Забава
Новиот Капетан Америка ќе биде Афро-Aмериканец
Издавачката куќа Marvel не престанува да ги шокира љубителите на стрипот. Најнова вест е дека новиот Капетан Америка (Captain America) ќе биде Афро-Aмериканец, односно дека стариот Стив Роџерс својот штит и костим ќе му ги предаде на пријателот Сем Вилсон, алиас Фалкон.
Новоста со фановите ја сподели еден од главните луѓе во Marvel, Џо Кесада и тоа само 24 часа по објавувањето дека богот на грмотевиците Тор (Thor) станува женско, и 48 часа откако беше соопштено дека омилениот американски тинејџер Арчи (Archie), помалку познат на овие простори, ќе биде убиен во стрипот.
На прашањето како го коментира фактот тоа што Вилсон е црнец, Кесада рекол дека „тој не забележува бои“.
Вилсон е втор поранешен помошник на Капетанот кој ќе го преземе штитот во последната деценија, а вкупно седми лик што ќе го користи името и костимот на Капетан Америка во универзумот на Marvel. Фалкон инаку на крајот на 60-тите години од минатиот век стана првиот афроамерикански суперхерој во мејнстрим сриповите.
Вреди да се истакне дека Фалкон не е прв Афро-американец во костимот на Капетан Америка, затоа што во краткиот серијал Truth: Red, White & Black (2003, седум броеви) ѕвездата на гради ја носеше Исаја Бредли.
„Примопредавањето’ на улогата би требало да се случи во првиот број на новиот серијал по име All-New Captain America што ќе го потпишат познатиот сценарист Рик Ремендер и цртачот Стјуарт Имонем.
Останува да видиме дали и како големите промени во супер групата Одмаздници (Avengers) од стрипот ќе се пресликаат на големото платно, со претпоставка дека до 2018 година ќе има уште филмови во кои се појавуваат Капетан Америка, Тор, Ајрон Мен и другите херои на Marvel.
Капетан Америка се појави за првпат во стрип во 1941 година./крај/мф/сд
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Меган Маркл бакна друг маж, реакцијата на принцот Хари стана вирална на социјалните мрежи
Пред неколку дена на хуманитарното натпреварување во поло во Велингтон, Флорида, избраниците на принцот Хари забележаа две победи, што значи дека беа шампиони на овој мини турнир.
Меѓутоа, кога дојде моментот да им се честита трофејот, дојде до неочекувана, но симпатична реакција од војводата од Сасекс, кој не можеше да ја задржи својата љубомора.
Имено, Меган Маркл, сопругата на Хари, се качи на сцената за да им честита на победниците. Војвотката го бакна на двата образа соиграчот на Хари и капитен на тимот, Малколм Борвик, а реакцијата на нејзиниот сопруг на потегот стана вирална на социјалните мрежи.
@czedits__fp__ 😭😭 #princeharry#meghanmarkle#sussexroyal#sussex_family#royal#harryandmeghan#dukeharry#duchessmeghan#dukeofsussexs#duchessofsussex#fyp#meghanandharry#dukeandduchess#royalcouple#meghanmarkleandprinceharry#princehenry#meghanmarklestyle#princeharryandmeghanmarkle#princeharryedit#meghanmarkleedit#fouryou ♬ původní zvuk – •sussex family•
На снимката се гледа дека на Хари не му е сеедно, но судејќи според следните снимки, јасно е дека се шегувал.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе
Леонардо ди Каприо наводно добил улога на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Вараети“. Улогата на Ава Гарднер ѝ припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.
Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколкупати.
Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите, како „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Заминат“, „Островот затворач“ и „Волкот од Волстрит“. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 „Оскари“.
Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.
Забава
Роберт де Ниро откри кои се неговите омилени актери на сите времиња
Има малку актери што може да се споредат со Роберт де Ниро.
Добитник е на два „Оскара“ и седум номинации во актерски категории. Де Ниро е титан на холивудското платно, кој постигна некои од неговите најнезаборавни изведби во филмовите на Мартин Скорсезе, Френсис Форд Копола и Квентин Тарантино.
Де Ниро ја имаше својата прва улога во филмот на Скорсезе, Mean Streets, од 1973 година. Тој толку многу го освои славниот режисер што го нарече најголемиот актер на неговата генерација.
Кариерата на Роберт де Ниро беше обележана со улоги во мрачни трилери и гангстерски филмови за кои стана синоним за Ал Пачино, Џо Пеши и Реј Лиота.
Запрашан за неговите најрани филмски влијанија, Де Ниро откри дека црпел инспирација од британската кинематографија. Што се однесува до Америка, тој како најинтересни актери ги издвојува Џејмс Дин, Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Ким Стенли и Грета Гарбо.
Омилени актери на Роберт де Ниро му се: Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Џејмс Дин, Грета Гарбо, Алберт Фини, Ричард Харис, Ким Стенли.