Контакт

Вести

Кинеската вселенска станица „Тиангонг 1“ утре ќе падне на Земјата

Објавено пред

Кинеската вселенска станица „Тиангонг 1“, која не работи и не е контролирана, би требало утре, 1 април, да влезе во атмосферата, да се запали и да се распадне, а некои делови би можеле да паднат на Земјата.

Европската вселенска агенција (ЕСА) во најновиот извештај наведува дека последната фаза од нејзиниот пад кон Земјата, кинеската вселенска станица, тешка 9,4 тони, ќе ја почне најрано во недела, кон крајот на денот.

Вселенската станица, со големина на автобус, над Земјата, според пресметките на астронаутите, ќе се распадне во зоната меѓу 43. степен северно и 43. степен јужно од географската ширина, во појасот на Земјата кој е местимично населен. Тој појас ги опфаќа јужна Европа, Африка и Блискиот Исток, поголем дел од Азија и цела Австралија, речиси цела Јужна Америка и голем дел од Северна Америка.

ЕСА објави мапа каде би можеле да паднат остатоците од „Тиангонг 1“. Потенцијалните делови од Земјата на кои би можело да падне станицата се обележани со зелено

На Балканот, зоната над која ќе се распаѓа кинеската станица ќе ги опфати крајниот југ на Хрватска, југот на Босна и Херцеговина, цела Црна Гора, јужните делови на Србија, цела Македонија и Албанија, поголем дел на Бугарија и цела Грција.

Сепак, не постои опасност за населението и објектите на Земјата со оглед на тоа што најголем дел од станицата ќе изгори од прегорување во текот на летот низ атмосферата. Се верува дека само 10 отсто од станицата ќе го преживее распаѓањето во атмосферата.

Меѓу најпознатите вакви случаи е падот на американската вселенска станица „Скајлаб“ во 1979 година чии големи делови паднаа во близина на австралискиот град Перт. „Скајлаб“ била десет пати поголема од кинеската станица „Тиангонг 1“.

„Тиангонг 1“ е прва кинеска вселенска станица, лансирана во 2011 година, како експеримент. Во неа во 2012 и 2013 година имало два екипажи. Во 2016 година станицата полека почнала да се спушта кон Земјата и нејзиниот пад не може да се запре. Кина во орбитата има активна станица „Тиангонг 2“ лансирана во 2016 година.

Вести

Деветнаесет лица сè уште се исчезнати по нападот во хотелот во Најроби

Објавено пред

Деветнаесет лица сè уште се водат како исчезнати два дена по нападот во хотелот во Најроби, во кој беше убиено 21 лице, соопшти Црвениот крст на Кенија. Меѓу жртвите има британски и американски државјанин, а другите, најверојатно, се кениски државјани.

DusitD2

Претседателот на Кенија, Ухуру Кенјата, соопшти вчеравечер дека 20-часовната опсада е завршена со ликвидација на сомалиските напаѓачи што влегоа во луксузниот хотелски комплекс DusitD2, во кој имало стотина гости и вработени.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Ал Шабаб со седиште во Сомалија, која се бори да наметне строг исламски закон.

Прикажи повеќе...

Вести

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Објавено пред

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави Би-би-си. Во истражувањето учествувале само 30.364 вработени или околу 17 отсто од вкупниот број.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рекол дека извештајот и умерено ниската стапка на одговори е знак дека пред нив е долг пат. Тој рекол дека релативно малиот број учесници во истражувањето би можело да биде знак на чувство на недоверба, перцепција за неактивност и недостиг на одговорност во ОН.

Според извештајот, повеќе од половина од оние што биле жртва на сексуално вознемирување во ОН рекле дека тоа се случило во канцеларија, а 17,1 отсто од вкупниот број учесници во истражувањето рекле дека тоа се случило на социјален настан поврзан за работата. Повеќе од една петтина, 21,7 отсто, рекле дека им биле раскажувани несоодветни сексуални случки или вицови. Околу 14 отсто од испитаниците добиле навредливи коментари за нивниот изглед, тело или сексуални активности, а 13 отсто имале колеги што се обиделе да внесат сексуални разговори.

Во извештајот се наведува дека двајца од тројца што малтретираат се мажи, а секој трет вработен по сексуалното вознемирување, презел некакви дејства.

Прикажи повеќе...

Вести

Турција го осуди нападот во Манбиџ во кој загинаа 20 луѓе

Објавено пред

Министерството за надворешни работи на Турција остро го осуди терористичкиот напад врз американските војници во сирискиот град Манбиџ во кој загинаа 20 лица, од кои четворица американски војници.

Во соопштението на министерството се истакнува дека „Турција со жалење дознава за бомбашкиот напад во центарот на градот Манбиџ во кој загинаа американски воен персонал и цивили“ и се подвлекува дека Турција осудувајќи го ова злосторничко дело со решителност ќе продолжи со активностите што заеднички ги води со САД во правец на отстранување на терористичките организации од Манбиџ и обезбедување на стабилноста и безбедноста во регионот.

Нападот за кој одговорност презеде Исламската држава се случи по изјавите на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека САД ќе ги повлече своите трупи од Сирија.

Асуде Кочан

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Миленко Неделковски: Не сум виновен

Новинарот и водител Миленко Неделковски денеска првпат седна на обвинителна клупа како обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на...

Македонија1 час

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервисес“ (СГС), која се поврзува со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби нов тендер...

Македонија2 часа

Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија што го смени полот

Европскиот суд за човекови права во Стразбур, денеска, првпат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и пресуди во...

Македонија4 часа

Владимир Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески

Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО со кодно име „Транспортер“. Претходно беше...

Монструм Монструм
Македонија4 часа

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското...

Свет4 часа

(Видео) Пронајдена коса од двегодишното дете што падна во бунар во Шпанија

Спасувачките екипи пронајдоа коса од двегодишното дете што падна во длабок бунар во Шпанија. Со ДНК-тестовите е потврдено дека детето...

Свет4 часа

Тереза Меј подготвена да соработува со опозицијата за да се оствари брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за брегзитот, при што...

Вести5 часа

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави...

Свет6 часа

Путин во Белград со двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу...

Свет7 часа

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет7 часа

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион17 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа18 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија19 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија22 часа

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија22 часа

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија23 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија24 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија24 часа

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија1 ден

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Досие