Забава
Oasis се враќа на музичката сцена, бендот ги објави првите датуми на турнејата

Oasis се враќа на музичката сцена. Познатиот британски бенд потврди дека повторно ќе се обединат и ќе почнат турнеја, која вклучува 14 концерти во Велика Британија и Ирска во текот на следната година.
Иако претходно имаше шпекулации дека ќе бидат главни ѕвезди на фестивалот Glastonbury и ќе одржат 10 концерти на стадионите „Вембли“ и „Етихад“, тоа нема да се случи, пишува „Гардијан“.
“This is it, this is happening”
Tickets on sale this Saturday 31st August (🇮🇪8AM IST / 🇬🇧9AM BST)
Dates:
Cardiff Principality Stadium – 4th/5th July
Manchester Heaton Park – 11th/12th/19th/20th July
London Wembley Stadium – 25th/26th July & 2nd/3rd August
Edinburgh Scottish Gas… pic.twitter.com/5hRQ3sJihb— Oasis (@oasis) August 27, 2024
Наместо тоа, настапите на браќата Галагер ќе бидат организирани во јули и август на стадионите во Кардиф, Лондон, Манчестер, Единбург и во Даблин. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 31 август во 9 часот, а цените ќе бидат објавени истиот ден.
Тие планираат концерти и во други европски градови подоцна следната година.
„Немаше голем момент што доведе до повторно обединување. Тие, едноставно, со текот на времето сфатија дека сега е вистинскиот момент“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дејвид Бекам прогласен за витез

Британскиот крал Чарлс на својата роденденска забава го прогласи поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за витез за неговиот придонес во британското општество, според традиционалниот список на добитници на титулата витез објавен во петокот.
„Никогаш не замислував дека ќе добијам таква чест“, изјави Бекам за новинарите, кој пораснал во скромна околина во источен Лондон во семејство на патриотски и горди британски родители и баби и дедовци.
50-годишниот поранешен фудбалер, кој се пензионира во 2013 година, и неговата сопруга Викторија, моден дизајнер и поранешна членка на популарната британска група „Спајс грлс“, сега ќе станат сер Дејвид и леди Викторија.
Бекам, икона во светот на фудбалот и модата, со години е номиниран за витез, а сега конечно е почестен за своите заслуги во спортот и хуманитарната работа. Поранешниот англиски репрезентативец играше 115 пати за својата земја и освои многубројни трофеи со „Манчестер јунајтед“, а беше и многу активен во хуманитарната област. Во соработка со УНИЦЕФ тој водеше кампањи за организацијата што работи со името Malaria No More и работи на искоренување на маларијата во целиот свет.
Во јуни 2024 година кралот Чарлс официјално го назначи за амбасадор на својата фондација (Фондацијата на кралот).
Тој и неговата сопруга се блиски со кралот и неговото семејство многу години. Тие беа поканети на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011 година, како и на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл во 2018 година. Бекам претходно го доби Орденот на Британското Царство (OBE) за заслуги во спортот во 2003 година, кој му го додели кралицата Елизабета II.
Забава
(Фото) Додека многумина чекаат повторно да ја видат во бикини на плажа, таа беше фотографирана на улиците на Лондон

Познатата пејачка Рита Ора често привлекува внимание со својот изглед.
Таа е секогаш тема кога станува збор за прекрасен изглед, а постојано покажува дека обожава да истакнува сè што поседува.
Додека многумина чекаат повторно да ја видат во бикини на плажа, овој пат таа беше фотографирана на улиците на Лондон.
Како и секогаш, екстравагантната Рита избра асиметрично здолниште со процепи, со кое носеше градник со детали од тантела, но преку сè имаше и јакна.
Пејачката го комплетира својот моден изглед со розови сандали со пердуви, меѓутоа сите многу повеќе гледаа во горниот дел и во нејзините обликувани стомачни мускули.
Впечатливиот накит и очилата за сонце се неопходен дел од секој нејзин миоден изглед.
Забава
(Фото) Бред Пит и Бредли Купер на двоен состанок во Њујорк

Џиџи Хадид и Бредли Купер беа видени како уживаат во вечерно излегување со Бред Пит и неговата партнерка Инес де Рамон. Четворката беше фотографирана како го напушта ресторанот „Коут Корејн Стекхаус“ во Њујорк.
Ова излегување се случи кратко откако Хадид и Купер официјално ја потврдија својата врска. Двајцата за прв пат беа видени заедно во Њујорк во 2023 година, додека Пит и де Рамон за прв пат беа видени заедно во 2022 година на концертот на Боно во Лос Анџелес.
Купер и Пит се пријатели со години. Уште во 2020 година Пит јавно му се заблагодари на Купер што му помогнал да се откаже од пиењето, а познато е дека самиот Купер се борел со зависност до 29-годишна возраст. „Се отрезнив благодарение на овој човек и оттогаш сум подобар секој ден“, рече претходно Пит за Купер.
Пит повторно го пофали Купер на церемонијата на доделување награди на Филмскиот фестивал во Санта Барбара во 2024 година. Покрај нивното блиско пријателство, тие делат и страст за трки – Купер е виден на многубројни трки на Формула 1, а Пит игра возач на Формула 1 во претстојниот филм.