Наука
Перуански музеј на јавноста ѝ ги приближува мозоците

Благодарејќи на необичниот музеј во Перу, исклучиво посветен на човековиот мозок, посетителите од непосредна близна можат да се запознаат со овој најкомплексен и најмалку познат по функцијата орган во човековото тело.
Болницата „Санто Торибио де Могровехо“ во перуанската престолна Лима е дом на своевидната „библиотека на мозоци“ којашто содржи голема колекција од болни и здрави мозоци, со што на научниците и на јавноста им го нуди на увид она што се случува во главите на луѓето.
Тоа е единствен музеј од ваков вид во Латинска Америка, и еден од само неколкуте во светот, кој има толку голем број сочувани мозоци кои ѝ се достапни на пошироката јавност. Во болницата којашто е стара три века има вкупно 2.912 мозоци, а 300 од нив се изложени како експонати. Секоја година болничкиот музеј го посетуваа повеќе од 20.000 луѓе.
„Допрете вистински череп“, е мотото со кој на влезот се повикуваат посетителите, нудејќи им примерок на кој можат да ја почувствуваат структурата на коските на главата или да држат два квадратни метра замрсена сива маса на мозокот.
Инспиратор на оваа изложба е невропатологот Дијана Ривас којашто ги избира научно интересните примероци за изложбата.
„Тука се изведуваат аутопсиите. Ги правам самата“, вели во репортажата на AFP, Дијана Ривас вадејќи еден мозок од сад со формалдехид. Голем е колку издувана фудбалска топка и има конзистенција на „гума за бришење“, појаснува Ривас, продолжувајќи со проучувањето на двете хемисфери на мозокот и отстранувањето на тенкиот слој од три мембрани кои ги држат заедно, ткн менинги.
Еднаш кога отворила мозок ѝ се открил фасцинантниот релјеф на мозокот, лавиринт од сиво и бело ткиво, коишто ги содржат тајните на мислите, на јазикот и говорот и на речиси сите телесни функции.
„Човековиот мозок тежи меѓу 1,2 и 1,4 килограми, зависно од височината и тежината на лицето, како и од полот. Женските мозоци се поеволуирани од машките. Она што нé разликува е развојот на јазикот кој го користиме повеќе од мажите“, појаснува Ривас истовремено сецирајќи мозок.
„На студентите им покажуваме како изгледа здрава а како болен мозок, како овој со цистецеркоза која предизвикува грчеви“, продолжува невропатологот покажувајќи на мозок со дупки кои ги направиле паразити.
Ривас укажува на уште еден заболен мозок кој бил погоден од артериосклероза, резултат од претерано консумирање на масна храна којашто ги затнала артериите, вклучително и оние кои го хранат мозокот. „Ова нé потсетува да не претеруваме со хамбургерите. Не е добро да се претерува со мрсната храна“, предупредува Ривас.
Истакнува дека за некои делови од изложбата треба да се има „силен желудник“, како примерокот со енцефалитис. Ова нарушување при раѓањето се случува кога невралната цевка и ‘рбетниот мозок не се развиваат нормално во текот на бременоста, поради што мозокот и мембраните кои го опкружуваат висат од отворот во черепот на бебето. „Околу пет отсто од студентите се плашат кога ќе го водат, Некои се онесвестуваат, другите повраќаат“, додава Ривас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Астрономите открија необично голема и светла црна дупка

Астрономите ја открија најбрзо растечката црна дупка со маса еквивалентна на масата на три милијарди сонца, која троши еквивалент на една Земја секоја секунда и сјае 7.000 пати посилно од нашата галаксија, објави Австралискиот национален универзитет (АНУ).
„Астрономите ловат вакви објекти повеќе од 50 години. Тие пронајдоа илјадници бледи, но овој зачудувачки светол објект се провлекол незабележано“, рече главниот истражувач на АНУ, Кристофер Онкен, нарекувајќи го „многу голема, неочекувана игла во стог сено“.
„Сега сакаме да знаеме зошто оваа црна дупка е поинаква – дали се случило нешто катастрофално? Можеби две големи галаксии се урнале една во друга, насочувајќи многу материјал во црната дупка за да ја нахранат“, рече Онкен.
Коавторот Кристијан Волф ја нарече рекордната црна дупка „извонредна“.
Забава
(Видео) Кинеските астронаути се вратија на Земјата по историската вселенска мисија

