Контакт

Забава

Концерт на Влатко и Златко Миладиноски на 29 јули во Хераклеја во Битола

Објавено пред

По концертите во Охрид и Скопје, македонското музичко востание продолжува во Битола. На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот ќе приредат голем концерт под отворено небо во магичниот амбиент на Античкиот театар Хераклеја.

Битолчани и публиката од цела Македонија ќе имаат можност да бидат дел од вечер посветена на македонската песна, традиција и култура. На сцената ќе настапи Влатко Миладиноски, придружуван од оркестарот на Златко Миладиноски и повеќе од 30 музичари, кои ќе создадат моќен музички спектакл исполнет со емоции.

„По концертите што ја обединија публиката во Охрид и Скопје, браќата Миладиноски ја носат својата музичка приказна во градот на конзулите. Хераклеја, како еден од најзначајните културно-историски локалитети во Македонија, ќе биде совршена сцена за вечер во која ќе одекнуваат најубавите македонски песни“, најавија организаторите.

Концертната програма ќе биде збогатена и со настапите на специјалните гости Спасен Сиљаноски, Дамјан Стојаноски и Дарко Стојаноски, како и проект уметници македонци од Егејска Македонија.

Билетите се достапни онлајн преку mktickets.mk, како и на физичките продажни места: Tobacco Brothers во Битола и Т.А. Бран во Прилеп.

Најново

Црна хроника31 минута

Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и завршил со тешки повреди

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи  електричен...

Свет60 минути

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија1 час

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава2 часа

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...

Македонија2 часа

Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува...

Забава2 часа

Зошто сливите треба почесто да бидат на вашето мени

Сливите не се само вкусно и сочно овошје, туку можат да имаат и голем број здравствени придобивки. Тие се богати...

Македонија2 часа

Утре, сончево и топло, попладне со услови за дожд, ветер и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за...

Црна хроника3 часа

Пијан кавадарчанец ја вознемирувал поранешната сопруга

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден во 15:20 часот го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци....

Свет3 часа

Песков: Русија е уверена дека ќе победи во Украина, но е подготвена за мир

Портпаролот на Кремљ тврди дека Москва постигнува напредок на фронтот и дека обновувањето на преговорите меѓу Русија, Украина и САД...