Контакт

Забава

Нов Зеланд го протера првиот климатски азилант од Кирибатите

Објавено пред

Нов Зеланд во среда го протера првиот несуден азилант кој се обиде да создаде дом во оваа држава со образложение дека родните Кирибати заради климатските промени ќе бидат потопени од морето.

 

 

Иоане Теитиота е одведен на лет од Оукленд откако последната жалба му ја одби министерот за миграции. Беше уапсен во вторникот заради пречекорување на условите под кои му беше издадена визата и заради тоа што му било одбиено барањето за азил.

 

Налогот за депортација бил предаден на неговата сопруга и трите деца родени во Нов Зеланд, на кои им се дадени седум дена да се подготват за заминување.

 

Тие правната битка ја загубија во јули кога Врховниот суд пресуди дека нема да бидат загрозени со враќањето на родните Кирибати, ниска островска земја која се соочува со можноста да исчезне доколку се покачи нивото на морето.

 

Семејството стигнало во Нов Зеланд во 2007 година, а дозволата за работа им истекла во 2010 година и од тогаш се обидуваат да издејствуваат бегалски статус. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Орландо Блум има ново хоби во карантин – лего коцки

Објавено пред

Кога ќе се најдете себеси заглавени дома подолг временски период без никакви работни обврски, обично најдобра идеја за некаква акција е ново хоби, било да е тоа печење или шиење.

За актерот од „Господарот на прстените“ и „Пиратите од Карибите“, Орландо Блум, се чини дека новото хоби е играта која многумина ги потсетува на нивното детство, ЛЕГО коцки.

Во неодамнешната епизода на ноќното шоу на Џими Фалон, The Tonight Show, Блум ја откри својата нова карантинска активност и рече дека всушност многу се забавува во заедничката активност со неговиот деветгодишен син Флин.

Прикажи повеќе...

Забава

Вил Смит ќе продуцира драмска верзија на „Принцот од Бел-Ер“

Објавено пред

Актерот Вил Смит со својата продукциска компанија „Вестбрук студиос“ ќе работи заедно со „Јуниверзал ТВ“ на римејк на иконската серија „Принцот од Бел-Ер“.

Проектот „Бел-Ер“, е драма и наводно се наоѓа во фаза на развој повеќе од една година, а Смит ќе биде косценарист со оригиналните продуценти, Бени Медина и Квинси Џоунс.

ТВ-серијата „Принцот од Бел-Ер“, која траеше шест сезони од 1990 до 1996 година, неодамна беше додадена на понудата на американската стрим-платформа „ХБО мaкс“.

Римејкот е инспириран од трејлер, направен од еден фан на серијата, а кој постигна голема гледаност на Јутјуб во 2019. На Вил многу му се допаднал трејлерот и решил да направи филм драма, помрачна верзија на оригиналната комедија.

„Дедлајн“ објави дека за новиот проект заинтересирани се најпознатите стриминг платформи „Нетфликс“, „Пикок“, „ХБО макс“, „Амазон прајм“ и „Епл“.

Прикажи повеќе...

Забава

Семејниот дом на Меган и Хари во кој ќе расте малиот Арчи

Објавено пред

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) живееја во родната куќа на Меган во Лос Анџелес по напуштањето на кралските должности. Сега тие си купиле и се преселиле во новиот дом во Монтечито во близина на Санта Барбара, скап крајбрежен град северно од Лос Анџелес, пишува Си-ен-ен.

„Двојката се пресели во семејниот дом во јули годинава и се смести во тивка приватност на нивната заедница. Тие се надеваат дека тоа ќе се почитува поради нивните соседи, како и поради нив како семејство“, изјави нивниот портпарол за американските медиуми.

Според списанието „Пипл“, нивниот дом се наоѓа околу 150 километри северно од Лос Анџелес, а во градот живеат и Опра Винфри (66) и Елен Деџенерис (62). Имотот во Монтечито, кој се состои од куќа со девет спални и 16 тоалети, базен, игралиште и градина со рози, го купиле 14,65 милиони долари.

„Тие сакаат таму да го подигнат Арчи и се надеваат дека ќе имаат што е можно понормален живот. Хари и Меган никогаш немале намера да живеат во Лос Анџелес“, изјави близок пријател на двојката, пренесува „Пипл“.

Војводата и војвотката од Сасекс се преселија во Калифорнија од Канада кога во јануари објавија дека имаат намера да се повлечат од кралските должности и да работат за да обезбедат финансиска независност.

Тие рекоа дека сакаат во Калифорнија да направат нешто што има смисла и што е важно и дека имаат намера да ја отворат непрофитната организација Archewell.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ33 минути

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Македонија1 час

СДСМ: Продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна Влада

„СДСМ, како предводник на коалицијата „Можеме“, со освоени најмногу пратенички места во Собранието го доби мандатот за состав на нова...

Свет1 час

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати казна од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена на 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет2 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет4 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет13 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет13 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа14 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија16 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија16 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ18 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија18 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија20 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија20 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија21 час

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија21 час

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија21 час

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија22 часа

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Досие