Забава
Истражување: Корисниците на Facebook живеат подолго
За доброто здравје придонесуваат и пријателствата склопени преку социјалните мрежи, но само доколку се користат исправно и умерено, покажаа резултатите од неодамнешното истражување.
Во сѐ по глобализираниот свет во кој живееме, сѐ повеќе луѓе живеат далеку од родниот град и семејството. Тоа често доведува до прекинување на социјалните врски и засилено чувство на осаменост и изолираност.Полезноста од дружењето во живо со блиските пријатели во студиите од подоцнежните 70 години од минатиот век е поврзувана со долговечноста. Едно такво истражување што траеше девет години покажа дека луѓето без социјални врски и врски внатре во заедницата за 2,8 пати биле изложени на прерана смрт од оние што се социјално активни и одржувале социјални контакти.Од тогаш се спроведени многу слични студии кои покажале слични резултати. Мета амализата на 148 слични истражувања откри дека силните социјални врски ги зголемуваат шансите за долговечност и до 50 отсто. Се покажа и дека ризикот од прерана смрт кај осамените луѓе е еднаков на оној од последиците на пушење или алкохолизам.Неодамна спроведеното истражување на научниците од калифорнискиот универзитет во Сан Диего, со кое беа опфатени 12 милиони корисници на Facebook, покажа дека користењето на оваа социјална мрежа влијае врз долговечноста. Секако, ако та се користи на исправен начин.„Кај речиси сите корисници на Facebook утврдивме корелација меѓу умереното користење на оваа социјална мрежа и намалениот ризик од прерана смрт“, велат авторите на студијата Џејмс Фовлер и Вилијам Хобс.Тие ги споредиле податоците за калифорниските корисници на Facebook со податоците за општата здравствена состојба на жителите во калифорнискиот Уред за јавно здравје.Се фокусирале врз корисниците родени во периодот меѓу 1945 и 1989 година и ја следеле нивната онлајн активност во шестмесечен период. Забележале дека корисниците на Facebook имаат подолг животен век во однос на поединците кои не се онлајн или во проценти: опасност од прерана смрт на просечен корисник на Facebook е за 12 отсто помала за разлика од оние што не ја користат оваа социјална мрежа.Научниците во истражувањето воделе сметка за бројот на пријатели, објавени фотографии, објавени статуси и испратени пораки, за да утврдат дали поактивните луѓе на Facebook биле и долговечни. Претпоставиле дека вистинскиот живот на корисникот, кога не бил на интернет, бил поактивен кај оние што објавиле повеќе фотографии.Резултатите од студијата беа објавени во магазинот Proceedings of the National Academy of Sciences, а ја пренесе порталот Medical News Today. /крај/хн/ст
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.