Забава
Oригиналната куќа на „Топ ган“ отворена за посетители

Во Оушансајд, Калифорнија, мал пастелносин бунгалов е сместен помеѓу високи хотели и станбени блокови. Тоа е куќата од „Топ ган“.
Куќата беше во сопственост на симпатијата на Маверик, Чарли, во оригиналниот филм од 1986 година. Сега обновена и поместена еден блок подолу од нејзината оригинална локација, таа е отворена за јавноста.
„Ќе можете повторно да го доживеете тој магичен момент од јужна Калифорнија, каде што Том Круз доаѓа на брегот со неговиот Кавасаки-900. Има реплика од моторот надвор од куќата на која можете да седнете и навистина да го доживеете тој момент на крајбрежно ветре што минува низ вашата коса, што е многу забавно“, рече Бен Ферчајлд од хотелот Mission Pacific и ресортот Seabird, каде што сега се наоѓа куќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Топ Ган: Маверик“ ја надмина заработката од една милијарда долари во светската каса

„Топ Ган: Маверик“ на Том Круз постигна уште еден импресивен резултат на киноблагајните овој викенд бидејќи ја премина границата од 1 милијарда долари.
Покрај тоа, стана најуспешниот филм на сите времиња на 59-годишниот актер.
Со таа продажба на билети филмот го собори суперхеројскиот филм на „Марвел“ – Doctor Strange in the Multiverse of Madness (943 милиони долари) како филм со најголема заработка на годината на коноблагајните, пишува „Дејли мејл“.
Spider-Man: No Way Home, кој заработи повеќе од 1,89 милијарда долари, е единствениот друг филм што достигна 1 милијарда долари за време на пандемијата на коронавирусот.
Забава
Додека барал злато, откопал мумифициран мамут

Рудар во северна Канада копал во потрага по злато, но нашол нешто неверојатно – мумифициран мамут.
Локалните палеонтолози пронајдокот го опишаа како „неверојатно животно од ледената доба“ за кој се смета дека е постар од 35.000 години.
„Мамутот е совршен, има сурла, мали уши. Се работи за најважното палеонтолошко откритие во Северна Америка“, вели Грант Зазула, палеонтолог.
Мамутот на поголемиот дел од телото ги има зачувано кожата и влакната. Познавачите велат дека тој имал околу еден месец кога пцовисал. Долг е околу 140 сантиметри, пишува „Гардијан“.
Геолозите пронашле и парче трева во стомакот на мамутот, што укажува на тоа дека ова младенче последните моменти од животот ги поминало на пасиште.
Неговото тело е добро зачувано затоа што, најверојатно, малиот мамут останал заробен во мочуриште пред да смрзне.
Забава
Шерон Стоун: Имав девет спонтани абортуси пред да ги посвојам синовите

Глумицата Шерон Стоун преку социјалните мрежи првпат откри дека имала девет спонтани абортуси. Таа вели дека решила да ги посвои кога сфатила дека нема да може самата да роди дете.
„Ние како жени немаме форум за да разговараме за длабочината на оваа загуба. Изгубив девет деца поради спонтан абортус. Тоа не е мала работа, ниту физички ниту емотивно. Сепак, прават да се чувствуваме како тоа да е нешто што треба да го поднесеме сами и тајно со некакво чувство на неуспех наместо да ги добиеме толку потребните сочувство, емпатија и исцелување што ни требаат“, напиша глумицата.
Стоун (64) има три посвоени сина, Роан, Лирд и Квин, за кои често знае да каже дека се нејзиното најголемо богатство.
Признанието на глумицата дојде откога американската танчарка Пети Мургатројд објави дека го загубила бебето кога нејзиниот сопруг бил во Украина.
„Не знаев дека сум бремена. Крвавев два дена. Мислев дека имам менструација“, рече тогаш Мургатројд во интервју за магазинот „Пипл“.