Контакт

Наука

Почина многу ретка желка со мек оклоп во Кина, има само три во светот

Објавено пред

Почина последната женка желка од многу редок вид со мек оклоп во Кина. Со тоа се доведува во опасност опстанокот на овој вид желки, од кои се останати само три.

Желката, за која се верува дека има повеќе од 90 години, почина во саботата 24 часа откако локални научници, заедно со меѓународни експерти, се обидоа вештачки да ја оплодат, објави локалниот весник „Сузхоу дејли“.

Весникот објави дека немало компликации од обидот за вештачко оплодување, но дека истражувачки тим составен од домашни и меѓународни експерти ќе спроведе аутопсија за да се утврди причината за смртта.

Друштвото за конзервација на диви животни ја нарекува Јангце гигантска желка со меко ткиво, и е една од најкритично загрозените видови во светот, убиени поради лов или, пак, поради уништување на нивните живеалишта. Сега постојат само три во светот.

Во зоолошката градина во Сузхоу има една желка мажјак, додека останатите две живеат во Виетнам, но не е познат нивниот пол.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Откриени желки што светат во различни бои во темнина

Објавено пред

Морските биолози открија околу Соломонските Острови еден вид желка што свети во темнина и има невообичаена способност за биофлуоресценција или емитување светлина во различни бои, како што се зелената и црвената.

Биофлуоресценцијата се проучува само десетина години, а откривањето на желка со клун на јастреб на Соломонските Острови е прва од ваков вид, пишува „Соломон тајмс”.

Тимот на биолози не знае зошто желките ја поседуваат оваа уникатна способност, но се знае дека другите видови ја користат за комуникација меѓу себе или за маскирање.

Морскиот биолог Александар Гаос вели дека коралите често имаат биофлуоресценција, така што е можно дека желките ја имаат оваа способност за да се вклопат во околината.

Тимот на биолози, исто така, ќе ја испита хемиската реакција кај желките за да утврди што предизвикува флуоресценција.

Ова единствено откритие лесно може да доведе до големи откритија кај други животни кои имаат непознати способности, според „Соломон тајмс“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Илон Маск планира в година да вградува импланти во човечките мозоци  

Објавено пред

Илон Маск во вторникот соопшти дека неговиот невротехнолошки стартап „Невралинк“ планира веќе в година да почне со вградување уреди во човечките мозоци, пишува „Сајентс алерт“.

Маск инвестира околу 100 милиони долари во мистериозната компанија „Невралинк“, во која се вработени некои од водечките невронаучни работници во светот.

Според него, „Невралинк“ ќе им овозможи на субјектите да им се вгради мал чип во мозокот што ќе им овозможи да постигнат симбиоза со вештачката интелигенција. А постапката, вели Маск, ќе биде безбедна и безболна како процедурата за ласерска корекција на очите.

Основачот на SpaceXa смета дека таков систем може да се користи за лекување невродегенеративни болести, како Алцхајмерова или Паркинсова болест, и на крајот може да ја зачува и подобри нашата функција на мозокот.

Додека некои експерти го фалат обидот на Маск да создаде нова генерација интерфејси помеѓу мозокот и компјутерот, други веруваат дека таков систем крие одредени опасности.

Лекарот Филип Хејлер, основач на Neuroboedback Neuroboost, минатата година за „Бизнис-инсајдер“ изјави дека таквите системи доаѓаат со ризици вклучувајќи и оштетување на мозокот, воспаленија и лузни.

Прикажи повеќе...

Забава

Кафето, рибите и компирот жртви на климатските промени

Објавено пред

Климатските промени може да предизвикаат проблеми во растот на културите и изумирањето на животните и рибите, па можеби ќе треба да се простиме од нашата омилена храна и пијалаци.

Поради глобалното затоплување, земјиштето погодно за одгледување кафе, најверојатно, ќе се преполови до 2050 година.

Се очекува дека дивите видови кафе целосно ќе исчезнат до 2080 година, објави Би-би-си.

Од климатските промени исто така ќе бидат погодени рибата и компирот.

Риба има сè помалку и помалку, според Би-би-си.

Една од причините за тоа е сè пониското ниво на кислород во океаните што се загреваат.

Доказ за тоа е глобалниот улов, кој се намали 5 проценти, а оние што ги сакаат рибите во Северното Море ќе забележат дека нивниот улов паднал за една третина.

Компирите растат под земјата, но исто така ќе страдаат од сè поголеми суши.

Само едно топло лето во 2018 година во Велика Британија влијаеше родот на компири да се намали една четвртина, а секој поединечен плод се намали три сантиметри, објавија британските медиуми.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ56 минути

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија1 час

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Европа1 час

Илјада пожарникари трет ден ги гаснат пожарите во Португалија, расте бројот на повредени

Бројот на повредени во пожарите во Португалија, кои траат веќе три дена, се искачи на 39. Повеќе од илјада пожарникари...

Македонија2 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија3 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион3 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија17 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија18 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија19 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија20 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија21 час

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија23 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет1 ден

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 ден

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија2 дена

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Досие