Забава
Метросексуалците се ’аут’, во мода се ламберсексуалците
Оние коишто себеси се сметаат за трендсетери треба да знаат дека метросексуалците повеќе не се во мода, откако ги потиснаа ламберсексуалците, или „урбаните дрвосечачи“, чиј заштитен знак се брадата од неколку дена, залижана коса, чизми или обувки од брендот „Timberlend“, канадска парка, ранец и задолжителната карирана кошула, по можност од што погруб материјал, како што е фланел.
Вработен во секторот нови технологии, заработува повеќе од пристојна плата и покрај тоа што ги презира метросексуалците, нивните тесни панталони и вратоврски, ламберсексуалецот (lumbersexual, според англискиот израз за дрвосечач – lumberjack) со својот „опасен“ изглед се труди да остави впечаток врз околината.
А изгледа како само да излегол од шума и како секој момент од ранецот, во кој има најмалку MacBookAir, во секој момент може да извади секира, а тесните дизајнерски фармерки ги заменија испраните и широки. Меѓутоа, тоа е само трик, ваквиот маж и тоа како се грижи за својот изглед, негувајќи ја брадата од неколку дена со која ги комбинира карираните кошули.
Иако на прв поглед не изгледа така, типот „урбан дрвосечач“ троши многу време и пари на гардероба и на козметика, иако сите веруваат дека само што се вратил од прошетка на свеж воздух, како и дека не полага многу на својот надворешен изглед.
Овој тип маж има истанчен вкус за културни настани, а во потрага по природното и органското, многу ја цени домашната кујна. Попрво оди на кампување, отколку во талкање низ скапите продавници за облека.
Ламберсексуалците го собрале најдоброто од мачо мажите и метросексуалците, пишува AFP. Познавачите на трендовите во светските центри тврдат дека ваквите мажи веќе ги преплавија улиците на светските метрополи, од Њујорк преку Лондон до Париз.
Задолжените за следењето на модните трендови, зголемувањето на популарноста на ламберсексуалците го поврзуваат со сé попопуларните движења за заштита на природата и отпорот кон ограниченото работно време и правилата на облекување во компаниите.
Така, се истакнува дека холивудските примери како Рајан Гослин и Џерард Батлер, ги истиснаа метросексуалците како Дејвид Бекам. И доколку им се верува на женските списанија, изгледа на жените по периодот на метросексуалците им било потребно токму тоа, бидејќи ламберсексуалците меѓу нив стануваат сé попопуларни. Сепак, се предупредува дека трева да имаат предвид дека со помалку запуштените бради, карираните кошули и јакните со пердуви, и дивиот изглед, сигурно ќе имаат успех кај спротивниот пол сé додека не почнат да мирисаат како вистинските дровсечачи по напорната работа./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бјелогрлиќ ги откри деталите од третата сезона на „Сенки над Балканот“
Третиот циклус од популарната серија „Сенки над Балканот“, која публиката долго време ја чекаше со големо нетрпение, е во фаза на пишување, а како што најави режисерот и актер Драган Бјелогрлиќ, снимањето ќе почне кон крајот на летото.
Драган Бјелогрлиќ и неговиот тим соработници интензивно работат на сценариото за третата сезона на една од најпопуларните серии на нашите простори – „Сенки над Балканот“, а овој пат актерската екипа ќе ја комплетираат Нина Јанковиќ, Милан Мариќ и Милош Биковиќ во Јосип Броз Тито, пишува Nova.rs.
„Во моментот пишуваме. ‘Сенките’ се многу тежок проект за мене, но страшно инспиративен“, почна Бјелогрлиќ опишувајќи го процесот на создавање:
„Многу се плашам кога влегувам во процесот на пишување, а по процесот на снимање и сѐ друго толку ме обземаат ‘сенките’, што веќе не можам да правам ништо друго и да се занимавам со ништо. Веќе сум на возраст кога би сакал да живеам малку поопуштено, затоа и го одложив. Сепак, влеговме во процесот на пишување, ја напишавме целата приказна, првите две епизоди се завршени, сега ја пишуваме третата. Се надевам дека сѐ ќе биде готово до август и дека снимањето ќе почне во текот на август, дека ќе завршиме до Нова година и дека ќе се емитува напролет“.
Во серијата , покрај стандардните ликови, ќе бидат и Милан Мариќ, Нина Јанковиќ и Милош Биковиќ, а Драган Бјелогрлиќ го откина временскиот период што ќе се прикажува во третиот циклус од популарната серија.
„Имаме работа со периодот од 1939 година, приказната почнува кога Милан Стојадиновиќ распишува избори, тоа беа многу важни избори на кои победи, но не дојде на власт, го наследи принцот Павле. Тоа беше многу значајна година кога на сите им беше јасно дека доаѓа голема војна, дека светот нема да изгледа како порано и дека секој има свои планови. Можам да кажам дека една од најголемите мистерии се случува на панината ‘Ртањ“, ги откри деталите режисерот Драган Бјелогрлиќ и ја заинтригира публиката, која со нетрпение го очекува продолжението на популарната серија.
