Контакт

Наука

Научниците од Чиле ги проучуваат најстарите мумии во светот

Објавено пред

 

Најстарите мумифицирани тела на светот привлекоа големо внимание откако пред повеќе од 7.000 години ги оставила цивилизацијата наречена Чинчоро во денешната држава Чиле.

Мумиите се подложени на томографско скенирање и ДНК анализи за научниците да дојдат до информации за античките луѓе. Се работи за 15 мумии, воглавно на деца и неродени бебиња, кои се анализирани со компјутеризирана томографија на клиниката Лос Кондес во Сантијаго, Чиле.

„Собравме илјадници фотографии со прецизност помала од еден милиметар“, изјави главниот радиолог Марчело Галвез.

Научниците се подготвени да изработат виртуелен изглед со реконструкција на лицето и
мускулите за што ќе се користи висока технологија.

„Следната фаза е виртуелно сецирање на телото, а да не ги допираме. Тоа ќе ни помогне да ги сочуваме уште 500.000 години“, вели Галвез.

Научниците сакаат да видат како изгледале луѓето од цивилизацијата Чинчоро и да ги „вратат во живот иако се мртви со илјадници години“.

Ќе бидат земени ДНК примероци со помош на кои научниците ќе може да го разберат
нивниот начин на живот и начинот на исхрана, а ќе дознаат и дали Чилеанците денес имаат нивна крв.

Научниците се надеваат дека ќе откријат како ловците и рибарите од цивилизацијата Чинчоро, кои живееле меѓу 10.000 и 2.400 година пред Христос, ги мумифицирале мртвите, посебно затоа што нивните мумии се најстари на светот.

„Мумиите Чинчоро се стари близу 7.400 години. Овој систем постоел дури 2.000 години пред првите мумии во Египет“, вели Вероника Силва, шеф на антрополошкиот оддел во чиленаскиот Национален историски музеј.

Мумификацијата во античко доба подразбирала отстранување на кожата и мускулите на починатите, а потоа телото се реконструирало околу скелетот со помош на дрва, билки и глина. Потоа повторно би ја сошиле кожата заедно со устата, очите и косата. Потоа се ставала маска на лицето.

Тестовите откриле уште едно изненадување, а тоа е дека најмалата мумија всушност не е мумија.

„Внатре не постои коскена структура, се работи за фигура која веројатно претставува личност која не можела да биде мумифицирана“, вели Силва.

Од 1903 година откриени се близу 180 мумии од цивилизацијата Чинчоро. Сите се пронајдени на отворено во близина на плажи, затоа што оваа цивилизација не правела пирамиди или некои други структури каде би ги чувала. Цивилизацијата зад себе оставила само мумии, никакви други траги на своето постоење./крај/со/бб

Забава

(Видео) НАСА успешно ја тестира најмоќната ракета во светот

Објавено пред

НАСА успешно го тестира главниот мотор на најмоќната ракета во светот – Space Launch System (SLS).

Моторите работеле повеќе од осум минути за да го симулираат времето што е потребно за ракетата да стигне до вселената од површината на Земјата. СЛС би требало да превезува луѓе на површината на Месечината, првпат од 1972 година.

Експертите го тестираа главниот мотор на ракетата. СЛС се состои од јадро со четири моќни RS-25 мотори и два придвижувача. Пред да почне тестирањето, инженерите го наполниле главниот мотор со повеќе од 2,6 милиона литри гориво, кое се состои од течен водород и течен кислород, пишува Би-би-си.

Моторите тестирани вчера биле дел од 21 успешно полетување шатлови. Два од нив биле користени во последната мисија СТС-135 во 2011 година, а третиот во мисијата во 1998 година кога беше лансирана најстарата личност во вселената – американскиот сенатор и астронаут Џон Глен, кој во тоа време имаше 77 години, а четвртиот за време на летот за сервисирање на вселенскиот телескоп „Хабл“.

Моторите беа поправени по тие мисии. По првото полетување на СЛС подоцна оваа година, НАСА ќе ги отфрли и повеќе нема да ги користи.

SLS припаѓа на мисијата „Артемис-1“, чија цел е да ги посети Месечината и другите планети во нашиот Сончев систем.

Прикажи повеќе...

Забава

Сите честички коронавирус во светот ги собира во една лименка

Објавено пред

Сите честички коронавирус, кои моментно циркулираат во светот, лесно може да ги собере во една лименка за сок, пресметал британски математичар обидувајќи се да прикаже колку голем проблем може да предизвика нешто толку мало.

Комбинирајќи ги светските податоци за бројот на нови инфекции и процените за количината вирус од лице, математичарот од Универзитетот во Бат заклучил дека во светот има околу два квинтилиона честички на коронавирус или околу две милијарди милијарди.

Пресметувајќи ја големината на коронавирусот, во просек околу 100 нанометри, научникот Јејтс потоа го пресметал вкупниот волумен на вирусот.

Дури и кога ќе се пресметаат шилестите протеини на вирусот и фактот дека неговата тркалезна форма ќе остави простор помеѓу честичките, вкупниот волумен е сè уште помал од оној на лименката „кока-кола“ од три децилитри.

„Неверојатно е кога ќе помислите дека сите овие проблеми, хаос, тешкотии и загуби на животи се резултат на нешто што го собира во две голтки“, вели Јејтс.

Досега 2,34 милиона луѓе починаа од Ковид-19, а од почетокот на пандемијата има потврдено 107 милиони случаи на инфекција.

Прикажи повеќе...

Забава

Третина од Русите сметаат дека руската наука е водечка во светот

Објавено пред

Tретина од Русите веруваат дека руската наука е пред сите други во светот и тие сметаат дека борбата против коронавирусот е едно од најголемите достигнувања во последните неколку години.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Рускиот центар за истражување на јавното мислење.

„Најчестиот одговор на Русите е дека најголемите достигнувања на руската наука се борбата против коронавирусот и развојот на вакцината. Втор најчест одговор е рускиот военоистражувачки и военоиндустриски комплекс“, стои во извештајот за истражувањето, пренесува „Тасс“.

Речиси една третина од Русите сметаат дека руската наука е пред сите други на глобално ниво, додека 34 проценти сметаат дека малку заостанува.

Анкетата била спроведена на 30 јануари на примерок од 1.600 испитаници постари од 18 години.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Заев од Брисел: Го очекуваме тоа што ни е ветено

Премиерот Зоран Заев допатува во Брисел, каде што вечерва, по покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за...

Македонија6 часа

Полицискиот час останува во сила до 1 јуни, одлучи Владата

На денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето, наместо...

Свет7 часа

Нетанјаху најави уште поостра реакција во следните неколку дена

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека земјата ќе го засили својот одговор на ракетните напади во следните неколку дена....

Свет10 часа

(Видео) Највисокиот облакодер во Кина почна да се ниша, луѓето во паника бегаа, причината непозната

Еден од највисоките облакодери во Кина беше евакуиран кога почна да се ниша, а луѓето во паника бегаа на сигурно...

Македонија10 часа

Регистрирани 83 нови случаи на Ковид-19, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на...

Македонија13 часа

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја...

Македонија14 часа

Џамбаски го критикува хрватскиот претседател поради Македонија: „Тој зазема страна во спорот, ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање...

Топ15 часа

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија16 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет16 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија17 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет17 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет17 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет17 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет18 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион1 ден

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија1 ден

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија1 ден

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа1 ден

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија1 ден

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Досие