Забава
Мажот со пресаден пенис наскоро ќе стане татко
Младиот Јужноафриканец кому успешно му беше извршено првото пресадување на пенисот, ќе стане татко до крајот на годинава, помалку од една година по операцијата.
„Ме извести дека неговата партнерка е трудна веќе четврти месец. Многу се задоволни, а и ние исто така“, изјави за AFP во петокот др Андре ван де Мерве, урологот кој ја водеше операцијата на пресадување пенис во болницата „Тјиберерг“ во Кејптаун на 11-ти декември 2014 година. Двајцата идни родитела имаат по 21 година.
Пријатно изненаден од оваа брза бременост, ван де Мерве нагласува дека „Ништо не го спречуваше пациентот да има деца, бидејќи квалитетот на неговата сперма не беше доведена во прашање“. „Задоволни сме што немаше компликации, како и од тоа што неговиот пенис добро функционира“, додава.
Операцијата на трансплантација на пенис беше изведена како пилот проект поради неуспешно изведен обред на традиционалното локално обрежување, и траеше девет часа. Пресадениот пенис беше земен од починат донор со согласност на неговото семејство. Со оваа пилот студија се опфатени уште девет пациенти врз кои ќе биде извршен истиот оперативен зафат.
Во Јужноафриканската Република веќе одамна постои потребата за ваква операција, повеќе од каде и да е на друго место во светот, имајќи предвид дека секоја година се обрежуваат по неколку илјади момчиња. Главно станува збор за момчиња од племето Коса. Поради компликациите коишто се јавуваат по лошо извршените обрежувања, секоја година околу 250 од нив мора да бидат подвргнати на ампутација на половиот орган. Како што кажа веднаш по операцијата др ван дер Мерве, голем проблем секако претставува наоѓањето донори за овој орган./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.