Hitech
Наполнете го таблетот со трчање
Паметни влошки за обувки, кои генерираат електрична енергија со која може да ја наполните батеријата на вашиот, лап-топ, мобилен телефон, таблет се иновативно решение кое произлезе од првиот климатски камп во Македонија, „Од Тебе Зависи”.
Кампот имаше за цел да ги поттикне граѓаните да ги промовираат своите идеи за тоа како може да се намалат штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини.Победничкиот тим доби 10.000 долари за револуционерните паметни влошки кои генерираат електрична енергија за полнење батерии од најразлични гаџети како смарт телефони, таблети, лаптоп. Влошките во чевлите кои генерираат електрична енергија се први од ваков тип во Македонија, а претставуваат иновативно решение кое има за цел да ни помогнеме за да живееме во почиста и поздрава околина. Денеска влошките пред јавноста ги презентираше нашиот најдобар маратонец Кокан Ајдановски, кој трчајќи со паметните влошки успеа да го наполни својот таблет. „Во изминатите шест месеци напорно работевме во подготовката на прототипот, од набавка на материјали па сè до самата техничка изработка. Поминавме многу часови во лабораторија консултирајќи се со нашите ментори и поддржувачи за да успееме да ја реализираме нашата идеја. Среќни сме што успеавме да ги промовираме првите паметни влошки кои произведуваат електрична енергија во Македонија. За нас ова е остварување на сонот, а чувството, кога гледаме дека нашата иновација денеска ù ја презентираме на јавноста, е навистина прекрасно. Се надеваме дека нашата иновација ќе најде секојдневна примена. Секој ќе може да си го наполни својот паметен телефон додека пешачи или спортува и притоа да заштеди и воопшто да нема потреба било кој од нас своите паметни гаџети да ги полни на струја. Кокан денеска успеа со трчање да си го наполни својот таблет компјутер“, изјави Мартина Димоска, претставник од победничкиот тим составен од Николчо Гошев, Александар Лазовски и Лорета Тодоровска. Климатскиот камп „Од Тебе Зависи“ беше поддржан од Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Скопје, Шведската Амбасада, Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) и Министерството за животна средина и просторно планирање./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Воцап“ воведе суптилна промена, корисниците во светот бесни
Со оглед на тоа дека има две милијарди активни корисници, слободно може да се каже дека „Воцап“ е една од најпопуларните апликации во светот. Но, многумина останаа бесни по новата суптилна промена воведена во платформата за пораки.
Наместо „онлајн“ и „пишува“, зборовите што вообичаено се појавуваат под имињата на луѓето во вашите разговори, сега има големи почетни букви на тие зборови. Иако ова звучи како мала промена, корисниците во светот воопшто не се задоволни поради тоа и се жалат на социјалните мрежи.
The word “online” was capitalized on @WhatsApp this week. Tell me why this is bothering me so much 🫠 pic.twitter.com/SfYqw0JdQ9
— Rebecca Franks (@riggaroo) April 13, 2024
„Дали на некој друг му пречи што наместо ‘онлајн’ и ‘пишува’, ‘Воцап’ сега исфрла големи букви?“, „Ова страшно ме нервира, ме болат очите кога го гледам“, „Воопшто не е некоја промена, но мене ми е неверојатно иритирачки“, пишуваат тие на „Икс“.
@isabellemariewa Wieso schreibt ihr das auf ein mal groß Whatsapp? Ich habe Fragen #fyp #whatsapp #relatable #foryou ♬ Originalton – Isabelle Marie
За жал, се чини дека промената ќе остане, без достапна опција во поставките за враќање на претходната верзија. Меѓутоа, ако новите големи букви навистина ве излудуваат, ќе бидете среќни кога ќе слушнете дека постои лесен начин за решавање. Сè уште има мали букви на WhatsApp Web.
@oicaramba Did whatsapp always capitalize the first letter of “typing” and “online”? #fyp ♬ original sound – oicaramba
@sophiepetrucciohall #whatappstatus #whatsapp anyone else noticed? #fyp #mybrain ♬ оригинальный звук – •🎧🎤•
Hitech
Xiaomi почна да произведува електрични автомобили
Кинескиот Xiaomi ги предупредува потенцијалните купувачи на електричниот седан SU7 дека можеби ќе треба да чекаат четири до седум месеци за нивниот автомобил поради големата побарувачка.
Производителот на паметни телефони и друга електроника за широка потрошувачка почна да прима нарачки за својот модел на електричен автомобил, кој влезе на пазарот во четвртокот и објави дека преднарачките го достигнале бројот 88.898 во првите 24 часа.
Според статусот на апликацијата за нарачки автомобили на Xiaomi, испораките за стандардниот модел SU7, по цена од 215.900 јуани или 29.870 долари, би можеле да траат помеѓу 18 и 21 недела.
Чекањето за испорака на моделот SU7 Pro би можело да трае од 18 до 21 недела, а за најскапиот модел, чија цена е 299.900 јуани или 41,5 илјад долари, може да се протега меѓу 27 и 30 недели.
SU7, чиј дизајн потсетува на моделите на спортски автомобили на Porsche Taycan и Panamera, беше лансиран во услови на жестока ценовна војна на светскиот пазар на автомобили, каде што повеќе од 40 марки се натпреваруваат за вниманието на потрошувачите.
Xiaomi не е без силни средства, забележуваат аналитичарите, кои истакнуваат дека има подлабоки џебови од многу стартапи за електрични возила и дека неговата експертиза во бизнисот со паметни телефони му дава предност во развојот на системи за електронски надзор, карактеристика што ја ценат кинеските потрошувачи.
Hitech
(Видео) Neuralink покажа како човек го движи курсорот на глувчето на екранот со своите мисли
Стартапот на Елон Маск, Neuralink, покажа како 29-годишен неподвижен човек, кому неодамна му бил вграден првиот чип во мозокот, игра шах на интернет преку своите мисли.
Целосно парализираниот Нолад Арбог играше шах на својот лаптоп движејќи го курсорот на глувчето со умот. Имплантот на стартапот на Маск му беше вграден пред два месеца.
— Neuralink (@neuralink) March 20, 2024
„Моето име е Ноланд Арбо, имам 29 години, имав нуркачка несреќа пред осум години и оттогаш сум квадриплегичар. Сакам да играм шах и тоа е една од активностите што ми ги овозможивте, нешто што не можев да го направам во изминатите неколку години, особено не вака. Порано користев глушец, но сега правам сè со мојот мозок“, изјави, меѓу другото, Ноланд.
Чипот на Neuralink е дизајниран да ја чита мозочната активност, да дешифрира какво движење има намера да направи личноста, а потоа да активира команда за извршување на таа акција. Арбо рече дека првично вежбал да се обидува да ја движи раката додека не станало интуитивно да се замисли како го движи курсорот.