Забава
Мрмотот Фил предвиде рана пролет
Најпознатиот американски временски прогнозер, мрмотот Фил од местото Панксатони во вторникот ја виде својата сенка и со тоа навести дека годинава пролетта ќе дојде порано.
Во самопрогласената светка престолнина на временските прогнози Панксатони во западниот дела од американската сојузна држава Пенсилванија, мрмотот Фил од своето дувло во Гоблерс Ноб, три километра источно од градот, се подаде во 7,25 часот по локално време и преку специјалните преведувач од мрмотски јазик најави дека наскоро пристигнува пролетта.
Неколку илјади луѓе во публиката одушевено го дочекаа Фил и неговата прогноза, без да се оптоваруваат со фактот дека тие главно се погрешни.
Традицијата на мрмотските временски прогнози во САД датира од XIX век, а првите се забележани токму во областа на Пенсилванија. Денот на мрмотот се одбележува ширум САД, но фестивалот во Панксатони е најпознат, а во светската поп култура влезе преку филмот „Бескраен ден“ од 1993 година со актерот Бил Мареј во главната улога.
Од 119-те сочувани прогнози во периодот од 1887 до 2015 година, мрмотот Фил рана пролет предвидел само во 17 пати, а продолжување на острата зима дури 102 пати. Ова беше 130-та прогноза на Фил, а податоците за 11 се загубени.
Мрмотите спијат зимски сон и нивниот биолошки часовник за будење и почетокот на репродуктивниот период. Тоа помогна за ширењето на легендите дека пролетта доаѓа со будењето со будењето на мрмотот.
Манифестацијата Денот на мрмотот (Groundhog Day) и пропратната помпа секоја година во Панксатони, гратче до 5.500 жители, привлекува 30.000 луѓе и му носи дополнителни милион долари приходи, според податоците на тамошната стопанска комора.
Претходно беше објавено дека британската телевизија Sky ќе го одбележи Денот на мрмотот со маратонско прикажување на култниот филм „Бескраен ден“. Филмот на програмата на Sky во вторникот ќе биде прикажан 13 пати едно подруго.
„Groundhog Day“ е филм за циничниот, себичен, но и урнебесно смешен метеоролог кој го толкува Бил Мареј, присилен повторно да преживување еден ист ден сé додека не ја стори исправната работа. Откако ќе го снајдено повторувањето на истиот ден, по првичниот очај започнува неговата промена во алтруист.
Сценаристот Харолд Рамис, познат и како режисер на филмскиот серијал „Истерувачи на духови“, а покрај Мареј главната женска ролја ја толкува Едни МекДауел. Комедијата е интересна за гледачите и 23 години подоцна, Покрај неколкуте значајни награди, филмот во 1993 година го освои и признанието на британската филмска академија BAFTA./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.