Тројца кинески астронаути слетаа на Земјата рано утрово по 183 дена поминати во вселената, што е најдолг престој на кинеска екипа досега, објави државната телевизија.
Капсулата во која се наоѓаа астронаутот Ванг Јапинг и двајцата нејзини колеги, Џаи Жиганг и Је Гуангфу, слета утрово во пустината Гоби во северозападна Кина. Спуштањето беше емитувано во живо на кинеската државна телевизија.
Враќањето траеше повеќе од девет часа
Враќањето од вселенската станица, која орбитира на околу 400 километри над Земјата, траеше нешто повеќе од девет часа.
Екипажот на „Магичниот брод“ Shenzhou 13 помина шест месеци во вселената, подолго од другите кинески астронаути и речиси двојно повеќе од кинескиот рекорд минатата година.
Тричлениот екипаж замина во мисијата на 16 октомври. За време на летот, тројцата астронаути, наречени тајкунаути во Кина, двапати излегоа на вселенска прошетка и спроведоа серија научни експерименти.
Тие, исто така, ја подготвија вселенската станица Тиангонг (Рајска палата) за идни проширувања.
Ванг Јапинг не само што беше првата жена што остана на главниот модул на кинеската вселенска станица Тианхе (Ѕвездена хармонија), туку и првата што изведе вселенска прошетка.
Забава
Луѓето може да живеат најмалку 130 години, покажува нова студија

Луѓето најверојатно можат да живеат до 130-годишна возраст, а можеби и значително повеќе, но веројатноста за таква длабока старост засега е многу мала, покажуваат нови научни истражувања.
Горната граница на човечкиот живот е предмет на бројни истражувања и дискусии.
Една студија, заснована на медицински податоци од повеќе од 500.000 доброволци, објавена во јуни годинава во списанието „Nature Communications“, покажа дека горната граница на човечката возраст може да биде некаде помеѓу 120 и 150 години.
Но, некои научници веруваат дека не постои теоретска граница за времетраењето на човечкиот живот.
Нова студија, објавена во списанието „Royal Society Open Science“, анализирала податоци од „суперстогодишници“ односно луѓе постари од 110 години и податоци од „полу-суперстогодишници“, кои доживеале 105 години.
Ризикот од смрт обично се зголемува со возраста. Сепак, авторите на новата студија откриле дека престанува да расте по одредена возраст и запира со веројатност дека едно лице ќе умре наредната година, за што шансите се 50 наспроти 50.
„Човек со 110 години може да замисли дека веројатноста да живее уште една година е слична како кога фрла паричка“, изјавил за АФП, Ентони Дејвисон, професор по статистика на Швајцарскиот сојузен технолошки институт во Лозана (ЕПФЛ), кој го водел истражувањето.
„Ако се падне глава, тогаш ќе го дочекате следниот роденден, а ако не, тогаш ќе умрете во одреден момент следната година“, додава тој.
Врз основа на досегашните податоци, се чини дека луѓето можат да доживеат најмалку 130 години, но екстраполацијата од наодите имплицира дека не постои граница за човечкиот животен век, заклучува студијата.
Ваквите заклучоци одговараат на слични статистички анализи направени врз групи податоци за многу постари луѓе.
„Но, оваа студија ги зајакнува тие заклучоци и ги прави попрецизни, бидејќи сега има повеќе податоци“, вели Дејвисон.
Во својата студија, тимот анализирал две групи податоци.
Едната била собрана од базата на International Database on Longevity која содржи податоци за повеќе од 1.100 „суперстогодишници“ од 13 земји.
Втората доаѓа од Италија и содржи податоци за сите лица кои живееле најмалку 105 години во периодот од јануари 2009 до декември 2015 година.