Забава
Илузионистот Дејвид Коперфилд буквално ги поплави соседите во њујоршкиот облакодер
Познатиот американски илузионист Дејвид Коперфилд без употреба на своите вештини ги поплави своите соседи во еден од облакодерите во Њујорк, откако во базенот на покривот од зданието пукнала водоводна цевка а водата се излеала триесетина ката надолу, пишуваат во саботата тамошните медиуми.
Апартманот на илузионистот ги зафаќа последните катови од 57-катницат во самиот центар на њујоршки Менхетен, недалеку од Централ парк. Својот 18-собен дом Дејвид Коперфилд го купи во 1997 година за 7,4 милиони долари. За време на поплавата од пред неколку дена, 58-годишниот Коперфилд не бил во својот њујоршки дом, бидејќи има долгорочен договор со познатото „MGM Grand“ казино во Лас Вегас за секојдневни целовечерни претстави.
Според медиумите, во њујоршкиот пентхаус на илузионистот, со вкупна површина од околу 900 квадратни метри, има многу вредни уметнички дела и антиквитети. Коперфилд, наводно, особено бил загрижен поради можноста водата да ја оштети збирката стари автомати за игри. Неговиот адвокат Тед Блумберг изјавил дека од апартманот биле изнесени натопениот мебел и скапите теписи, додека најголемиот дел од уметничките предмети биле неоштетени.
Засега не е познато дали соседите на илузионистот од облакодерот имаат намера да го тужат.
Во текот на својата повеќе од триесетгодишна кариера, илузионистот со родено име Дејвид Коткин, заработи повеќе од 4 милијарди долари и 11 пати беше впишуван во Гинисовата книга на рекордите. Едни од неговите најголеми илузии се летот над Големиот кањон, минувањето низ Кинескиот ѕид и бегството од непристапниот затвор на островот Алкатраз./крај/мф/сн
Извор: TMZ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.