Контакт

Наука

Како готските сводови стануваат инспирација за модерната архитектура

Објавено пред

Photo: PxHere

Што можеме да научиме од старите готски катедрали за модерното одржливо градење?

Плочите градени под благ свод можат да издржат тежина без челична конструкција, што значи дека подовите може да бидат потенки и со тоа да се заштеди на материјали, пренесува Би-би-си.

„Кога се користи вистинската геометрија, плочата може да поднесе товар, но не преку виткање како конвенционалните подови, туку преку компресија спрема потпорните столбови“, вели Том Ван Меле од Институтот за архитектонска технологија во Цирих.

Овие конструкции можат да бидат изработени и од нетрадиционални материјали.

„Ресурсите значително и брзо се намалуваат. Колку и да звучи смешно, ни снемува песок за да правиме цемент бидејќи не секој тип на песок е всушност соодветен за изработка на цемент или за градење. Овој под поконкретно е ‘испечатен’ од песок. Не песок за цемент туку песок што се користи за правење делови за лиење метал. Други материјали кои би можеле да се користат се компримирана земја – најобична земја која ја има буквално секаде, потоа глина или комбинација на слични материјали“, додава Ван Меле.

Со оваа техника се користи околу 70% помалку цемент, но градбите, сепак, можат да бидат исто толку цврсти, а да тежат речиси двапати помалку.

Кои други стари техники би можеле да ги примениме во модерната архитектура со цел да градиме поодржливо?



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Има девет години и до крајот на 2019 ќе дипломира, па потоа оди на докторат

Објавено пред

Вундеркинд од Белгија на 9-годишна возраст студира електротехника и планира да дипломира на Универзитетот за технологија во Ајндховен до декември, на студиите што ги почна минатата година. Потоа Лорен Симонс планира да продолжи со докторски студии по електротехника, а истовремено ќе студира медицина, изјави татко му Александер за Си-ен-ен. Талентот на момчето првпат го забележале баба му и дедо му, а родителите сметале дека претеруваат, но набргу и наставниците се согласиле.

Тие го тестирале темелно во потрагата по границите на неговиот талент и им кажале на родителите дека е како сунѓер кој бргу апсорбира неверојатна количина информации.

Лорен потекнува од докторско семејство, но сè уште нема објаснување зошто е толку надарен. Универзитетот му дозволи да ги заврши студиите порано од другите студенти.

Сјоер Хулшоф од Универзитетот вели дека Лорен, едноставно, е извонреден.

„Лорен е најбрзиот студент што сме го имале. Не само што е хиперинтелигентен, тој е исто така многу сочувствителен“.

Неговиот напредок, се разбира, не остана незабележан, па веќе го бараат престижни универзитети од светот, но семејството на Лорен допрвин треба да каже кои понуди ги имаат предвид за неговиот докторат.

Неговите родители внимаваат, покрај учењето, Лорен да има време и за игра.

„Не сакаме тој да стане многу сериозен, па прави што сака“, вели татко му додавајќи дека мора да се постигне рамнотежа меѓу детството и талентот.

Лорен веќе знае што сака да направи во животот: развој на вештачки органи.

Прикажи повеќе...

Забава

Редок феномен: Меркур денес ќе мине меѓу Сонцето и Земјата

Објавено пред

Денеска, ќе се случи редок феномен на небото – планетата Меркур ќе мине директно меѓу Земјата и Сонцето, објави НАСА на „Твитер“.

Транзитот на Меркур се случува само 13 пати за 100 години, тврди НАСА, а пренесе Си-ен-ен.

Преминот на Меркур низ Сончевиот круг претставува феномен кој би минал незабележано доколку не би бил важен за астрономите, меѓу другото, и поради временскиот циклус на кој се појавува.

Последниот видлив транзит на Меркур беше во 2016 година, а по денешниот премин, следниот ќе биде видлив дури во 2049 година.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Медитирање во гроб, нова метода за релаксирање на студентите

Објавено пред

Еден универзитет во Холандија им понуди на своите студенти невообичаена метода на ублажување на стресот преку гроб-медитација.

Универзитетот „Радбауд“ во холандскиот град Нијмеген, по методата на соочување со стресот, како што се јогата или дружењето со животни, на студентите им понуди размислување за минливоста на животот во свежо ископани гробови.

На Универзитетот сличен проект бил активиран од 2009 до 2011 година. Сега, за студентите е подготвена одредена површина замјиште во градината за сите оние што сакаат да се опуштат на овој бизарен начин, со лежење во гробови ископани во земјата.

Строго се забранети телефони и книги, а студентите што имаат проблем со влегување во гробот може да медитираат на блиската клупа.
На социјалните мрежи веќе се објавени снимки со практични примери, на кои се гледа дека студентите медитираат на простирки на кои пишува „Останете чудни“.
Организаторите на програмата наведуваат дека студентите може да ги искористат ископаните гробови за размислување за смртноста, минливоста, природата на животот…

Студентите велат дека програмата е исклучително популарна, па голем број од нив се на листа на чекање. Програма ја започна Џон Хокинг, кој лично копа гробови во земја.

„Крајот на животот и смртноста се табу тема. За смртта е многу тешко да се зборува, посебно кога имате 18, 19, 20 години. Се надевам дека студентите на овој начин ќе успеат подобро да ја разберат смртноста. Мислам дека програмата ќе ги инспирира да бараат смисла на животот и дека рака ќе си зададат цели кои ќе успеат да ги остварат во животот“ рекол Хокинг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Активисти на средба со Пендаровски: Над 25.000 луѓе починаа досега поради загадениот воздух

Над 25.000 наши граѓани починале прерано изминативе осум години поради загадениот воздух што го дишеме, институциите не ни функционираат, живееме...

Македонија41 минута

(Видео) Богдановиќ: Што уште да направам, да се самозапалам ли за да реагира некој за „Никофон“

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ги демантира тврдењата на Обвинителството дека Општината не доставила доволно документација за случајот за катна...

Естрада1 час

Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите...

Македонија2 часа

Дескоска: Гласот на судството го слушаме само кога треба да се поделат пари

Министерката за правда, Рената Дескоска, на прес-конференција ја повика антикорупциската комисија да го испита имотот на судиите и обвинителите како...

Македонија3 часа

Антикорупциската го затвори предметот против Мицкоски за хидроцентралите

По кратка постапка, за само пет минути, Антикорупциската комисија го затвори предметот против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се...

Македонија4 часа

(Видео) Царовска: Речиси 700 фантоми, кои немаат документи, ќе добијат граѓански статус

Околу 700 лица, од кои повеќето деца, немаат извод од Матичната книга на родените и не се запишани никаде во...

Македонија4 часа

Антикорупционерите бараат одговорност од Анѓушев поради судир на интереси

На дневен ред на седницата на антикорупциската комисија се два предмета поврзани со вицепремиерот Кочо Анѓушев – едниот поврзан со...

Македонија5 часа

Мајката на Пино: Го убиле и го оставиле животните да го јадат

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето...

Европа5 часа

Снежна бура во Франција: еден загинат, 300.000 дома останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железничкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија поради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно...

Свет5 часа

Полската полиција евакуира училиште и зграда по пронаоѓањето експлозив во стан

Според полското радио РМФ ФМ, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани кога полицајците откриле...

Свет6 часа

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион6 часа

Поради говор на омраза, исклучени осум члена на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб синоќа донесе одлука од партијата ХДЗ да исклучи осум члена поради говор...

Свет7 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет8 часа

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Македонија20 часа

Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот во Солун попладнево се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура22 часа

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија22 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион23 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија1 ден

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Досие