Забава
Капчето на Папата продадено за 89.000 евра

Едно од белите капчиња кои ги носи поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, продадено е на хуманитарно наддавање за малку повеќе од 89 илјади евра на eBay во средата доцна на вечерта, во рамките на настанот организиран од италијанската телевизиска мрежа со цел да собере пари за католичката хуманитарна организација во Африка.
Во јуни годинава папата Франциск му го подари овој дел од неговата „униформа“ на маж во масата луѓе на Плоштадот на свети Петар, а овој пак до донел во забавната програма којашто се прикажува на телевизиската мрежа Mediaset на поранешниот премиер Силвио Берлускони.Капчето беше понудено на eBay со почетна цена од едно евро, но на крајот беше продадено за 89.050 евра. Телевизијата објави дека средствата ќе одат на сметката на „Солетера“, невладина организација која ја водат чесни сестри мисионерки а којашто им помага на жените кои треба да родат во Конго./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Ова е најпопуларната верверица на „Тик-ток“

Корисник на социјалната мрежа „Тик-ток“ сподели видео на кое се гледа како храни верверица и видеото досега собра над 280 милиони прегледи и 35 милиони лајкови.
„Сквиши, здраво, Сквиши“, може да се слушне како ја повикува верверицата, која трча кон него веднаш штом го слушне. „Наполни си ги образите, Сквиши“, ѝ вели тој на верверицата додека јаде.
„Сега знаеме кој победи на натпреварот „Чаби бани“, „Прекрасно“,„Леле, колку е слатка“, „Ги сакам тие обравчиња“, „Неверојатно е колку може да стави во својата мала уста“, „Оваа верверица го живее својот живот“, „Кажи ѝ на Сквиши дека ја сакам“, се само дел од коментарите.
@chipmunksoftiktok My beautiful Betty its time to fill the cheeks #fyp #cuteanimals #cute #chipmunks #betty ♬ original sound – Chipmunks of TikTok
Забава
Илон Маск не го купува „Манчестер јунајтед“, вели дека тоа било шега

Илон Маск појасни дека се шегувал откако на Твитер објави дека ќе го купи фудбалскиот клуб „Манчестер јунајтед“.
Милијардерот претприемач го најави купувањето во краток твит во вторникот, иако на многумина не им беше јасно дали неговата изјава е шега.
51-годишниот Маск им твитна на своите 103 милиони следачи: „Да бидам јасен, ја поддржувам левата половина на Републиканската партија и десната половина на Демократската партија!“
Тој додаде: „Исто така, го купувам Манчестер јунајтед, добредојде“.
Објавата брзо привлече големо внимание, добивајќи речиси 40.000 ретвитови и над 200.000 лајкови за неколку часа.
Ова доаѓа по тужбата на компанијата „Твитер“ против основачот на „Тесла“, откако тој се повлече од договорот вреден 44 милијарди долари за купување на платформата.
Минатата недела беше откриено дека Маск продал речиси седум милијарди долари акции во „Тесла“ пред правната битка, која треба да започне во октомври.
Забава
Мадона го прослави 64. роденден во голем стил

Мадона во вторникот со стил го прослави својот 64. роденден со раскошна забава во Сицилија, Италија, во палата од 18 век, и очекувано дотерана.
„Д’ матиријал грл“ беше облечена во макси фустан на „Долче и Габана“ со сино-бел принт и отворен грб, соодветни обувки на платформа, морнарски сламен шешир и дијамантски накит.
„Пејџ сикс“ дури и се потруди да ја најде цената на фустанот – 2.911 долари и на сандалите – 1.095 долари.
Роденденската девојка не беше единствената во „Долче“. Нејзините деветгодишни ќерки близначки, Естере и Стела, ѝ одговараа на мајка си во детски верзии (925 долари), во комбинација со чанти (925 долари) и патики (545 долари).
Кралицата на попот сподели фотографии од девојчињата и од себе, заедно со други снимки од вечерта. Најубавите моменти се појавија на нејзините Инстаграм-сторис, а подоцна и насловните страници на таблоидите.