваш интерес. Сето ова помага вистинските информации да ви избегаат од рака.

Решението за овие проблеми може да го најдете во апликацијата „Грид“, која од своето лансирање до денес привлече лојална публика, која секојдневно ја користи апликацијата за својата дневна потреба од информации.

Со цел да ја прошириме слободата што ја уживаат корисниците на апликацијата, таа во овој период доби нова верзија со модерен и функционален редизајн, како и со верзија за оперативниот систем „Иос“.

Новата верзија на апликацијата „Грид“ има чист и прегледен дизајн, со што им овозможува на читателите многу лесно и интуитивно да ги разгледаат вестите што се од нивен интерес.

Функционалноста е задржана преку можноста за селектирање медиуми, категории, како и креирање сопствени категории од полиња на интерес на читателите. Пласирањето квалитетна информативна содржина е должност на „Грид“, а ваша должност е само да го направите изборот за тоа на која содржина ќе ѝ ги посветите вашето време и внимание.

Не губете време прелистувајќи низ социјалните мрежи и пребарувајќи на безброј интернет-страници. Дојдете до сите потребни информации за вас преку новата апликација на „Грид“. Бесплатно симнете ја новата верзија на апликацијата за системите на „Андроид“ или „Иос“.

Прикажи повеќе...

Hitech

Конференција со над 150 светски лидери од 60 земји

Објавено пред

Во четврток ќе се одржи Women in Tech светска 24/7 конференција со над 150 светски лидери од 60 земји.

Секој заинтересиран во технологија ќе може да ја проследи конференцијата на следниот линк: https://www.facebook.com/events/251476715959825/.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија4 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ4 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион5 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија5 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион5 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија10 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија10 часа

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија11 час

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија11 час

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија11 час

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија11 час

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион22 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет24 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион1 ден

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија1 ден

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија1 ден

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија1 ден

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија1 ден

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија1 ден

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Досие