Забава
Објавен конкурс за дизајн на кондом пакување
Театарот „Сенки и облаци“ од Скопје во соработка со „MTV Staying Alive Foundation” од Лондон, објави конкурс за дизајн на кондом пакување, на тема „Дизајнирај го својот кондом“.
Креативните решенија се испраќаат на [email protected], а крајниот рок е 15-ти ноември.
Од „Сенки и облаци“ информираат дека повикот е наменет за млади до 30 години, без разлика на пол, националност, образование, професија.
„Решението на дизајнот треба да охрабрува и ги поттикнува младите на одговорно сексуално однесување (користење на кондом, ХИВ тестирање, почитување на родови и сексуални права), може но и не мора да содржи слоган за ХИВ/СИДА, сексуално преносливи инфекции, бременост, не осудува и не дискриминира, не пренесува негативни пораки и едноставно да биде забавен. Визуелното изразување е слободно. Можат да се користат различни техники како графички дизајн, илустрација, фотографија и сите визуелни техники“, пишува на конкурсот.
Визуелното решение мора да се достави во дигитален формат, и тоа како работни формати AI, EPA , PDF и приказ на истите JPG или TIFF.Доколку визуелното решение е фотографија да се достави во 300 DPI со димензија 80 x 75mm.
Креативното решение кое најубедливо комуницира со младите ќе биде избрано од страна на тим составен од експерти во областа на СРЗП , младинска работа и активизам, графички дизајн.
Авторот на најдоброто визуелно решение ќе добие награда, а победничкиот дизајн и авторот ќе се најдат на кондом опаковка која ќе се печати во неколку илјади примероци, кои ќе бидат дистрибуирани меѓу младите во Скопје.
Победникот ќе биде објавен на 20-ти ноември на интернет страната www.prikaznivosenka.mk, а наградата ќе биде доделена на 1-ви декември во Младинскиот Културен Центар – Скопје.
Конкурсот е дел од проектот „ Приказни во сенка“ (www.prikaznivozenka.mk) кој во наредниве три години ќе дејствува со различни активности наменети за едукација на младите, на тема сексуално и репродуктивно здравје, полово преносливи инфекции, ХИВ/СИДА.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.