Контакт

Наука

NASA тестира ласерска сонда за испитување на ледената месечина на Јупитер

Објавено пред

Американската вселенска агенција (NASA) подготвува истражувачка мисија на месечината на Јупитер, Европа, пишува The Verge.

 

 

Научниците сметаат дека во океаните под мразот на Европа би можело да постои некаква форма на живот и со нетрпение очекуваат да го започнат истражувањето. Прв чекор што води кон ова сознание е пробивање на мразот, па затоа екипата тестира ласерска дупчалка на ледникот Матануска на Аљаска.

 

Американскиот претседател Барак Обама распоредил насочување на 15 милиони долари од буџетот на NASA специјално  за проучување на месечината на Јупитер и според некои научници во 2022 година таму би можела да биде испратена истражувачка сонда.

 

Дури агенцијата и да не успее да ја реализира мисијата до Европа, испитувањата за време на подготовките нема да бидат напразни, бидејќи европски научен тим преку приватно финансирање планира слично патување. /крај/фк/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

НАСА предупреди дека кон Земјата се приближува потенцијално опасен астероид

Објавено пред

Астероид, класифициран како „потенцијално опасен“, ќе се приближи до Земјата на 6 јуни, соопшти НАСА.

Како што е наведено, астероидот, чиј дијаметар е помеѓу 250 и 570 метри, се очекува да помине покрај Земјата на растојание од 5,1 милион километри со брзина од 11,1 километар во секунда, пренесува агенцијата ТАСС.

Во моментов астрономите откриле повеќе од 8.000 астероиди со дијаметар од над 140 метри во радиус од седум милиони километри од Земјата.

Според експертите на НАСА, вкупниот број на големи астероиди во вселената близу Земјата можеби достигнува 25.000, пренесува Space.com.

Прикажи повеќе...

Забава

Во Шкотска пронајдена фосилизирана стоноголка, најстарото познато копнено животно

Објавено пред

Фосилизирано суштество слично на стоноголка е откриено во Шкотска и може да претставува најстарото познато копнено животно, скромен пионер на животот на Земјата пред 425 милиони години.

Научниците велат дека фосилот е од периодот силур, откриен е на островот Керера од шкотските Хебриди и е наречен кампекарис обаненсис (kampecaris obanensis). Ја населил областа покрај езерата и се хранел со растенија што се распаѓаат.

Фосилот на најстарото растение со дршка, наречено куксонија, исто така е пронајден во истата област.

Иако кампекарис е најстарото копнено животно за кое се знае од фосилите, се верува дека му претходеле црви, веројатно пред 450 милиони години, изјави палеонтологот Мајкл Брукфилд од Универзитетот во Тексас, главен автор на студијата објавена во списанието „Хисторикал бајолоџи“.

Кампекарис, долг приближно 2,5 сантиметра, личи на сегашните стоногалки, но е припадник на истребен вид, кој не е предок на денешните стоногалки. Нозете на кампекарис не се зачувани на фосилот.

Тој бил членконожец, припадник на широка група безрбетници, која вклучува инсекти, пајаци и стоногалки.

Прикажи повеќе...

Забава

Совршено сочуван римски мозаик откриен под лозје во Италија

Објавено пред

Римски мозаик, по кој археолозите трагаа повеќе децении, е откриен под лозје во Италија, јави Би-би-си.

Истражувачите од општината Неграр ди Валполичела, северно од Верона, објавија фотографии од добро сочуван мозаик на длабочина од еден метар.

Експертите уште пред сто години на место во близина откриле делови од римска вила, пренесе Би-би-си.

Археолозите внимателно ја отстрануваат земјата со цел да го утврдат севкупниот размер на античката градба.

Истражувачите ќе соработуваат со сопствениците на лозјето и локалните власти со цел да изнајдат начин ова скриено археолошко богатство да го направат достапно за јавноста.

На техничарите ќе им требаат значителни ресурси, а локалните власти ветија секаква потребна помош за да продолжат ископувањата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет7 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет8 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ12 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија13 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа14 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија14 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ15 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет16 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија16 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет17 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија17 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија17 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион18 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа18 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет19 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија19 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет20 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија20 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион21 час

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Досие