„Во Србија има многу мистицизам. Го избравме ‘Ртањ од друга причина, а ‘Ртањ е интересен поради легендите, по населението што живее таму и верува во секакви работи и затоа што таму имаше некои рудници“.
Дали овој трет циклус ќе ја заврши приказната останува да видиме. Но, едно е сигурно, а тоа е дека сите со нетрпение ја очекуваат новата и возбудлива приказна за своите омилени херои, кои ги толкуваат: Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Марија Бергам, Наташа Нинковиќ, Небојша Дугалиќ, Ненад Јездиќ, Срѓан (Жика) Тодоровиќ, Горан Богдан, Јована Стоиљковиќ.
Забава
Фустаните на принцезата Дијана изложени во Хонг Конг пред аукцијата
Светложолтата јакна обложена на рамениците и украсена со блескави златни копчиња, која ја носеше принцезата Дијана на патувањето во Хонг Конг во 1989 година, ќе биде една од шесте нејзини парчиња изложени во поранешната британска колонија пред аукцијата закажана за јуни.
Колекцијата на фустани, чевли и чанти на принцезата од Велс е изложена во трговскиот центар во Хонг Конг во следните 12 дена од четврток пред колекцијата да се пресели во Ирска до аукцијата на 27 јуни. Принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, ја диктираше модата секогаш кога се облекуваше и излегуваше, рече Мартин Нолан, директор на аукциската куќа „Џулиен“ со седиште во Калифорнија.
Познатата јакна од нарциси на дизајнерката Кетрин Вокер би можела да достигне цена од 50.000 долари, а синиот вечерен фустан со ѕвездички би можел да достигне цена од 400.000 долари. Принцезата го носеше овој фустан од дизајнерот Мареј Арбејд на премиерата на „Фантом од операта“ во 1986 година во Вест Енд, Лондон.
Изложени е и вечерната тоалета со свила и тантела од дизајнерот Виктор Еделштајн и цветната тоалета на Кетрин Вокер, што Дијана ја носеше во 1991 година.
Еден од посетителите, 69-годишниот Фунг, се присетува како толпата се насобрала на улиците на Хонг Конг кога Дијана пристигнала во тој град во 1989 година. „Таа беше харизматична, грижлива и посветена на добротворната работа. Затоа е исклучително почитувана во Хонг Конг“, вели Фунг.
Во 2023 година аукциската куќа „Џулиен“ продаде вечерен фустан на принцезата Дијана за рекордни 1,14 милион долари.
Забава
Најдобри љубовници во зодијакот: четири знаци што немаат конкуренција
Дали сте љубопитни кои хороскопски знаци се огнени во креветот и маѓепсуваат со својот неодолив шарм и магнетна привлечност? Астрологијата ги открива тајните на сексуалната компатибилност.
Без разлика дали барате огнена страст или сензуална интимност, разбирањето на астролошките особини на вашиот партнер може да го однесе вашиот љубовен живот на нови височини.
Овие четири хороскопски знаци се познати по своите извонредни вештини во областа на интимноста:
1. Шкорпија
Шкорпиите се олицетворение на интензитет и страст. Со ненаситен апетит за задоволство ги оставаат без здив партнерите со своите заводливи вештини.
Нивната магнетна привлечност ги вовлекува другите во нивната мрежа на желби, каде што секој нивни допир го разгорува пламенот на страста. Во спалната соба Шкорпиите се бестрашни истражувачи, кои не се плашат да се нурнат во најдлабоките зони на интимност. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат желбите на партнерот создавајќи врска што го надминува физичкото.
2. Лав
Лавовите зрачат со самодоверба и во и надвор од спалната соба. Со својата магнетна харизма и енергија тие ги освојуваат партнерите со својот разигран и авантуристички дух. Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, а нивниот ентузијазам за задоволство нема граници. Во спалната соба тие зрачат со страст и креативност, а секоја средба ја претвораат во возбудлив спектакл. Со Лавовите очекувајте огномет и незаборавно искуство, кое ќе ве натера да сакате повеќе.
3. Бик
Бикот е синоним за сензуалност и уживање.
Како земјени знаци, тие се длабоко поврзани со физичкиот свет и уживаат во задоволствата што ги нуди. Бикот одлучно пристапува кон интимноста уживајќи во секој момент и препуштајќи им се на пофините работи во животот. Во спалната соба тие се внимателни љубовници, кои одвојуваат време да ја истражат секоја сензуалност и да ги исполнат желбите на партнерот. Со Бикот очекувајте фантастично искуство во креветот.
4. Вага
Вагите се мајстори за хармонија и рамнотежа. Со нивното шармантно однесување и силно чувство на емпатија тие без напор се поврзуваат со своите партнери на длабоко емотивно ниво. Во спалната соба Вагите им даваат приоритет на комуникацијата и заедничкото задоволство и создаваат безбедна и стимулативна средина за истражување. Тие се внимателни љубовници, кои секогаш се трудат да создадат чувство на хармонија и поврзаност што ја надминува физичката област.