Забава
Над 1.000 гости се забавуваа на Октоберфест 2014 во Скопје
Над 1.000 гости уживаа во четвртокот вечерта под огромните шатори декорирани во боите на Октоберфест пред Веро Центарот во Скопје.
Гостите прославуваа во вистинска опуштена Октоберфест атмосфера, уживаа во бели колбаси, печено пиле, свинска коленица со кисела зелка кои беа спремени по стари баварски рецепти. Оваа година гостите наздравува со Скопско и Ердингер, а за доброто расположение се погрижија два бенда.
Настанот го отвори бендот „План Г“ во втората половина од вечерта настапи неповторливата Дани. Илјада гости танцуваа на музиката на овие два бенда до доцните вечерни часови. За добриот сервис кон расположените гости се погрижи цел тим од прекрасни девојки облечени во автентични баварски носии.
Фестивалот, кој традиционално по осми пат се одржа во Скопје, го отворија новата германска амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаусер, претседателот на Македонско-Германското стопанско здружение, Михаел Дикамп и Нико Берберу, менаџер на ЕВН Снабдување, компанија која е главен спонзор на годинешниот Октоберфест во Скопје.
„Октоберфест“ кој традиционално во Скопје го организираат Македонско-Германското стопанско здружение и Германската стопанска комора во Македонија им пружи несекојдневна можност на преку 200 компании и на нивните вработени, клиенти и деловни партнери, но и на голем број значајни личности од стопанството и дипломатскиот кор во Македонија да уживаат во автентична Октоберфест-забава, изјави Михаел Дикамп, претседател на Македонско-Германското стопанско здружение
„Организацијата на Октоберфест во Скопје прерасна во традиција, овој настан е од големо значење за градот Скопје, тој е важен и за соработката и на економски и на културен план помеѓу нашите две земји“,изјави Кристине Алтхаусер, германската амбасадорка во Македонија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.