Контакт

Забава

LG претстави сопствен AI чип за паметен дом

Објавено пред

Компанијата LG претстави нов AI чип за виртуелна реалност, наменет за уреди кои можат да се сметаат за дел на паметниот дом и кои со него ќе станат уште попаметни.

Срцето на системот е LG Neural Engine, кој значително ќе ги подобри перформансите при обработка на алгоритмите на длабоко учење. Функцијата на чипот е и обработката на податоци на самиот уред, без потреба од интернет-врска, со предност на посебната хардверска сигурносна зона за складирање на чувствителни лични податоци.

Обработката на податоците која не бара безбедносни функции ќе се одвива во една зона, додека обработката на податоци кои бараат дополнителна сигурност ќе се одвива во споменатата посебна зона.

Уредите со овој чип ќе можат да ги идентификуваат локациите, предметите и луѓето во видеоинсертите и ќе ги разликуваат од вревата и другите видови на звуци. Чипот ќе биде вклучен во идните клима-уреди, ладилници, машини за перење и роботски чистачи на домот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Амал и Џорџ Клуни повторно очекуваат близнаци

Објавено пред

Веќе некое време се зборува дека американскиот актер Џорџ Клуни (58) и адвокатката Амал Аламудин (41) не се во среќен брак. И додека тие ниту ги негираа ниту ги поддржаа овие написи, странските медиуми објавија дека набргу доаѓа принова во семејството.

По добивањето на близнаците Александар (2) и Ела (2) во јуни 2017 година, двојката наводно повторно очекува – близнаци.

Извор близок на двојката тврди дека додека престојувал на нивниот италијански имот на езерото Комо, открил дека Амал има трудничко стомаче и дека тоа уште повеќе ги зближило. Џорџ се радува на проширувањето на семејството, но сепак го мачи како ќе издржи со уште едни близнаци, со оглед дека Александар и Ел се сè уште мали, според „Латин тајмс“.

Тој исто така истакна дека Џорџ на шега го прашал Бред Пит (55) дали може да им помогне за чувањето на децата. Тој наводно планира да го праша Барак Обама (58) да им биде кум на крштевањето на децата, а пријателките на Амал, Меган Маркл (38) и Мишел Обама (55), ќе бидат одговорни за забавата по повод пристигнувањето на новите близнаци.

Прикажи повеќе...

Забава

Осумгодишно дете со автомобилот на мајка си возело на автопат

Објавено пред

Германската полиција соопшти дека осумгодишно момче го возело автомобилот на мајка си по автопат во западна Германија.

Локалната полиција информира дека добиле повик од мајката кога таа забележала дека нејзиниот син и „голфот“ исчезнале, пренесува агенцијата АП.

Момчето било пронајдено на попатно стојалиште на автопатот, при што ги вклучило сите трепкачи на возилото и поставило триаголник за опасност.

Според агенцијата, тој на полицијците им рекол дека запрел затоа што му станало непријатено на автопатот при брзина од 140 километри на час.

Мајката изјавила дека момчето редовно вози картинг и дека претходно вежбало да вози вистински автомобил на приватен имот.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џастин Бибер и Хејли Болдвин планираат гламурозна свадба во септември

Објавено пред

Популарниот пејач Џастин Бибер (25) и неговата избраничка, американската манекенка Хејли Болдвин (22), речиси го одредија датумот за официјално одбележување на својата венчавка. Гламурозната прослава е закажана за следниот месец.

Џастин и Хајли се свршија на Бахамите минатиот јуни, а потоа тие тајно се венчаа во Њујорк во септември истата година. Двојката моментно го разгледува најсоодветниот датум за официјална прослава на свадбата со семејството и најблиските пријатели, посочува извор близок на славната двојка за ТМЗ.

Точниот датум на прославата сè уште не е познат, но Бибер и Хејли планираат поканите за гостите да ги испратат за една недела. Пријателите велат дека Џастин и Хејли одлично се вклопуваат и во моментот живеат идиличен живот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Катица Јанева од гаражата на СЈО однесена во нејзиниот дом во Козле

По еден и пол час минат во просториите на СЈО, откако претходно беше приведена во нејзиниот дом во Козле, специјалната...

Македонија55 минути

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија1 час

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Македонија2 часа

Полицијата ја изнесе Катица Јанева од дома

Полицијата ја изнесе специјалната обвинителка Катица Јанева од нејзиниот дом во Козлe и ја спроведоа до СЈО да извршат претрес...

Топ4 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион5 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет6 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија6 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион7 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија7 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech18 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија1 ден

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија1 ден

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија1 ден

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет1 ден

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет1 ден

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет1 ден

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет1 ден

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Досие