Забава
Картахена на Голема Богородица го чека проколнатиот едреник
Шпанскиот пристанишен град Картахена на католичкото одбележување на празникот Голема Богородица го исчекува покажувањето на проколнатиот едреник кој локалното население го потсетува на судирот меѓу муслиманскиот и христијанскиот свет кој е актуелен и денес во Европа.
Во заливот пред Картахена, кога молњите во ноќта ќе го осветлат морето, на хоризонтот може да се виде привидението на едреникот потопен на тоа место пред 407 години, кажува легендата којашто се пренесува со генерации.
Тоа е приказна во којашто и денес веруваат старите луѓе, велат помладите. Ја слушале кога биле мали па и денес љубопитно гледаат кон заливот кој е заштитен од високите карпи.
По инвазијата на Маварите од северна Африка, шпанските владетели по неколку векови во рамките на реконквистата ја повратиле власта, а Картахена повторно ја заземале во 1245 година.
Четири векови подоцна благородникот Луис Гаре се вљубил во исто така благородничката Ленор де Оједо, но таа љубела друг маж познат како Карлос Ларедо. Ларедо всушност бил потомок на Арапи и неговото вистинско име било Јусуф бен Али.
Шпанците во тој период ги покрстувале луѓето како него, познати под називот „Морискос“, а Јусуф тајно, без никој за тоа да знае, го земел христијанското име поради љубовта кон благородничката. Кога тоа го открил, љубоморниот Гаре ги пријавил, а шпанската Инквизиција го погубила Јусуф на клада.
Тагата на благородничката била голема, но не како на Фатима, сестрата на Јусуф. Таа го завела Гаре за да му се одмазди, настојувајќи да го однесе на галија каде што ќе весла до крајот на животот. Благородникот се разбудил окован во пранги во потпалубата на едреникот. Во темнината успеал да се ослободи, а кога видел каде е земал факел и случајно предизвикал пожар. Огнот го зафатил барутот и во експлозијата сите загинале.
Се случило тоа во 1609 година, една година пред Шпанците преку пристаништето во Картахена да ги протеруваат потомците на Маварите во обратен правец.
Денес Картахена е трговско и воено пристаниште, меѓутоа масовниот туризам последните децении го промени гардот и околните места. Уредените ресторани, кафулиња, плажи и музеи се во понудата за туристите. А легендата за едреникот младите не ја знаат па ја нема во промотивните материјали. Сепак таа и натаму живее во разговорите на старите луѓе, а кога сонцето ќе зајде на Голема Богородица, гледаат кон хоризонтот за да го здогледаат проколнатиот брод./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.