Забава
Италијански цариници открија гигантско предисториско јајце
Италијанските цариници во средата на аеродромот во Бергамо во обичен пакет испратен за САД откриле гигантско јајце од предисториската слоновска птица од Мадагаскар
Јајцето долго околу половина метар, коешто е проценето на 90 илјади евра, било сокриено во обична картонска кутија упатена на адреса во Лос Анџелес со декларирана вредност од 500 евра.
Италијанските власти предисториските јајца ги третираат како предмети со културно историска вредноста и за нивно изнесување од земјата и извоз неопходни се специјални дозволи.
Слоновската птица (Aepyornis maximus), којашто наликувала на џиновска ему птица, била висока три метра, тешка околу половина тон и не можела да лета. Станува збор за најголемата птица којашто кога и да е постоела на Земјата. Слоновската птица живеела исклучиво на островот Мадагаскар, а изумрела во XVII век.
Иако за тоа нема конкретни докази, се смета дека за нејзиното исчезнување се одговорни луѓето преку неконтролираното убивање на овој вид./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џенифер Лопез објави фотографија од теретана, луѓето прашуваат: „Извинете, но кој е ова“
Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави селфи на кое позира во теретана во зелен спортски градник и хеланки, а фотографијата набрзо собра повеќе од милион лајкови, но и бројни негативни реакции.
„Кој оди во теретана со толку совршена шминка?“ праша еден следбеник, а друг додаде: „Не, ова е монтирана фотографија. Таа не е толку слаба“.
View this post on Instagram
„Извинете, но кој е ова“, праша трет, а некој забележа: „Луѓе, негативните коментари се бришат, ова е неверојатно“. Сепак, многу фанови застанаа во одбрана на 54-годишната пејачка.
„Ми е чудно зошто успешните, самоуверени жени на одредена возраст често се соочуваат со толку остри критики. Што ја мачи помладата генерација, нивната возраст или самодовербата? Наместо да ја мразите, настојувајте да бидете талентирани и остварени како неа! Таа прави што сака и тоа е за восхит“, е еден од коментарите.
Забава
Кралицата Камила откри како се чувствува Кејт Мидлтон после се
Кралицата Камила проговори за принцезата од Велс за прв пат по нејзината дијагноза рак. 76-годишната жена го посетила Шрусбери каде запознала две млади сестри кои донеле цртежи украсени со срца и цвеќиња за Кејт.
10-годишната Хариет и шестгодишната Лоис Вотерстон ја прашале кралицата дали ќе и ги даде на принцезата, на што таа одговорила да. „Знам дека Кетрин е преплавена од сите со добри желби и поддршка“, им рекла таа, според People.
Едно од девојчињата се извини бидејќи мислеше дека нејзиниот цртеж е малку неуреден. „Жал ми е што е стуткано“, но Камила застана до неа и ѝ рече дека внимателно ќе ги носи и ќе се погрижи Кејт да знае од кого доаѓаат цртежите.
Забава
Хајди Клум: Лута сум на Софија Вергара поради Гризелда
Хајди Клум изјави за Entertainment Tonight дека е лута на колешката, судијката на America’s Got Talent, Софија Вергара, затоа што актерката не успеала да и даде улога во нејзината нова серија на Нетфликс, Гризелда.
„Бев вознемирена, па ја прашав: „Зошто не можев да бидам една од твоите роднини? Можев да бидам братучетка што не зборува, бидејќи очигледно не зборувам шпански“, рече 50-годишниот легендарен, германски модел.
Да потсетиме, биографската криминалистичка драма Гризелда за кумата на кокаинот, озлогласената нарко шефица Гризелда Бланко ги маѓепса гледачите ширум светот.